СП 2018 - Група Д (Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?

  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Дефинитивно група на смртта :)
Овде секој секого може да добие. Ќе биде интересно. :)
 
Аргентина групата дали ќе ја помини знак прашалник е. Одвај се квалификуваа со Венецуела на крај не можеа да излезат, среќа шо го имаат најдобриот играч во светот ( не се лутете Мадридисти) иначе немаше ни на светско да бидат.
Нешто чкрипи таму не дека се боси

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Abe i minatoto svetsko edvaj se plasiraa (baska tie kvalifikacii ne ni igrase brazil jer bese domakin) pa pak stignaa finale..
 
Ај ќе прајме муабет, јас лично сакам да стигнат шо подалеку и нека освојат ако можат ама тешко та работа

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kakva grupa na smrtta pobogu, argentina ke izgazi 9 boda ke ima

Аргентина на последните големи собири е тешко разочарување. Очекувам и сега да биде така. Едноставно играчите се гушат едни со други.
 
Аргентина на последните големи собири е тешко разочарување. Очекувам и сега да биде така. Едноставно играчите се гушат едни со други.

Какво разочарување кога на последните три големи собири Аргентина стасуваше до финале, од кои едно изгуби на продолженија, а две на пенали?

Проблемот е што после тој пораз од Чиле во 2016 се случија еден куп турбуленции. Меси најави повлекување па се премисли, Тата Мартино поднесе оставка, па ги водеше оној идиотот Бауза, па скоро цело раководство на федерацијата се смени. Затоа дојдоа на дереџе Меси да ги спасува во последното коло на квалификациите.

Е сега не велам дека се фаворити за трофејот, ама смешно ми е кога некој ги отпишува целосно. Пред СП 2002 Бразил беше во многу слична ситуација, сите им се потсмеваа и им прогнозираа пропаст, а овие изгазија и лагано станаа светски прваци. Квалификациите се едно, главниот турнир е друга работа.
 
Во отсуство на Италија, на ова СП ќе навивам за хРватска (Чаирски дијалект)... Јебига иако се усташи одсекогаш ми биле ОК нација, а и составот им е страва. Али нема да стигнат далеку, ќе проработи она балканското во нив и ќе испаднат уште во рана фаза.

Za DOMa spremni :icon_mrgr:

flag-pins-macedonia-croatia.jpg
 
Какво разочарување кога на последните три големи собири Аргентина стасуваше до финале, од кои едно изгуби на продолженија, а две на пенали?

Проблемот е што после тој пораз од Чиле во 2016 се случија еден куп турбуленции. Меси најави повлекување па се премисли, Тата Мартино поднесе оставка, па ги водеше оној идиотот Бауза, па скоро цело раководство на федерацијата се смени. Затоа дојдоа на дереџе Меси да ги спасува во последното коло на квалификациите.

Е сега не велам дека се фаворити за трофејот, ама смешно ми е кога некој ги отпишува целосно. Пред СП 2002 Бразил беше во многу слична ситуација, сите им се потсмеваа и им прогнозираа пропаст, а овие изгазија и лагано станаа светски прваци. Квалификациите се едно, главниот турнир е друга работа.

Конкретно пишав за СП дека разочаруваат. Можеби поради тоа што сите имаат големи очекувања од нив и сметаат дека лесно ќе стигнат до врвот, но не е баш така. Во Бразил стигнаа до финале со очобол фудбал и едвај ја поминаа Швајцарија во продолженија и на пенали со Холандија полуфинале.
И во групата се мачеа со секој противник.
 
Светско првенство е ова, никој не стигнува до титулата со 4-0 и 5-0 резултати. Шпанија во 2010та кога стана светски шампион на цело првенство имаше 10 шута кон противничкиот гол.
Дали треба да те потсетам дека Германија на последното свеЦко, во 1/8 финалето помина на продолженија против факинг Алжир?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom