Кога бев основно, во времето на нападите во Тетово, Гостивар и слични градови, кога домовите на многу македонци беа срушени, голем број на тетовчани се доселија привремено во Домот за деца без родители што се наоѓа во мојата населба. Почнавме да се дружиме со некои од тетовчаните што дојдоа, и често одевме во Домот каде што привремено живееја... Се запознавме со сите сирачиња таму, кои што не се многу на број, може околу 60тина беа тогаш, на возраст од бебиња до 18 години. Некако ми се смени мислењето за „домците“ кои претходно ги мислев за деликвенти што крадат точаци од дворови (домашно воспитание чуда прави :icon_roll), ама испаднаа сосема нормални и дружељубиви деца, кои знаат да бидат подеднакво љубезни, фини и „нормални“ како и сите останати деца.
Се сеќавам имаше една девојка од Прилеп што само што пристигна во домот- замислете, нејзините родители ја оставиле во дом на 15 годишна возраст! 15 години ја чувале дома, и одеднаш сфатиле дека не можат да се грижат за неа (финансиски, пред се) и ја пратиле во Дом дури во Скопје. Тогаш со уште 2-3 другарки собравме од дома се можно што можеше да се даде, и старо и необлечено

и и го дадовме, па она после си го подели со другите девојки во Домот. Стануваше збор за неколку вреќи полни со алишта.
Година, две подоцна, ја сретнав пак на улица и ми кажа дека е бремена.
Стварно тажна судбина имаат, нешто најлошо за психата на едно дете е да порасне без родителска љубов.
Затоа треба да се мисли пред да го направиш и да го фрлиш во дом...