9. мај - Ден на победата

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
На почетокот на Војната, е настаната една песна која почнува со зборовите:
:Вставај, страна огромнаја,
Со ова песна милиони, не само Руси, тргнаа кон Победа над фашизмот и многумина го положија животот.
Прочитај за песната:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Света_војна_(песна)
Слушни ја песната:
http://www.youtube.com/watch?v=PzdG21cVJRY
На сите нека ни е честит Денот на Победата
 
Ти ако се идентификуваш со комунистите зашто он да неможе со фашистите ?
Болгарско стипендистче, коментарчево треба на мене да се однесува ли?

Хаха, да имаше грам мозок ќе знаеше дека ЧЕНТО никогаш не станал член на комунистичката партија.
А јас се идентификувам со МАКЕДОНЦИТЕ, а во случајов со АНТИ-ФАШИСТИТЕ.
 
Знам дека Ченто не бил член на комунистичката партија немој да си патетичен ... Ама тие анти-фашистите твој биле комунисти ;) и направиле држава со социјалистичко самоуправување ... и како што кажав штом ти можеш да ги славиш комунистите он може фашистите ако собереш све у свему повеке жртви имало реди комунизмот него ли заради фашизмот
 
Честит нека ни е на сите, како Падот на Фашизмот така и Денот на Европа. За сите заедно да изградиме побезбедна и постабилна Европа (некој сака, некој не, а пак трети не се ни замараат). Еве неколку слики од постари паради кој се одржуваат на овој ден на Црвениот Плоштад во Москва, значајно за нас е што секоја година има и Македонска делегација, а и од цела Европа. Парадираат војници од цела Европа, а се презентира и најврвното Руско оружје:
0509-RussiaNATO_full_600.jpg
russian-t-90-battle-tanks-roll-through-red-square-during-the-victory-day-military-parade-in-moscow-may-9-2008.jpg
173329060.jpg
6.jpg
parade-squads-victory-day.jpg
Parade.jpg
За крај една песна од мене:
Патем една занимливост од пред неколку години, се одбележуваше голем јубилеј не знам точно колку години, ама беа потрошени милиони евра на ракети само да се спречи да заврне дожд и да не уништи нешто, па сега сметајте колку е се уште моќна Русија и колку е битен овој ден. :)
 
На почетокот на Војната, е настаната една песна која почнува со зборовите:
:Вставај, страна огромнаја,
Со ова песна милиони, не само Руси, тргнаа кон Победа над фашизмот и многумина го положија животот.
Прочитај за песната:

Не сите руси пееа и играа по такт на Сталин
 
А јас се идентификувам со МАКЕДОНЦИТЕ, а во случајов со АНТИ-ФАШИСТИТЕ.

Односно, пак испадна - со комунистите.:icon_mrgr:

Ми се допаѓа кругот на идентификација и настаните од WWII
 
А јас се идентификувам со МАКЕДОНЦИТЕ, а во случајов со АНТИ-ФАШИСТИТЕ.
Тоа и е поентата, антифашистите победија ама не сите антифашисти. Македонија изгуби.

Пиринска Македонија ја задржаа бившите фашисти а Егејска идните... тоа е победа?

Let 3
10ка за супериорните тролања и се извинувам што ја расипувам забавата... :)
 
Патем една занимливост од пред неколку години, се одбележуваше голем јубилеј не знам точно колку години, ама беа потрошени милиони евра на ракети само да се спречи да заврне дожд и да не уништи нешто, па сега сметајте колку е се уште моќна Русија и колку е битен овој ден. :)

Евро е валута на ЕУ, не на Русија
Инаку моќта на една земја се гледа према неговата валута, земи 1000 рубљи и 1000 евра или долари.
Со 1000 рубљи нема да можеш да купиш ништо ни во Њујорк ни во Прилеп ни во Каиро ни во Париз ни во Техеран ни во Буенос Ариес.
Со 1000 долари ќе си поминеш рает и ќе си плаќаш низ цел свет. Талибанците оружјата си ги плаќаат во долари а не во рубљи
 
По силниот дожд, руското воздухопловство потврдило дека нејзините авиони користеле хемиски средства за да ги растераат облаците над Москва, за да биде одржана парадата на сонце.

Еве од денеска сликите, патем не пишува колку се кошта:
ФОТО: Воена парада во Москва

09.05.2012 - 11:52:39
g_voena-parada-rusija.jpg

Илјадници руски војници учествувале во парада на Црвениот плоштад во Москва пред новоинаугурирниот претседател Владимир Путин, по повод 67-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Повеќе од 14.000 војници го преминале плоштадот марширајќи, со дефиле на руските интерконтинентални ракети и останата воена опрема.
thumbnail.php
Парадата ја отворил министерот за одбрана Анатолиј Серџуков, кој извршил смотра со мелодија која ја изведувал воениот оркестар. Путин ја следел парадата од свечената трибина заедно со новиот премиер Дмитриј Медведев.
thumbnail.php
Путин во говорот потсетил дека Советскиот сојуз во Втората светска војна го поднел најтешкиот удар и дека Црвената армија со херојска борба ги поразила неонацистите и донела слобода на народите ширум светот.
thumbnail.php
“Русија води политика на зајакнување на безбедноста во светот. Имаме големо морално право да бидеме истрајни, бидејќи нашата земја го примила главниот удар и пружила херојски отпор на непријателот, што го одредил текот на војната“, рекол рускиот претседател во првиот говор од кога повторно стапил на должност во Кремљ.
По силниот дожд, руското воздухопловство потврдило дека нејзините авиони користеле хемиски средства за да ги растераат облаците над Москва, за да биде одржана парадата на сонце.
thumbnail.php
Моторизираната колона од возила била долга 1,5 километри. На парадата присуствувале и околу 1.500 воени ветерани.
thumbnail.php
Првата парада на победата е одржана на Црвениот плоштад на 24-ти јуни во 1945 година по наредба на тогашниот советски лидер Јозеф Висарјонович Сталин.
Извор: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102934&kategorija=6
Нетпрес
 
Евро е валута на ЕУ, не на Русија
Инаку моќта на една земја се гледа према неговата валута, земи 1000 рубљи и 1000 евра или долари.
Со 1000 рубљи нема да можеш да купиш ништо ни во Њујорк ни во Прилеп ни во Каиро ни во Париз ни во Техеран ни во Буенос Ариес.
Со 1000 долари ќе си поминеш рает и ќе си плаќаш низ цел свет. Талибанците оружјата си ги плаќаат во долари а не во рубљи

НА Земјата твоја ќе и направат војна дома, ќе ти речат и со тие што војуваш да ги ослободиш со твои автобуси оти доста било убивање, ќе ти убијат твои сограѓани, потоа терористите ќе ти ги стават кај тебе како министри а лежат дома и јадат, а ти ке рмбаш за џабе, потоа ќе убиваат твои деца и кога ќе ги уапсиш ќе протестират да ги ослободиш убијците, а притоа тој што ти ја донесе војната те трти уназад 12 години и трчаш како куче со надеж НАТО ЕУ, еве веќе уште трубат со тоа и никогаш нема да влезеш туку ке си останиш на истото но сега газда некој кој во 2001 носел амблем УЧК....ова е твојата моќ на Америка врз тебе.....Тие горе се единствените кои со СВОЈ УМ прават потези, а не некој каде е продаден газот твој и да ти кажува со кој да живееш и што да правиш, талибанците, радикалните исламисти купуваат оружје во ДОЛАРИ да да, ама со тоа оружје и со тие ДОЛАРИ тебе ти наштетија ;)
 
Всушност втората светска војна повеќе била војна помеѓу различни идеологии и системи, отколку војна помеѓу различни нации, религии, раси и.т.н.
На запад Капитализам, на средина Нацизам/Фашизам, на исток Социјализам/Комунизам ............ секоја една против другите две и откако Капиталистиве западни и Комунистиве источни му ја е*але мајката на Нацизмот, веднаш почнале меѓусебно да се гледаат преку нишан т.е. со самата победа над Фашизмот/Нацизмот на некој начин почнува нова полувековна Студена војна помеѓу западниот Капиталистички свет и источниот Социјалистички/Комунистички свет .... но интересно е тоа што од 1990 год. па навака Капитализмот е сам т.е. нема сериозен противник бидејќи Комунизмот пропадна, а Капитализмот се прошири во бившите Социјалистички републики/сојузи, но факт е дека и овој систем се клати од ххх причини иако нели нема сериозен противник !
Ние конкретно како мала држава и како мал народ сме изгубени во просторот и времето(не викам дека тоа е по наша вина), до пред сто години бевме под Османлиската чизма(која не држеше повеќе од 5 века), потоа ’’ослободителите‘‘(соседите) од Турците, територијата ни ја расцепија на 3/4 дела .......... најголемиот низински и приморски дел Егејскиот/Беломорски(Грција), средниот по големина Вардарски дел(Србија), најмалиот Пирински дел(Бугарија) и еден помал дел и припадна на Албанија, потоа овој сегашен дел во 2 с.в. го поделија меѓусебе Бугарија(источен и централен дел) и Албанија(западен дел), потоа откако Нацизмот/Фашизмот беа победени овој дел стана федерална единка на Југославија(прво ФНРЈ потоа СФРЈ) пола век Социјализам, па е еве сега две децении независност и вечна транзиција(кон Капитализам) и.т.н.
Ние сме стрижени од сите по ред Феудализам, Нацизам/Фашизам, Социјализам/Комунизам, Транзиција и Капитализам и.т.н. и.т.н.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom