Соодветна облека за во теретана?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Сум идел во теретана и ќе одам. Но секогаш со некоја ветва облека или горе/доле со делови што не одговараат.

Ај препорачајте облека, нешто као комбо горе и доле до кај сто евра, соодветно за во теретана?

Не знам дали има нешто разлика летна од зимска облека?

Во Борис теретаната има ли греење? Да си зеам летна, м?
 
Две-Три маици dry fit (прошетај по аутлетите може да се најдат до кај 700денари.
Два пара шорцеви (од пазарче летото зедов јас по 500 денари ок шорц, ги периш и се суви летно време за саат време, зимно до другиот ден се суви, побарај може ќе најдеш, само бидејќи е зима им се повлечени, освен да прашаш по тезгите, па да ти донесат следниот ден да пробаш) или во Runners земи си од овие.
Патики имаш во Runners за по 1000че
Се враќаш од тренинг и си ги переш, а следниот ден го носиш другиот комплет, ова ти е најбитно, бидејќи гледам има многу што ги засушуваат и пак ги облекуваат и смрдат!
Се на се не повеќе од 4000денари, понатаму ќе си земеш уште еден пар и секогаш ќе си бидеш стокмен како што треба.
 
jas da ti kazham iskreno zemam od osnovno ili sredna prva-vtora godina bluzite i vezbam. :D
Да ама пошто тебе ти е битно само да отидеш да си вежбаш. Некој треба и селфи од теретана да стаи. :вонзем:
 
Јас одам со црна рамбовка, некој шорц доле и Li-Ning патики поткинати од физичко во средно xD.
Генерално гледам секогаш да ми се отскриени рацете за да пратам дали има добра активација на мускулите, пумпа, што треба да се акцентира итн.. Само кога вежбам нозе одам со маичка по кратки.

Иначе нема летна-зимска облека, кога вежбаш вриеш, дури и да нема греење теретаната (што не е можно) пак нема да ти биде ладно. Евентуално може доле со тренерки наместо шорцеви ако некогаш имаш лесен тренинг а надвор е минус.
 
Рамбовка пролет кон лето кога ќе се исчистиш сајла :) најефтина облека за во теретана :D
 
Обични шорцеви,бела блуза и комотни патичиња.Планираш модел да бидиш или gainZZZ ?
 
Само да не веруваш во митот дека треба по шушкавец да се вежба се друго ти е ок плус повеке комплети за да има време да ги периш :)
 
Немој само драј фит маици да зимаш, ужашно смрдат кога ќе се испотиш. Ќе не можеш да вежбаш самиот од што си смрдиш, а не па на тие околу тебе како ќе им е. Обична некоја лесна маичка облечи, ако можеш без ракави или со ептек кратки ракави за да не ти сметаат, да не ти се моткаат ракавите дури ги правиш вежбите. За другото гледај само да ти е удобно, не се замарај фенси брендови, немој да фрлаш пари на глупости
 
Памучна маица најчесто, dry fit се добри ама кога правам чучњеви се лизга повеќе шипката на грб поради полиестерот. И од доле памучна на рамки зашто тече вода од мене
 
Смрди ако е апла фушерај или неперена, еве имам 3 само за во теретана и ваков проблем не сум имал.
Памучна маица најчесто, dry fit се добри ама кога правам чучњеви се лизга повеќе шипката на грб поради полиестерот. И од доле памучна на рамки зашто тече вода од мене
Јас намотувам навлака на шипката и не лизга, а и нема црвени решки да ти се прават каде што лежи шипката.
 
Последно уредено:
Јас на почетокот одев со маици од СДСМ што ги даваа низ штаб, ни сега не сум поарен. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom