Фан клуб на "Ferrari"

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno
  • Време на започнување Време на започнување
Да да нека има и други тимови да се борат не само Мекларен и Ферари, поинтересно ќе биде така, ама сепак Формула без овие два тима меќу првите едноставно го нема тој шмек и таа привлечност.

;) Па така е, луѓето знаат како да привлечат гледачи. Одамна нема победено некој тим кој што не под крило на производител на коли... па така да. Гледајте 2009та ќе биде јако шоу. Мое предвидување беше за лани ама... еј не сум пророк. :)
 
Пак без бодови. Маса без пласман, а Раиконен 10-ти.

Според првите три трки може слободно да се каже дека ова ќе биде катастрофална сезона за Ферари.
 
Moже некој да ми каже што точно му се случи на Маса, зошто запре болидот, затоа што без тон го следев преносот, не можам да го слушам Миленко :). Проблеми со менувачот нешто? Супер напредуваше, можеше да догура далеку ама тоа е тоа. Малер си е човекот :/.
 
електроника стој на официјалниот сајт на формула
 
Луѓе, што е работава со Ферари, бод не можат да освојат. Пиздам од нервоза. Очекувам што е можно побрзо да се извадат од гомнава во кои влегоа и да почнат да освојуваат барем бодови кога веќе не остваруваат 1-2 победи како што сме навикнати.
 
Ne se nerviraj...
Cekaj ja golemata nagrada na Catalunja,tamu najavuvaat came-back Ferrari.
A so se odnesuva do Bahrain,Massa pomegu prvite 5...garant :smir:
 
Конечно бодови! Би сакал да му честитам на Кими што успеа денеска да собере некое бодче и се надевам дека ќе продужи у понатамошниот тек на сезонава да вози се подобро и подобро и у скоро време (наредна трка) да биде на највисокото место на победничкиот пиедестал (како што сме навикнати да ги гледаме Ферари).

Иако Маса имаше проблеми повторно, многу ми е криво што му се случува тоа.
Минатата сезона се бореше за светски шампион, сега е на опашката но искрено се надевам дека се ќе се врати во нормала и дека конечно ќе можам да уживам во Формула 1.
 
искрено се надевам дека се ќе се врати во нормала и дека конечно ќе можам да уживам во Формула 1.
Aко не победува Ферари, не уживаш во ф1? Ех колку вакви како тебе има...

Не е битно кој ке победи, битно е да биде интересна трката. Виде што се дешаваше првите 10 кругови? Какви борби имаше помеѓу возачите? Тоа во последните 5 сезони го немаше. Според мене тоа ја прави Ф1 интересна, а не дека ке го гледам Ферари, Мекларен или некој трет како победува.
 
Го нема Тод веќе....нови правила....и ете ти слаба форма...како и да е ќе се вратат пак во борба за победа...не се сомневам во тоа.
 
Го нема Тод веќе....нови правила....и ете ти слаба форма...како и да е ќе се вратат пак во борба за победа...не се сомневам во тоа.
Исто како македонскиот влез во нато и изјавите на странците...
-Прашањето е кога, не дали :).

Така да ке се вратат на врвот Ферари, Мекларен, Рено само прашање е кога.
 
Ako ne se napravi ovie dve tri trki nesto po konkretno a ne se menuvaat taka preku nok nekoi raboti na bolidite ke bide teska sezona za Ferrari sepak da bideme optimisti :helou:
 
Aко не победува Ферари, не уживаш во ф1? Ех колку вакви како тебе има...

Не е битно кој ке победи, битно е да биде интересна трката. Виде што се дешаваше првите 10 кругови? Какви борби имаше помеѓу возачите? Тоа во последните 5 сезони го немаше. Според мене тоа ја прави Ф1 интересна, а не дека ке го гледам Ферари, Мекларен или некој трет како победува.

Aј ваке, ја сум фан на Ферари и мене ми е интересно и мило кој ќе видам некој од нивните возачи на победничкиот пиедестал. Нека има борби како и денеска у првите 10 кругови ама ја ќе сакам победник у тие борби да биде некој од Ферариевите возачи.
У таа смисла ми беше тоа дека ќе уживам во Ф1. :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom