Кога чекањето преминува во залудно губење време?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Кој чека ќе дочека нели ама некој од чекање и умрел- Епа изгледа јас сум од тие:kesa:
 
точкест напиша:
Кој чека ќе дочека нели ама некој од чекање и умрел- Епа изгледа јас сум од тие:kesa:

Еден ден, со тек на време, ќе се каеш што си таков ... верувај безрезервно на ова ... :toe: :smir:
 
точкест напиша:
Моето чекање е исто како броењето на ѕвездите, барајќи ја безконечноста, броење на зрната песок....епа кажи ми Дивајн дали вреди чекањето или е залудно губење време:toe::smir:

Чекај да те прашам нешто, па со твојот одговор сам да си одговориш и на ова ...
Дали би се чувствувал поубаво кога се будиш сабајле да кренеш слушалка и да договориш кафе со девојката за еден саат или да кренеш слушалка да и кажеш дека пак си ја сонувал од што ти фали?
Дали би се чувствувал поубаво кога ти е онака без посебна причина убав ден, а неможеш да го споделиш или разубавиш уште повеќе со неа, па дури и ти се расипува истиот кога ќе помислиш дека не е до тебе?
Дали би се чувствувал поубаво кога си излезен со друштво во кое има повеќе парови да си сам, а заљубен или кога би била таа до тебе?
Дали би се чувствувал поубаво кога си излезен и поднапиен и играш и се "веселиш" со други кои ич не ти се по ќеиф или кога би била таа тука и пие и игра со тебе?
Дали едноставно би се чувствувал поубаво кога би ти била тука до тебе секој ден и за се` или кога очајно ја чекаш и немаш волја за ништо друго, па паѓаш во депресии итн итн итн?

:toe:

едит: Гледам си го избришал постот, а веќе те цитирав ... ако нејќеш, не пишувај, ама размисли си сам ... :)
 
Љубовта е прилично тешка болест, создава халуцинации, чекањето е една од нив.
 
Лејди Сатори напиша:
Љубовта е прилично тешка болест, создава халуцинации, чекањето е една од нив.

Вистинската љубов е најубавото нешто што може да се случи некому и никако не би ја нарекла болест или било што друго што звучи лошо и негативно ... се друго што чувствуваме, а ни создава болка или мачнина или халуцинации или што да е, не е љубов туку занесеност или нешто слично.
 
Дивајн напиша:

Вистинската љубов ако е љубов во која се е обострано, да е уживање и задоволство, но во другиот случај, претежно е болна во најмала рака.
Освен тоа фигуративно се изразував.
 
Лејди Сатори напиша:
Вистинската љубов ако е љубов во која се е обострано, да е уживање и задоволство, но во другиот случај, претежно е болна во најмала рака.
Освен тоа фигуративно се изразував.

Нешто не ми е јасно тука ... зошто да сакаме некого кој не не` сака и таа релација да ја нарекуваме исто љубов?
И да, фигуративно или не, се разбравме ...
 
Дивајн напиша:
Нешто не ми е јасно тука ... зошто да сакаме некого кој не не` сака и таа релација да ја нарекуваме исто љубов?
И да, фигуративно или не, се разбравме ...
Затоа што не бираме во кој ќе се заљуби ме, колку и да звучи како клише, така е, и љубовта како љубов ако не е со ист интензитет кај двајцата тогаш не е убава љубов :(, напротив.Може да биде прилично деструктивна.
Љубовта може да ја чувствува само еден...не е неопходно да ја чувствуваат двајца, тоа е само пожелно.
 
Во ред, но јас не би го трошела времето на некој кој само јас го сакам ... подобро ќе е да се потрудам да најдам некој со кого ќе ни се спојат чувствата, отколку да се уништувам за другиот ... тоа не се бира да, ама би се потрудила и би успеала и тоа како.
 
Spored tvojata teorija, ne bi postoela ljubovna bolka, site bi barale osoba so koja ke ni se spojat cuvstvata, ama i sama znaes deka toa ne e bas lesno, i vo takov period mislime deka toj sto ne ni vozvratil ljubov e sovrsenstvo, deka samo nego go sakame itn.....:smir:
 
Да чекаш некого и тоа да премине во залудно губење време и ти да не си моќен/моќна тоа да го предвидиш те прави наивен/наивна.
Наивноста е како особина така и дел од животот (пубертет) во кој една личност се гради. Но, немора да значи. Постојат многу лажговци/лажги и тоа не треба да биде причина да престанете да му верувате на спротивниот пол. Токму спротивното, тоа би требало да ве направи посилни, поискусни, тоа би требало да ја елиминира вашата наивност.
Во возрасниот свет еден gentleman не остава да го чекаат.
 
надежта е една од причините = дали добра или лоша причина која не наведува да чекаме во љуботвта..
1. се јавува возбудата дека сме во исчекување на нешто
2. се јавува размислување па вака па така па да па не....
3. па се јавува едно ...неопределено чекање каде сто тој/таа се ладат со интересите за некој/некоја особа..
4. сума сумарум на крајот се било залудно и времето и нервите и обидите и трудот ...
5. надежта умрела ...

Љубовта ја чекаме ја дегустираме и чекаме да си замине...
 
Лејди Сатори напиша:
Што мислите дали е возможно да чекаме на некоја личност, многу долго време, со години без никаква гаранција дека ќе бидеме со таа личност,но сепак постои надеж се тоа добро да заврши.
Дали е тоа чекање или губење време?:nesum:
Кога таа личност е причината поради која живеете!

Живеј си го животот, забавувај се, погледни малку подалеку од личноста што ја чекаш, не ги пропуштај приликите што ти доаѓаат во животот, а личноста што ја чекаш .. ако треба да бидете заедно ќе бидете и после 10 години, во меѓувреме забавувај се, од кај знаеш може таму некаде надвор се крие некој што ќе го засени тој што го чекаш?
Никогаш нема да знаеш дали вреди да се чека или не, опушти се и погледни од другата страна, па премногу си млада за вака да размислуваш, а и да мислиш дека е баш тој правиот :smir:

Зграби се што ти пружа животот и немој да чекаш се само ќе си дојде :helou:
 
Лејди...читајќи ги сите пред мене, можам само да заклучам дека скоро сите не те поддржуваат или стои она или=или! И мило ми е искрено, колку сурово и безчувствително да ти звучи!

Имам впечаток дека и ти не си воопшто сигурна во тоа и дека на „некаков„ начин бараш поддршка за нешто што е сосема далеку од разумот. Разумот е многу повеќе потребен во вакви ситуации. Неминовно се поставуваат иљадници прашања, ама едно е најбитно, она што почнува со „Зошто чекање?„
Верувам дека причината си ја знаеш и сама, ама несигурноста за крајниот исход е баш она што треба да ти го даде одговорот.

Еве јас те поддржувам. ЧЕКАЈ!!!! Само така ќе бидеш потполно сигурна дека ГРЕШИШ! :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom