Споредба на македонски хостинг услуги (верзија 0.4)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bidikov
  • Време на започнување Време на започнување

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.681
Поени од реакции
743
Веб-сајт
vladislav.bidikov.com.mk
Подолго време разгледував дали на форумов има ваква тема и тоа што го најдов беше само споредба на бесплатни хостинг сајтови ... затоа ресив да направам мала анализа на хостинг пазарот во МК.

Значи идеата е да се споредат искуства со користење на хостинг од фирми кои постојат во Македонија.

Прво ќе почнам од македонските провајдери ...

МТНЕТ - нуди хостирање на заеднички сервер или на засебен сервер кои самите треба да го одржувате.
Ке го разгледаме хостирањето на заеднички сервер:
Пакетите можат да се на Linux или Windows платформа.
Просторот се движи од 5 до 500 МБ.
Можностите на серверите се минимални, и секоја надградба се плаќа дополнително.
Цената годишно се движи од 3400 до 41000 денари плус 18% ДДВ
Повеќе инфо

Он.Нет - нуди хостирање на заеднички сервер, на Linux или windows платформа:
Основиот пакет вклучува само 5МБ простор и 5 гб транфер.
Сите опции се наплаќаат дополнително месечно.
Цената за linux платформа изнесува: 250 до 3150 денари (со вклучен ДДВ) месечно во зависност од опциите
Цената за windows платформа изнесува: 250 до 3600 денари (со вклучен ДДВ) месечно во зависност од опциите
Дополнително се наплаќа иницијална такса за припремање на хостингот, и има дополнителни трошоци при миграција на платформите и промена на конфигурација.
Повеќе информации

Унет - нуди хостирање на заеднички сервер
Има повеќе пакети кои се разликуваат по можностите, просторот и месечниот трансфер. Исто така има специјални пакети за е-продавница.
Пакетите се со простор од 5 до 500 МБ - трансферот е од 2 до 50 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 4000 до 95000 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации

МОЛ (2MG) - нудат хостинг пакети на заеднички сервер
Има 4 пакети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот со можност да се избере Windows или Unux платформа.
Пакетите се со простор од 5 до 100 МБ, а трансфер од 1 до 10 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 1300 до 10800 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации

СОНЕТ - нема податоци за хостинг пакети

НЕОТЕЛ - нудат хостинг пакети на заеднички сервер
Има 4 пакети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот.
Пакетите се со простор од 10 до 500 МБ, а трансфер од 2 до 50 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 4990 до 25990 денари плус 18% ДДВ
Повеќе инфо

Следуваат понуди од хостинг компании кои своите услуги ги нудат на сервери кои се лоцирани надвор од македонија, но таргет група се корисниците од македонија ...

mkhost.org - нудат хостинг пакети на заеднички сервер на linux и windows платформа
Има повеќе паќети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот.
Пакетите се со простор од 5 до 1000 МБ, а трансфер од 1 до 20 ГБ.
Цените на годишно ниво за linux платформата се движат од 799 до 6699 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Цените на годишно ниво за windows платформата се движат од 1399 до 9589 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Повеќе информации: за linux platformata - за windows платформата

prohost.com.mk - нудат хостинг пакети на linux платформа на заеднички сервер
Има 3 пакети кои се разликуваат само според просторот и трансферот сите други опции се вклучени во сите пакети.
Пакетите се со простор од 200 до 1000 МБ, а трансферот е од 5 до 20 ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 25 до 90 ЕВРА (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Повеќе информации

hostiraj.com.mk - нудат хостинг пакети на linux платформа на заеднички сервер
Има 3 пакети кои се разликуваат само според просторот и траснферот - сите други опции се вклучени во сите пакети.
Пакетите се со простор од 250 до 1000 МБ, а трансферот е од 5 до 45ГБ.
Цените на годишно ниво се движат од 1500 до 5500 денари плус 18% ДДВ
Повеќе информации

Наместо заклучок:
Ова е првична верзија на еден преглед кој сакам да прерасне во основен патоказ за ускуствата со македониските хостинг компании. Ги поканувам сите членови активно да се вклучат со аргументирани дискусии и искуства.

Оваа порака ќе биде постојано надоградувана кога ќе се појави потреба за измена и/или дополнување на информациите!
Моментална верзија: 0.4
Последна промена на ден: 12 Април 2007
 
Bidikov напиша:
Наместо заклучок:
Ова е прва верзија на еден преглед кој сакам да прерасне во основен патоказ за ускуствата со македониските хостинг компании. Ги поканувам сите членови активно да се вклучат со аргументирани дискусии и искуства.

Оваа порака ќе биде постојано надоградувана кога ќе се појави потреба за измена и/или дополнување на информациите - затоа има верзија 0.3 во моментов
Аплауз за темата и за прегледот на тоа што го нудат, Бидиков.
Кој користел хостинг услуги од македонските хостинг провајдери, бујрум за споделување на искуства. Кој планира да ги користи, слободно нека праша за искуства.
 
Bidikov напиша:
mkhost.org - нудат хостинг пакети на заеднички сервер на linux и windows платформа
Има повеќе паќети кои се разликуваат според просторот, опциите и трансферот.
Пакетите се со простор од 5 до 1000 МБ, а трансфер од 1 до 20 ГБ.
Цените на годишно ниво за linux платформата се движат од 799 до 6699 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Цените на годишно ниво за windows платформата се движат од 1399 до 9589 денари (без податоци дали во цената е вклучен ДДВ)
Повеќе информации: за linux platformata - за windows платформата
Го разгледав ова и нешто сакам да прашам. За 799 денари ке имам веб простор за цела година или секој месец треба да плаќам по 799 ако имам договор на минимум 1 година?

Уште нешто. Тоа Е-store што значи ај ако може некој да подобјасни. Можам да си направам сајт сличен на оние што ги маат да речеме АМЦ или НИКО преку интернет да се купува? И што значи тоа најмногу 5 производи по избор?
 
Би купил хост од македонски хостинг "компании" само ако хостирам нешто ситно што ќе има максимум до 10 000 посети месечно. Иначе само за споредба, странските хостинг компании нудат:

400 гига простор
3 домејна (.com .net. org...) со можност за уште 8 делени
8 различни IP адреси
2,5 терабајти трансвер
За само 6,5 долари месечно х 12 = 78 долари или околу 5000 денари годишно. Коментар?
 
Daj link od ova...
deXterche напиша:
... Иначе само за споредба, странските хостинг компании нудат:

400 гига простор
3 домејна (.com .net. org...) со можност за уште 8 делени
8 различни IP адреси
2,5 терабајти трансвер
За само 6,5 долари месечно х 12 = 78 долари или околу 5000 денари годишно. Коментар?
 
deXterche напиша:
Би купил хост од македонски хостинг "компании" само ако хостирам нешто ситно што ќе има максимум до 10 000 посети месечно. Иначе само за споредба, странските хостинг компании нудат:

400 гига простор
3 домејна (.com .net. org...) со можност за уште 8 делени
8 различни IP адреси
2,5 терабајти трансвер
За само 6,5 долари месечно х 12 = 78 долари или околу 5000 денари годишно. Коментар?
Ова ми е многу познато па затоа се мислев дали да реплицирам. Можеби дека реплицирав на слична тема пред да се случи она со бекапот.
Нејсе, ќе се обидам да бидам краток и ова да ми биде единствен пост во овој правец на муабет (бидејќи забегуваме од темата, нели оваа е за споредба на македонски хостинг услуги).
Како прво, онака со неколку збора да се разбериме, ТАКОВ ПАКЕТ НЕ ПОСТОИ. Логички, физички и практично не постои и не може да постои. Тој хостинг пакет што го спомна ги руши сите норми на практични норми и логичко размислување :)
Да речеме постои компанија X која нуди таков пакет. 3 домејна да ги регистрира таа компанија (бидејќи како и да завртиш, некој мора да плати на ICANN за да ги регистрира тие домејни) ќе ги чини околу $15 годишно, значи на нив им остануваат уште околу $60 од твоите пари што си ги платил за една година хостинг.
Одиме со просторот и трансферот... Ако ти навистина користиш 400 ГБ простор (еве, јас ќе речам ако ти навистина користиш 4 ГБ), ти треба друже dedicated server. Сајт што користи 400 GB простор јас никогаш не би хостирал бидејќи ако клиентот има потреба од 400 ГБ простор значи дека сајтот му е кнап и на sharing account не може да оди, ќе ги користи сите можни ресурси. Ист коментар имам и за месечниот трансфер од тие смешни 2 терабајти кои ги спомна ти :)
Не за друго, туку ќе платиш за 1 година за еден ден да го посетиш твојот сајт и да видиш Account Suspended page. Ќе ти образложат "Sorry, but it looks like you haven't read our TOS" :)
 
Princ напиша:
Како прво, онака со неколку збора да се разбериме, ТАКОВ ПАКЕТ НЕ ПОСТОИ. Логички, физички и практично не постои и не може да постои. Тој хостинг пакет што го спомна ги руши сите норми на практични норми и логичко размислување :)
Да речеме постои компанија X која нуди таков пакет. 3 домејна да ги регистрира таа компанија (бидејќи како и да завртиш, некој мора да плати на ICANN за да ги регистрира тие домејни) ќе ги чини околу $15 годишно, значи на нив им остануваат уште околу $60 од твоите пари што си ги платил за една година хостинг.
Постои. Јас имам купено пакет за кој плаќам 10 долари месечно и во кој имаше регистрација на 5 домени.
Али ај да не правиме споредби со странците, темава не е за тоа :)
 
Jane напиша:
Го разгледав ова и нешто сакам да прашам. За 799 денари ке имам веб простор за цела година или секој месец треба да плаќам по 799 ако имам договор на минимум 1 година?

Уште нешто. Тоа Е-store што значи ај ако може некој да подобјасни. Можам да си направам сајт сличен на оние што ги маат да речеме АМЦ или НИКО преку интернет да се купува? И што значи тоа најмногу 5 производи по избор?
Значи треба 799 денари * 12 месеци за една година? така е или не е така

Ај и за ова второво ако може некој да ми објасни.
 
Мене ми беше глупо да ти објаснувам. Така пишува друже, Годишна Цена
799 ден.
Ја плаќаш таа сума (799 денари), и 1 година имаш хостинг простор.

Инаку ни јас не знам (не ме интересирало да дознаам) за одговорот на второто прашање. Ја прашав википедиа, и таа ми го одговори ова.
Ваљда некој подобро знае па ќе каже :)
 
Jane напиша:
Го разгледав ова и нешто сакам да прашам. За 799 денари ке имам веб простор за цела година или секој месец треба да плаќам по 799 ако имам договор на минимум 1 година?

Уште нешто. Тоа Е-store што значи ај ако може некој да подобјасни. Можам да си направам сајт сличен на оние што ги маат да речеме АМЦ или НИКО преку интернет да се купува? И што значи тоа најмногу 5 производи по избор?
Здраво,
Цената е на годишно ниво. Значи се плаќа еднаш ( 799 МКД ) и се користи цела година хостингот.
Во врска со E-store, E-commerce ги добивате следниве скрипти кои што може да ги инсталирате многу едноставно преку контрол панелот ( cpanel ) :
E-Commerce:
CubeCart[ http://www.siteground.com/cubecart.htm ]
OS Commerce [ http://www.siteground.com/oscommerce.htm ]
Zen Cart
Може да ги модифицирате по ваши потреби, да најдете превод на Македонски, или пак вие самите да извршите преведување на овие веќе готови скрипти.
Доколку имате дополнителни прашања слободно реплицирајте.
Благодарам.
 
Искрено, не очекував толку брзо да има рекации на темата и тоа е за пофалба, НО би сакал да ве замолам на следниве работи ако може и да ги замолам модераторите да ги спроведуваат ...

1) темата да ја задржиме на понуди и искуства САМО за хостинг достапен за физички и правни лица во МК (значи нема супер инџекшн понуди од странство)

2) @ultimate: сметам дека е некоректно да се користи темава за промовирање и фаворизирање на одредени понуди - сметам дека е во ред твоето објаснување околу е-коменрц и слично, но тотално не е фер да се користи темава за промоции :nenene: - Ако сакаш промоции најдобро е да закупиш дел од маркетинг просторот на странава (како што веќе имаш направено ако не се лажам).
Поентата е да се има јасна споредба помежу понудите за да корисникот сам одлучи - затоа те молам делот околу промоции и сл. во твојата порака да го отстраниш....

3) @Jane: брат стварно не мие јасно како ти промакна фактот што во целата порака сите цени се на ГОДИШНО ниво (освен за он.нет) па дури 4 луѓе требасе да ти потврдат за да се разјасни - да не бидам сватен погрешно меѓутоа ќе те замолам да читаш повниматлено бидејќи во спротивно многу брзо ќе настане хаос на темава ...

4) темата е-комерц: мислам дека тотално е смешно да се збори за терминот е-комерц без да се види целосно значењето на овој поим - значи е-комерц не е да инсталира корисникот (преку цпанел, кој го нудат повеќето фирми во своите линукс платформи) некоја готова скрипта наменета за амерички пазар и нивните закони, туку можноста корисникот на хостинг пакетот на својот посетител да му овозможи преку кредитни картички или слични методи на електронско плаќање да купи нешто од сајтот и притоа целиот процес да биде извршен брзо, безбедно и автоматски. Значи плаќам јас со мојата виза од уни банка на корисникот кој е во стопанска и за 24 часа Македонска пошта ми го носи тостерот на врата (оној истиот што го видов на убавите сликички на сајтот).
Тоа во македонија сеуште е далеку од можно и најголем проблем е во банките т.е нивната доверливост и сигурност кон електронското плаќање во МК и кон (и од) странство.
Затоа сметам дека е целосна невистина обидот на неколку хостинг компании кои беа горе наведени да се фаворизираат со нивната можност за е-комерц наспроти неможноста на другите.
Тоа е до банката, а не до хостинг провајдерот...
 
Јас искрено обожавам кога некој хостинг провајдер се секира за тоа што се пишува на форум за него и одговара, па и дава промоции.

Камо интернет провајдериве рецка да маваа на ова што се пишува овде.

Не е точно дека неможеш да имаш е-комерц, овде во Македонија.
 
Bidikov напиша:
3) @Jane: брат стварно не мие јасно како ти промакна фактот што во целата порака сите цени се на ГОДИШНО ниво (освен за он.нет) па дури 4 луѓе требасе да ти потврдат за да се разјасни - да не бидам сватен погрешно меѓутоа ќе те замолам да читаш повниматлено бидејќи во спротивно многу брзо ќе настане хаос на темава ...
Епа бидејќи до сега немам разгледано некој хост што се плаќа, поточно немам ни помислено да користам таков хост. И сега кога видов 800 денари ми се виде премногу евтино да е на годишно ниво, па затоа прашав еднаш и цо следните некоку поста никој не ми одговори. Па прашав втор пат за да добијам одговор иако мислев дека 800 денари месечно е, зошто пак ќе кажам, немав ни одприлика како се движат цените.
Годишен хост (језда се е добро освен тие 5МБ) за 799 денари или 66 денари месечно му доаѓа како да сум купил 2 пирошки во школо месечно.:)
 
Те разбирам, и искрено ако ги погледнеш цените на провејдерите сварно изгледа неверојатно дека постои понуда за таква цена ... сепак тоа е реалноста и да се надеваме дека ке се искристализира понудата и нема да имаме непрофесионални понуди ...
 
А реално гледано што би можел да направам со 5мб простор?:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom