Кога чекањето преминува во залудно губење време?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Аха, мислите у странство или у друг град. Па чекате да се врати. ОК

А кој спомна странсво или друг град?
Не мора.
Кажи ми ти искрено ама најискрено...
Нема да ти скурчи да го чекаш момчето од твоите соништа доколку ти рече:Брзо ке се вратам.чекај ме,бла бла изговори.
Нема да ти скурчи?
Ако не,секоја чест за тебе.
 
А кој спомна странсво или друг град?
Не мора.
Кажи ми ти искрено ама најискрено...
Нема да ти скурчи да го чекаш момчето од твоите соништа доколку ти рече:Брзо ке се вратам.чекај ме,бла бла изговори.
Нема да ти скурчи?
Ако не,секоја чест за тебе.

Од кај да се врати? Значи сепак отишол негде, у странство или у друг град?
Ја стварно не ве разбирам.

Патем, иако не делува така, Evil Betty е машки лик од филм.
 
Средно-жалосна работа е чекањето. На таквите страдални души им ја посветувам песнава.

 
Ќе се надоврзам на првиот пост од оваа тема. Кога една личност е способна да каже дека нејзиниот живот зависи од друга личност, без разлика дали кажано метафорички или не, станува збор за вистинска љубов - а вистинската љубов се случува само еднаш во животот и длабоко во себе трае засекогаш, не земајќи во обзир дали остатокот од животот ќе го поминете со таа личност или не. Вистинската љубов те прави да се чувствуваш исполнет, а не личноста, затоа копнежот, желбата и мечтата да се биде со саканата личност, според мене не е чекање во буквална смисла на зборот бидејќи колку и да сакаме една личност треба да си поставиме граница помеѓу реалното и невозможното и да го пронајдеме своето сопствено место во светот, мирни што знаеме искрено да сакаме и среќни што саканата личност исто така е среќна, без разлика дали со нас или не, но исто така да си дадеме и шанси самите себе повторно искрено да сакаме и љубиме. На тој начин ќе биде спречена болката од залудно "чекање" и надеж заснована на нереална основа.
 
Тоа е исто како во книгата - Љубов во време на колера - Габриел Гарсија Маркес

Чекајќи го другиот - го пропушташ твојот живот

Зависи во што веруваш - ако веруваш во реинкарнациа, живот по смртта и сл - можеби ќе сметаш дека времето не е залудно поминато

Јас лично сметам дека е губење време - не велам да не се мисли или искористи можност да се допре до таа личнот - но да чекам - не

Чекањето само ја одразува нашата преокупираност со фантазии, соништа, визии, идеализација - ама тоа не е тука и сега - тоа е некаде надвор од нас и животот кој го живееме - па кога ќе се случи разочарување или неуспех - свесноста за тој факт уште повеќе боли
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom