Фотографија (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
ФотоШОК :nesvest:
Фотошоп, нормално. Има уште неколку алтернативи, ама фотошоп е главниот мадерфакер. Само немој да правиш вакви изгореници од фотографии, те молам. За упатства прашај го Фликс, тој порано вака ги гореше фотографиите.
 
Дали може некој да ми каже со кој програм може да ја направам ваква фотографијата, оваа ја симнав од интернет. И ако знае кај може да го симнам истиот програм.
Однапред Благодарам

То ти е HDR фотка, доста популарна денес кај децата али деца ко деца ја користат прекумерно, скоро имаше изложба каде дечкото обеси 20 сетина такви слики недела дена носев црни наочари и лежев в темница колку се презаситив од јарки боји и гледав само црно бели филмови. ХДР е добар ефект ако се користи со мерка. Имаш мали бесплатни програми за тоа кликни на гугле hdr free sftware а и прочитај малце пред тоа што е тоа и како се прави и зошто се прави
 
Фала ти многу!
То ти е HDR фотка, доста популарна денес кај децата али деца ко деца ја користат прекумерно, скоро имаше изложба каде дечкото обеси 20 сетина такви слики недела дена носев црни наочари и лежев в темница колку се презаситив од јарки боји и гледав само црно бели филмови. ХДР е добар ефект ако се користи со мерка. Имаш мали бесплатни програми за тоа кликни на гугле hdr free sftware а и прочитај малце пред тоа што е тоа и како се прави и зошто се прави
 
Ќе може ли некој да ми објасни што е тоа ISO sensitivity ?

Кога да се избира 80,100... , а кога 6400 ?
 
Осетливост на филмот/сензорот на светлина. Доколку надвор е многу светло (сред бел ден надвор) се одбира ниска ISO вредност 100, 200. Доколку е надвор темно, самрак, или си во затворен простор со слаби сијалици се одбира висока ISO вредност.
Која ISO вредност ќе одбереш зависи од тоа што сакаш да фотографираш и колку е осветлено тоа што сакаш да го фотографираш, а многу зависи и од апаратот кој го користиш. Највисока ISO вредност на мојот е 1600.

Негативна појава кај високите ISO вредност е појавата на "noise" или „зрно“ по нашки.
Мојот апарат до 400 исо нема зрно на фотографиите. До 1000 има, ама се трпи. Над тоа избегнувам да користам ама понекогаш приликите налагаат, па користам толкави ИСО вредности.
 
Има и аутоматски опции , што мислиш која е најдобра

Fixed range auto ISO 80-200.

Има и опција 80-400.

И Auto.
 
Сепак треба да се обрне внимание на аналогната фотографија , бидејки да не била таа немало да постојат денес дигиталците :) така да јас сум секогаш за комбинирање на стара со нова школа Поздрав :)

--- надополнето ---

најдобро е да си оцениш сам кога колку ти треба , ако е пре светло мало исо плус подобар кавилетет на фотографијата ,а ако условите ти налагаат во по мрачен простор и опкружување зголеми исо но со тоа ке изгубиш квалитет :)
 
Дечки сакав да прашам како мозам да направам ваква фотографија.... ко да е исчистена или нешто еве ви еден пример.. не е некој посебен пример но мислам дека ќе сватите на што мислам
JAKOOOOOOBRMPEROPEDER.jpg
 
Ај дефинирај исчистена... И пиши си каков апарат фотографираш.

Кристијан има Nikon D70 или D80 колку што знам. И у вакви ситуации доволно е аутолевел да направиш и добиваш коректна фотографија.
 
kire.jpgЕве ти уште еден пример од тој Кристијан па незнам мене многу чиста и убава ми изледа сликата па да прашам дали е во прашање фотошоп или пак е до апаратот
 
До апаратот е. Има причина зошто неговиот апарат на времето чинеше скоро илјада евра :wink:
 
Може да ми дадеш линк или нешто од таков апарат ? Иначе фала многу
 
Ко за почетник да ти го препорачам најновиот Канон за почетници 1100 D е моделот. http://www.dpreview.com/news/1102/11020719canoneos1100d.asp Толку е нов што рецензијава е пишувана врз основа на тестирање на прототип кој производителот го дал на новинарите од DPreview.com

А ти збирај пари додека да го донесат да можеш да си го купиш :) Моја претпоставка е 500-600 евра.

И разгледај ги видеата на ЈуТјуб каналот на Џеред Полин http://www.youtube.com/user/JaredPolin многу рецензии на опрема, многу совети за почетници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom