Уф ти одговорив е не знам од кој причини не сум го проследил постот или пак нешто серверот ме заебал.
Набрзинка сега за да му помогнам на останатите во слична ситуација. Инаку идиотите што работат во нашата килава администрација не ми помогнаа ништо како по обичај.
Пробувајќи да најдам нешто за поплаки налетав на страната од
www.uslugi.gov.mk и таму се јавив кај една службеничка која што е задолжена за тоа.
Истата ме упати до началникот на сообраќај со име Осман Љиман ако не се лажам.
Тој ме ислуша, реагираше навистина експресно и за 15 минути ми се јави по телефан да ми каже да си ги земам таблиците.
Единствена светла точка во оваа цела администрација беше токму тој господин.
Потоа имав одново перипетии бидејќи неспособните копуци кај нас ми ја загинаа уплатницата за табли додека ровареле во документите, па одев до технички и за среќа со пријатели таму успеав да најдам копија и завршам работа.
Катастрофа,
жива среќа што сум невработен. Не знам како би завршил нешто работа човек кој оди на работа и ја користи паузата за ручек или пак ги фаќа после 15 часот кога се скоро сите разбегани.
И арно ми беше попладнево, што ти текна да прашаш за ова?