Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Во последниве месеци се водеше активна дебата околу (ре)изградбата на офицерскиот дом и стариот театар во строгиот центар на Скопје на брегот на реката Вардар.
Една струја го застапуваше мислењето дека теба да се (ре)изградат онакви какви што некогаш биле, а нивните опоненти тврдеа дека изгубените архитектонски дела и припаѓаат на историјата.
Колку што сум информиран, за офицерскиот дом градот веќе донесе одлука да биде изграден по пример на старата градба, која постоела на истото место. Деновиве беа и објавени имињата на добитниците на конкурсот за проектот.
Конкретно, за овие две градби и пошироко за сите останати... Каков архитектонски лик би сакале да гледате во просторот околу Вас? Дали строго треба да се користат примери од минатото во романтичарски и помалку еклектичен занес, или треба на новата генерација да и се овозможи да го каже својот став, да го крене својот глас и да создаде своја, нова архитектура?