Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Bravo za Pelister, samo so kvalitetni Pelister i Vardar i sekako Rabotnicki moze da se podigne kvalitetot na Makedonskoto prvenstvo. pozdrav do ckembari od romanticari
 
Браво браво ај сега да се покажат и старите со Македонија ЃП
 
ПЕЛИСТЕР НЕУМОРНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НЕДЕЛНИОТ ДУЕЛ СО МАКЕДОНИЈА ЃП
На Ѓорче по бодови
* Ја респектираме Македонија ЃП, но ќе сториме с$ да се вратиме непоразени во Битола, вели напаѓачот на "пелистерци" Дејан Блажевски
Пелистер неуморно се подготвува за неделниот дуел со Македонија ЃП. "Зелените" по петте одиграни кола имаат освоено само еден бод од гостувањата против Напредок, но овој пат ги очекува многу потешка задача, Македонија ЃП, која на домашен терен е непобедлива. Но, без разлика на с$ фудбалерите на Пелистер ќе настојуваат да стигнат до изненадување.
C363FC91C0D21B428DB1135DB36310AC.JPG
Во средниот ред на битолчани Дејан Блажевски ќе биде во главна улога. Против Работнички К. пропушти многу шанси за гол, а сега против Македонија ЃП ќе настојува да го надополни пропуштеното од тој меч.

"Против Работнички К. имавме повеќе од играта, но, за жал, освоивме само бод. Но, овој меч е веќе минато и сега сите активности се насочени кон неделната средба со Македонија ЃП. Ни претстои нов тежок скопски испит на кој ќе мора да одговориме со добра игра доколку сакаме да стигнеме до добар резултат. Ја респектираме Македонија ЃП, но ќе сториме с$ да се вратиме непоразени во Битола. Нашите амбиции во оваа сезона се пласман во горниот дел на табелата, а за да го оствариме тоа ќе мора да одговориме максимално на секој меч било да играме на домашен терен или на гости", истакна Блажевски.

В. Фотиновски
Само бод од гостувањата

На двете гостувања во оваа сезона битолчани успеаја да прокнижат само бод, против Напредок во второто коло кога одиграа 1:1. Но во Куманово се вратија со три гола во мрежата и го доживеаја највисокиот пораз на досегашните гостувања. Македонија ЃП е трета гостинска пречка.
Без искусниот Димов

На неделниот дуел со Македонија ЃП во одбраната на Пелистер ќе недостасува еден од најискусните Миле Димов. Тој с$ уште ја одработува казната од црвениот картон заработен на средбата со Милано во Куманово. По овој меч тој повторно се враќа во екипата на големото дерби против Победа во Битола.
 
Во гости секогаш играме повлечено. Мислам оти ќе одат на реми. Дај боже некоја уба контра да изват.
 
'88 Македонија ЃП 0:2 Пелистер

Почнуваат да ме изненадват. :vozbud:

едит: крај. нема промени

1. Миљано 14
2. Работнички 14
3. Вардар 11
4. Пелистер 11
 
aj cestito .... lelee ako se razigrat sega kakof kef ke napram
 
Навистина пријатно ме изненадија. Потајно очекував бод, но да се вратиме од таму со целиот плен?
Супер старт се надевам само ќе се подобруваат. На полусезона со засилување-две и Европа не ни бега.

Пелистер се враќа...
 
Redno беше да се вратиме во игра, сега на полусезона можи да се земи еден CM оти Пресилски почнува да пага на кондиционен план стареј ама искусен е можи да придонесува уште ама не уште долго па затоа совреме да си бараат замена.
 
Браво за зелените...
Конечно добра сезона ќе биде за новиот Пелистер.

Ајде, многу успех во сезоната и излез во Европа...
 
Po kuznaj kolku vreme se vrakame so pobeda od Skopje.
Sekoja cest za deckite.Me nervira to so:Goce Todorovski-Backa ne e vo prviot tim a ne go vikat ni Zlatko Delovski-Deko.Za Stisniovski i da ne prajme muabet.Najdobriot igrac so nekogas izlegol od bt-ne mu plakat operacija od smesni 50.000 denari.Da ti e*am klubot gupski.

p.s.Aj da gi dobieme i zivarite nedela
 
Абе јас навивам Пелистер да го освои трофејот оваа година:)

Ама вака ако продолжи тоа ќе се деси со сигурност:)
 
Абе јас навивам Пелистер да го освои трофејот оваа година:)

Ама вака ако продолжи тоа ќе се деси со сигурност:)

Титула е премногу. Барем неможуш да оцениш по меч со Македонија не е некој тим. Ама за европа имаме добри шанси.:vozbud:
 
Ремек дело: Момировски со ножички

Пелистер очекувано ја наполни мрежата на анонимниот третолигаш Превалец. На терен во велешкото село кој едвај ги задоволува потребните норми за натпревар гостинот од Битола застана на 6 голови. И на така ретко виден терен присутните видоа ремек дело. Се играше 50. минута кога имаше центаршут во полето на Превалец, а таму невиден скок на Момировски, кој на ефектен начин и со ножички ја закова топката во мрежата. Аплаузи од сите страни!!!

А преостанатите голови, чиста рутина. Пелистер преку Момировски во 19. минута го отвори резултатот. До крајот на првиот дел за водство од 0:2 се погрижи Рутевски, а потоа следеа и ножичките. По 0:3 на сцена младите "зелени" сили. Најпознатиот Главевски пука за 0:4, а потоа и голови за вечно паметење на Мирко Ивановски и Иве Трифуновски. Двата млади бисери со своите првенци за сениорскиот тим на клубот од "Тумбе кафе".

Вреди да се нагласи дека "зелените" не настапија со неколку стандардни првотимци, а одмор имаше за Бразилецот Жуниор. Сепак, и оние кои се појавија на теренот влегоа максимално мотивирано, а за тоа говори и резултатот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom