Академија на ИТ Александрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Роберт
  • Време на започнување Време на започнување
Доволно е да влезеш во било која фирма , и ако си знаеш да си работиш ,
нема да те прашуваат дали имаш сертификат или не ....
Спротивно .. џабе ти е сертификат ако на бафтана си го добил ...
Ќе ти шутнат за многу кратко време ...

Уствари сакам да кажам ... дека може многу различни технологии да ги научите
од туторијали на интернет ...

Имам колега еден , се запиша на факс ... али мрзлив шо да ти расправам ...
Али дечкото има кликер , Отиде во Anhoch , демек на тест , едно месец дена ,
Изнаучи еден куп работи до тоа време (му фалеше знаење од бази , и некои конкретни јазици , али google be my friend) , и се брцна таму како програмер за кратко време стигна до плата од 300 евра што за некој што нема факс , е прилично добра плата...

Јас мислев дека платата e условена од профитот кој го прави програмерот за компанијата тоа да ти зависело од "факултетската" диплома :toe:
 
па еве мое мислење....пропаднати пари...
2000 евра за година плус книги плус полагања...
во македонија сеуште не се цени таквото образование...и незнам како може да го носи името академија кога е дааалеку од тоа....нема стандарди нема ништо...само мегународно признаени сертификати што во македонските фирми не служат многу ако немаш факултет...и плус голем број од нив можеш мн лесно да ги добиеш со учење на прашањата на памет...мислам дека се џабе фрлени пари кога факултет ќе завршиш со истите пари...неможе да те направи информатичар дипломата од александрија затоа што прво и основно не се изучува ни пола од материјалот што треба еден информатичар да го знае за да може да се нарече информатичар...тоа се само испити за одредена област..графички дизајн..веб дизајн..систем инж. и сл...
еве и јас одам во на такви курсеви(ама во семос) но тоа е за мое лично задоволство и не го менувам за факултет...

и плус нешто негативно што имам забележано...па една тн академија не треба да биде сместена во еден вид на ѕидана куќичка....

Инаку е Голд партнер на Мајкрософт, има 1 повисоко скалило а тоа е платинум партнер, каде и да го покажеш сертификатот ти го рачунаат како да си завршил факултет, а лицата кои предаваат не се некои од партија бутнати професори како на факутетиве, така да да имав пари попрво ова ќе го запишев него да се малтретирам со митаџииве...
 
па еве мое мислење....пропаднати пари...
2000 евра за година плус книги плус полагања...
во македонија сеуште не се цени таквото образование...и незнам како може да го носи името академија кога е дааалеку од тоа....нема стандарди нема ништо...само мегународно признаени сертификати што во македонските фирми не служат многу ако немаш факултет...и плус голем број од нив можеш мн лесно да ги добиеш со учење на прашањата на памет...мислам дека се џабе фрлени пари кога факултет ќе завршиш со истите пари...неможе да те направи информатичар дипломата од александрија затоа што прво и основно не се изучува ни пола од материјалот што треба еден информатичар да го знае за да може да се нарече информатичар...тоа се само испити за одредена област..графички дизајн..веб дизајн..систем инж. и сл...
еве и јас одам во на такви курсеви(ама во семос) но тоа е за мое лично задоволство и не го менувам за факултет...

и плус нешто негативно што имам забележано...па една тн академија не треба да биде сместена во еден вид на ѕидана куќичка....

Ке ми извините малку за:oftopic: Не студирам информатика, но мислам дека има потреба да се разјасни разликата меѓу факултет и академија.

Меѓу факултет и академија постои една, но суштинска разлика. Факултетот е место каде што се форсира теоријата и се зголемува базата на знаење од повеќе области. Примарната цел на академијата е стекнување на практични знаења т.е. теоријата е сведена на минимум, а повеќе е ориентирана кон пракса.

Со факултет изборот на можни работни профили е поголем, додека кај академијата е помал, но постручен.:smir:
 
Јас мислев дека платата e условена од профитот кој го прави програмерот за компанијата тоа да ти зависело од "факултетската" диплома :toe:
тоа и го кажувам , (до некаде) , мада кај нас кој те врти секој сака што е можно повеќе да те експлоатира ...
 
мрежен техничар/инженер - Alexandria

Значи вака мои драги колеги и колешки кајганџии и кајганџики. Јас ова година завршив со средното и би сакал да се запишам на та Академија при одделот за мрежен техничар/инженер. баш би сакал да слушнам ваши мислења дали некој е бил таму, дали има познајник шо веке е бил таму, дали вреде според вас таму да оде човек да се запише и слично. Благодарам однапред :salut:
 
Aleksandria ти е академија не е класично високо образование. Поарно одбери некое вистинско образование каде што ќе стекнеш и основа а не како на овие убрзаниве курсеви само ќе ти нафрлаат работи.
 
Вака, на академија ке научиш повеќе работи од таа струка, меѓутоа нема никаква ширина да добиеш. Така да, доколку сакаш пошироко образование запиши си факс, а доколку си сигурен дека сакаш да работиш како мрежен техничар и само тоа те интересира повеќе ке ти користи Александрија.

Најдобро е да завршиш прво факултет, па тогаш да земеш некој сертификат. Меѓутоа, за тоа треба и време и пари.
 
^qft

Факс па Александрија. На факс основата, Александрија - мастеризација.
 
За мрежен инженер доста ти се циско курсеви поточно CCNA. Распрашај се таму. Ако ти треба директен контакт за курсот контактирај ме на ПП.
 
А имаш 21 година?! :uvo:
Од Италија во Македонија имам намера да се вракам за да учам на Александрија. Тука сум 4 ипол години и на почетокот коо дојдех ме врнаа 1 година и тука средното образование не е 4 години како шо е у Македонија туку тука е 5 години. Ја зашо јас на 21 година заврших средно.
Шо мислете, вреде ли да се вракам у МК за да учам у та академија?
 
Akademija na It ALEXANDRIA

Колку што видов нема ваква тема.Баш сум заинтересиран да се запишам на оваа академија.Дали некој од форумџиите студiра,студирал на Александрија добро е,лошо е,лесно е,тешко е.Има ли шанса за понатамошни вработувања итн.
Оваа е нивната веб страна за подетални информации за оние кои не се запознаени со оваа ИТ академија:
http://www.alexandria.com.mk/
 
александрија како што имам слушано нуди курсеви за кој исто така си полагаш и си земаш сертификат, знам имаат за це плус плус за јава циско и слично тоа можеш да си видиш кај нив.. воглавно не се лоши имаат добри понуди само незнам како е со цена... мое другарче знам дека има од кај нив некоај диплома ли сертификат ли е шо ти ја знам која му помогна при вработување..

Инаку ти за шо поточно си заинтересиран да кажеш вака?
 
Јас сум заинтересиран за мрежен инжинер или техничар.Инаку се плаќа 2000 евра година плус уште неколку трошкови за сертификатите.Сите курсеви траат една година само за мрежен инжинер 2 години.Инаку највеќе ме интересираше дали е признаена и дали има работа со тоа.Не како на ФОН завршиш факс па ти тупат после за работа.
 
Јас имам завршено во Alexandria Веб и Графички дизајнер. Цената вкупно ти се движи над 2000+ евра за цела школарина и за испитите, ги познавам професорите од тие области и можам да кажам си ја знаат работата ако нешто не ти е јасно и 20 пати ќе ти објаснат.Има и дополнителни часови по твое барање ако стварно нешто не ти е јасно и не се наплаќа тоа.Александрија ти е поврзана со многу компании во Македонија и надвор, во текот на учебната година доаѓаат преставници од компании и ви презентираат како се работи во една компанија,со тоа ти добиваш понуда за пракса кога ќе завршиш со све ако се покажеш добро добиваш и работно место,ако не не се грижи, секој од вас на е-маил ќе добива понуди од компании за пракса,работа или презентација така да можеш во секое време да се вработиш или на презентација да добиеш солидана сума на пари ако добиеш прво место.Ако сакаш уште нешто слободно пиши ми порака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom