Кабел тел купува 13 кабелски оператори
Се очекува Комисијата за заштита на конкуренцијата позитивно да им одговори на известувањето, по што неколку десетици милиони тешката трансакција треба да се реализира до крајот на месецов. Покрај интернет и кабелска телевизија, на граѓаните ќе им понудат во пакет и интернет телефонија по пристапни цени
Бугарската телекомуникациска компанија "Кабел тел" влегува во земјава. Компанијата зад која стои американски капитал, како што дознава "Вечер", преку фирмата што ја регистрираше во земјава, "Кабел тел Македонија" ќе купи 13 кабелски оператори. Од компанијата веќе ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата дека имаат намера да купат 100 проценти од капиталот во кабелските оператори "ЗОРА", "ЗОРА КАБЕЛ", "КАБЕЛСКОП", "МАКСАТ и НАУМОСКИ", "КАБЕЛСАТ" и "ГАЛАКСИ" од Скопје, потоа "КАБЕЛ ФОКС" од Кочани и "Кадис 2002" од Штип, како и кумановските "АСТРА 99" и "СТАРКС", велешката "СПРИНТ" и тетовските "МУЛТИКОМ" и "САТ МЕДИА". Се очекува Комисијата позитивно да им одговори на известувањето, по што неколку десетици милиони тешката трансакција треба да се реализира до крајот на месецов.
Во прва фаза ќе бидат купени 13 кабелски оператори. Од "Кабел тел" се заинтересирани да ги купат сите кабелски оператори што сакаат да се продадат.
Претставници на бугарско-американската компанија пред една година вршеа скенирање на состојбите во кабелските телевизии во земјава. Тие имаат намера да ги поврзат кабелските оператори со подземен оптички кабел и преку него, покрај интернет и кабелска телевизија, на граѓаните да им понудат во пакет и интернет телефонија по пристапни цени.
Со влезот на ваква компанија која е стационирана во Бугарија и ги има под своја капа поголемите кабелски оператори во оваа земја, според доброупатените во оваа проблематика, ова ќе значи уништување на домашните кабелски телевизии.
- Вакви компании размислуваат за регионален пазар од најмалку десет илјади корисници. Покрај за Македонија, од "Кабел тел " се заинтересирани и ширење на мрежата и кон други земји од регионот - коментираат доброупатените. Иако идентитетот на американските инвеститори не се обелоденува, како што дознаваме, станува збор за компанија од Тексас, САД која преку Бугарија веќе има разработено мрежи од Кавказ до Италија.