Тука настанува и главниот проблем, бидејќи некој му текнало во минатото да организира протести за витални теми само за да собере партиски поени, веќе сите што сме неопределени, а такви се најголем дел во државава, не можат да веруваат во ништо, во никаков протест, па макар и кога тој е искрен. Влезени сме во многу безизлезна ситуација, цело време се вртиме во круг, сценарија цело време се вртат исти, видени милион пати. Доаѓаат едни на власт, опозицијата го влече обичниот народ со протестирање за многу витални и болни теми, само за да се дојде до функција, да паднат другите. Доаѓаат и другите на власт, новата опозицијата го влече обичниот народ со протестирање за витални и болни теми, за да се соберат политички поени и да паднат другите од функција. И така се врти кругот, си играат со нас и не манипулираат, додека нашата Македонија пати. И ете зошто има толку многу луѓе кои не се замараат со ништо во државава, што сакаат само да избегаат, што им се гади се ова и се држат настрана, толку пати биле изманипулирани што веќе изгубиле секакви чувства за државава и немаат доверба во никаков протест, колку и тој да е искрен.