Артефакти стари повеќе од 2000 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Артефакти стари повеќе од 2000 години

0DF18D86BA785A499D55001135D9D1E0.jpg

Нумизматичката збирка при Народна банка на Република Македонија поседува монети уште од почетоците на ковањето монети во историјата

АЛЕКСАНДАР ДИМОВСКИ

Нумизматичката збирка при Народната банка на Република Македонија поседува монети уште од самите почетоци на монетоковањето во историјата. Некои од најстарите примероци на оваа исклучителна збирка се монетите на пајонските племиња и кралеви, а особено внимание привлекуваат и кованите пари на Македонците и нивните владетели, монети исклучително вреднувани од светската нумизматика и историска наука.

По неколкугодишен напорен труд, младата, но високопрофесионална екипа на Музејот при Народната банка, благодарение на сензитивноста и разбирањето на раководството во овој период, им овозможи не само на македонската и странската стручна јавност, туку и на обичните луѓе да ги видат овие прекрасни артефакти стари повеќе од две илјади години кои зборуваат за тоа како се живеело на овие простори, но, и за извонредните уметнички дострели на Пајонците и античките Македонци, луѓето што ги населувале овие простори и оставиле неизбришливи цивилизациски траги.

Подзбирката од пајонски, односно монети емитувани од страна на пајонските племенски заедници и пајонските кралеви, има значајно место во оваа збирка, пред се', заради тоа што во неа се наоѓаат пари кои се исклучително ретки, а истовремено се и најстари, и ковани на ова тло“, вели Ефтимија Павловска, нумизматичар задолжен за овој период. Имено, пајонските племиња Дерони и Лајаји своето монетоковање го започнале кон крајот на 6 и почетокот на 5 век пр.н.е., односно по многу кусо време од појавата на првите пари во светот, кои се ковале во малоазиска Лидија (денес во Турција), во средината на 7 век пр.н.е.

Монетите на пајонските племиња се изработени исклучиво во сребро, со голема номинална вредност, чија тежина изнесува и до 41 г., а најверојатно биле наменети за надворешна трговија и за плаќање данок на Персијците. За ова сведочи големиот број наоди на вакви монети во оставите откриени во Египет, Јордан и Сирија, територии кои биле под персиска доминација. „Од големите номинали на пајонските племиња, Народната банка поседува само една октодрахма од Лајајите, чиишто пари се поретки и од оние на Дероните, од кои пак, имаме неколку помали номинали со вредност на тетроболи и оболи, кои имале функција на домашно платежно средство“, вели Павловска.

0BF75A9E55A99C46A800A67888501AAF.jpg

Во пајонската подзбирка се застапени и монетите издавани од страна на секој претставник на кралската династија на Пајонија во периодот од средината на 4 до втората половина на 3 век пр.н.е. и тоа Ликеј, Патрај, Авдолеон, Леон и Дропион. Последните двајца ковале само бронзени, а останатите исклучиво сребрени монети со вредност на тетрадрахми, дидрахми, драхми и тетроболи. Во оваа група спаѓа и диоболот на претпоставениот пајонски владетел Тевтај (последна четвртина на 5 век пр.н.е.), кој претставува уникатен примерок, кој единствено сведочи за постоењето на овој локален династ.

Особено интересни во збирката на НБРМ се и монетите од периодот на античкото кралство Македонија, односно на македонските кралеви, градови и области. Станува збор за богата колекција од златни статери и сребрени тетрадрахми и нивни помали фракции, но, и примероци ковани во бронза. Присутни се изданијата на сите македонски кралеви, почнувајќи од првиот кој исковал свои пари, Александар Први (498-454 г. пр.н.е.), кој што издавал само сребрени номинали, па се до Персеј (179-168 г. пр.н.е.), последниот македонски крал пред доаѓањето на Римјаните во Македонија и нејзиното претворање во римска провинција. Филип Втори, таткото на Александар Македонски, бил исклучителен стратег и успеал да го прошири македонското кралство. Со новоосвоените територии, добил и неколку области со големо рудно богатство, што му овозможило голема монетарна продукција. Токму Филип Втори е првиот македонски крал кој започнал да емитува златни статери.

Кралските монетоковници во македонските градови Пела и Амфипол во времето на последните македонски кралеви Филип Петти (221-179 г. пр.н.е.) и Персеј, заедно со ковницата во Тесалоника почнале да изаваат и емисии на бронзени пари на кои стоеле имињата на самите градови. Тоа е периодот од 187/6 до 168/7 г. пр.н.е., кога во Тесалоника, која била административен центар на македонската област Амфакс итида, се емитувале и примероци посветени на областа, додека, во Пела се ковале и монетите на областа Ботиаја. Освен парите на овие македонски градови и области, македонската подзбирка ги поседува и оние на областа Парореја, како и на градовите Ејон, Трагил, Неапол, Филипи, но и на и првата македонска престолнина Ајгај (во близина на с. Кутлеш - Вергина). Тука се и бронзените изданија на градот Лихнид, денешен Охрид, важни затоа што тој е и единствената македонска ковница која денес се наоѓа на територијата на Република Македонија.

Пајонската и македонската подзбирка претставуваат само еден мал дел од целокупната нумизматичка колекција на Народната банка на Република Македонија“, вели Павловска. „Тие нудат можност за сериозна научно-истражувачка работа, преку извршување на метролошки, иконографски, и стилски анализи на паричните изданија, како и утврдување на монетарно-политичките граници и територијата на нивно циркулирање во соодветен историски период“.

http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=BF0ED2B1E4F2E14DA1B3D8CBA833F682
 
A eve pronajdena e i nova "herkulanka" vo prilepsko - zhenska mermerna statua od rimsko vreme vo/do arheoloshkiot lokalitet Stibera.

statua2%20(Small).JPG
 
Spored nekoi procenki, naporite na sosedite (pretezhno Grci i Bugari, no ne retko i Srbi) za sistematsko kradenje na nashite lokaliteti poslednive godini od osamostujuvanjeto na Makedonija, unishtile dosega povekje od 10% od site ntichki i dr. artefakti

ОТВОРЕН СЕМИНАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Археолошкото наследство е во критична состојба

Археолошкото наследство во Македонија не е во лоша, туку во критична состојба. Ерозијата на древните градови и тврдини доведува до т.н. тивка смрт со која се губи печатот на европската цивилизација, предупреди археологот Виктор Лилчиќ од Центарот за археолошки истражувања (МАЦАР), кој заедно со британската амбасада и со поддршка на Катедрата за археологија и историја на уметност и на Министерството за култура го организира семинарот за управување со културно наследство, отворен вчера во просториите на Британскиот совет.

Во рамките на семинарот, до 18 април, ќе се одржат серија предавања и работилници за управување со културното наследство.
Лилчиќ се фокусира на состојбите на археологијата во Македонија и за проблемите со кои таа се соочува.

- Во Македонија има 400 археолози што се уште не ја спознале археологијата на земјата. Тоа, меѓу другото, е и последица на лимитираните средства за истражување. Скопје, Скупи, Баргала, Охрид се само делумно истражени, но има и голем број други локалитети што воопшто не ги познаваме. Во изобилство имаме археолошки резерви. Од вкупно 5.000 археолошки локалитети, колку што има во Македонија, половината воопшто физички не се посетени. Немаме ниту официјална државна археолошка лична карта. Од петте илјади локалитети, само 150 се регистрирани и заведени како споменици на културата - додава Лилчиќ.

Според него, податоците со кои располагаат нашите археолози денес покриваат само половина од она што реално го крие македонското поднебје.

- Сосема друг проблем е што тие податоци се полуупотребливи поради несоодветните техники што се користат при ископувањата. Дали е можно среде дигитална ера ние се уште да работиме со бусола - вели Лилчиќ.

Тој апелира до Владата посериозно да пристапи кон овој проблем и да го помогне Институтот за археологија, кој ќе произведе генерации археолози.

- Веднаш треба да се формира и археолошка полиција, која ќе го спречува криминалот со археолошки предмети. Поради копачите се врши чистење на површината од 30 до 50 сантиметри во длабочина - вели Лилчиќ.

Културниот туризам, вели тој, е еден од најголемите извори на приходи во соседна Грција.

- Она што нам ни недостига очигледно е - домаќин, стопан. Немаме културни магистрали, а треба да има најмалку две - онаа од Охрид до Ќустендил и онаа по вардарската линија - додава Лилчиќ.
Семинарот што почна вчера е прв проект во Македонија за Европската конвенција за заштита на археолошкото наследство од Ла Валета. На предавањата ќе учествуваат британски професионални археолози и експерти за културно наследство. Во рамките на проектот ќе се одржи и обука за примена на нова програма за формирање база на податоци за секој археолошки локалитет. Првата пилот-база на податоци ќе се прави за археолошкиот локалитет Скупи по извршените геофизички истражувања и со користење податоци добиени од претходните истражувања во соработка со Музејот на градот Скопје.
 
Артефакти стари повеќе од 2000 години

0DF18D86BA785A499D55001135D9D1E0.jpg

Нумизматичката збирка при Народна банка на Република Македонија поседува монети уште од почетоците на ковањето монети во историјата

АЛЕКСАНДАР ДИМОВСКИ

Нумизматичката збирка при Народната банка на Република Македонија поседува монети уште од самите почетоци на монетоковањето во историјата. Некои од најстарите примероци на оваа исклучителна збирка се монетите на пајонските племиња и кралеви, а особено внимание привлекуваат и кованите пари на Македонците и нивните владетели, монети исклучително вреднувани од светската нумизматика и историска наука.

По неколкугодишен напорен труд, младата, но високопрофесионална екипа на Музејот при Народната банка, благодарение на сензитивноста и разбирањето на раководството во овој период, им овозможи не само на македонската и странската стручна јавност, туку и на обичните луѓе да ги видат овие прекрасни артефакти стари повеќе од две илјади години кои зборуваат за тоа како се живеело на овие простори, но, и за извонредните уметнички дострели на Пајонците и античките Македонци, луѓето што ги населувале овие простори и оставиле неизбришливи цивилизациски траги.

Подзбирката од пајонски, односно монети емитувани од страна на пајонските племенски заедници и пајонските кралеви, има значајно место во оваа збирка, пред се', заради тоа што во неа се наоѓаат пари кои се исклучително ретки, а истовремено се и најстари, и ковани на ова тло“, вели Ефтимија Павловска, нумизматичар задолжен за овој период. Имено, пајонските племиња Дерони и Лајаји своето монетоковање го започнале кон крајот на 6 и почетокот на 5 век пр.н.е., односно по многу кусо време од појавата на првите пари во светот, кои се ковале во малоазиска Лидија (денес во Турција), во средината на 7 век пр.н.е.

Монетите на пајонските племиња се изработени исклучиво во сребро, со голема номинална вредност, чија тежина изнесува и до 41 г., а најверојатно биле наменети за надворешна трговија и за плаќање данок на Персијците. За ова сведочи големиот број наоди на вакви монети во оставите откриени во Египет, Јордан и Сирија, територии кои биле под персиска доминација. „Од големите номинали на пајонските племиња, Народната банка поседува само една октодрахма од Лајајите, чиишто пари се поретки и од оние на Дероните, од кои пак, имаме неколку помали номинали со вредност на тетроболи и оболи, кои имале функција на домашно платежно средство“, вели Павловска.

0BF75A9E55A99C46A800A67888501AAF.jpg

Во пајонската подзбирка се застапени и монетите издавани од страна на секој претставник на кралската династија на Пајонија во периодот од средината на 4 до втората половина на 3 век пр.н.е. и тоа Ликеј, Патрај, Авдолеон, Леон и Дропион. Последните двајца ковале само бронзени, а останатите исклучиво сребрени монети со вредност на тетрадрахми, дидрахми, драхми и тетроболи. Во оваа група спаѓа и диоболот на претпоставениот пајонски владетел Тевтај (последна четвртина на 5 век пр.н.е.), кој претставува уникатен примерок, кој единствено сведочи за постоењето на овој локален династ.

Особено интересни во збирката на НБРМ се и монетите од периодот на античкото кралство Македонија, односно на македонските кралеви, градови и области. Станува збор за богата колекција од златни статери и сребрени тетрадрахми и нивни помали фракции, но, и примероци ковани во бронза. Присутни се изданијата на сите македонски кралеви, почнувајќи од првиот кој исковал свои пари, Александар Први (498-454 г. пр.н.е.), кој што издавал само сребрени номинали, па се до Персеј (179-168 г. пр.н.е.), последниот македонски крал пред доаѓањето на Римјаните во Македонија и нејзиното претворање во римска провинција. Филип Втори, таткото на Александар Македонски, бил исклучителен стратег и успеал да го прошири македонското кралство. Со новоосвоените територии, добил и неколку области со големо рудно богатство, што му овозможило голема монетарна продукција. Токму Филип Втори е првиот македонски крал кој започнал да емитува златни статери.

Кралските монетоковници во македонските градови Пела и Амфипол во времето на последните македонски кралеви Филип Петти (221-179 г. пр.н.е.) и Персеј, заедно со ковницата во Тесалоника почнале да изаваат и емисии на бронзени пари на кои стоеле имињата на самите градови. Тоа е периодот од 187/6 до 168/7 г. пр.н.е., кога во Тесалоника, која била административен центар на македонската област Амфакс итида, се емитувале и примероци посветени на областа, додека, во Пела се ковале и монетите на областа Ботиаја. Освен парите на овие македонски градови и области, македонската подзбирка ги поседува и оние на областа Парореја, како и на градовите Ејон, Трагил, Неапол, Филипи, но и на и првата македонска престолнина Ајгај (во близина на с. Кутлеш - Вергина). Тука се и бронзените изданија на градот Лихнид, денешен Охрид, важни затоа што тој е и единствената македонска ковница која денес се наоѓа на територијата на Република Македонија.

Пајонската и македонската подзбирка претставуваат само еден мал дел од целокупната нумизматичка колекција на Народната банка на Република Македонија“, вели Павловска. „Тие нудат можност за сериозна научно-истражувачка работа, преку извршување на метролошки, иконографски, и стилски анализи на паричните изданија, како и утврдување на монетарно-политичките граници и територијата на нивно циркулирање во соодветен историски период“.

http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=BF0ED2B1E4F2E14DA1B3D8CBA8
33F682

МЕНЕ ПОСИНПАТИЧНО МИ Е ДА ГО ПРОЧИТАМ КАКО ШТО СИ ПИШУВА

ТЕУТА

И ТАКА ЌЕ СИ ЈА НАЈДАМ ВРСКАТА СО ПЕРСИЈА .

ЗОШТО ?

ЗАТОА ШТО И ТАМУ ГОВОРЕЛЕ СЛИЧНО КАКО И ОВДЕ .

АКО НЕКОЈ СЕ ИСМЕВА , ОСТАВАМ ПРОСТОР ВРЕМЕ ....
 
тајните на египет

БЕЗ КОМЕНТАР :
 
Attachments

  • ДРЕВЕН ЕГИПЕТ.jpg
    ДРЕВЕН ЕГИПЕТ.jpg
    38,7 KB · Прегледи: 179
МЕНЕ ПОСИНПАТИЧНО МИ Е ДА ГО ПРОЧИТАМ КАКО ШТО СИ ПИШУВА

ТЕУТА

И ТАКА ЌЕ СИ ЈА НАЈДАМ ВРСКАТА СО ПЕРСИЈА .

ЗОШТО ?

ЗАТОА ШТО И ТАМУ ГОВОРЕЛЕ СЛИЧНО КАКО И ОВДЕ .

АКО НЕКОЈ СЕ ИСМЕВА , ОСТАВАМ ПРОСТОР ВРЕМЕ ....

Kakov lik e Teuta vo istorijata?
 
Илирка (не значи дека е албанка), ама тие бе соработувале со Македонците против хелените или римјаните кои беа тамо не се сеЧам :)
 
Ne ne, samo pashav jas. Znaci Ilirika. Ok, fala, ziveele Iliri na ovie prostori. Shto otvara drugo prashanje, kolku artefakti se od Ilirite, a kolku od antickite makedonci, i kako mozhe chovek da gi razlikuva?
 
Се ни е јасно што мислиш, не се прави луд со сила, само немој да заборавиш дека пред експанзијата на Македонското кралство, Македонците секојдневно биле тормозени од илирите (потекло на артефактите), тоа не значи дека живееле овде :tapp: Барај си ги корените во Хрватска, ако се сметаш за илир.
Монети Македонски има по цел свет, па никој не кажува дека се тоа Македонски земји.:toe:
 
Ama ne na na[a teritorija, na Albanska teritorija Ilirite bile.

Се ни е јасно што мислиш, не се прави луд со сила, само немој да заборавиш дека пред експанзијата на Македонското кралство, Македонците секојдневно биле тормозени од илирите (потекло на артефактите), тоа не значи дека живееле овде :tapp: Барај си ги корените во Хрватска, ако се сметаш за илир.
Монети Македонски има по цел свет, па никој не кажува дека се тоа Македонски земји.:toe:

Znaci kako lesno se nervirash ej :)

Praime muabet za artefakti, kako i zashto dosle tuka, ic ne me interesira. Cisto, za artefakti pravime muabet. Ne sakam da si baram koreni nikade, si gi znam, a btw, vo Hrvatska bile dardanite.

Znaci spored tebe, doagjale ilirite vo skopje, tormozele makedonci, i zakopuvale po edna od nivnite moneti kade shto si pishuvalo Teuta, za vo 2008ma da ima konfuzija koj ziveel vo ovie prostori, taka?
 
Нит се нервирам, а ни к*р више не ме боли. Да ми беше важно ќе одев на темата за вашето потекло, ама не ме интересира.

На артефактот може да пишува и ТАОТЕИ.

За размена на стоки си слушнал, тогаш еден од начините е тој да дојдат артефактите. А за тормозење не кажувам јас, тоа странците.
Како што има венецијански монети во Охрид, ти ќе кажеш дека тука прво биле италијаните :pos2:

Па нели косова е дарданија, сега хрватска е дарданија, значи по потреба си менуваме имиња на територии :pos2:
 
eve dokaz deka stariot lihnid se naogjal na makedonska teritorija za vreme na filip II a ne na ilirska teritorija kako vo nekoi knigi se tvrdid..deka granicata za toa vreme bila po srtot na galichica. Makedonskiot shit na "lihnidchinjata" od koj samo 30 se najdeni e dokazot za makedonskata pripadnost. Granicata bila od drugata strana na ezeroto preku srtot na jablanica..

Lychnids

The contemporary city of Ochrid is a descendant of the ancient town of Lychnidus. It was located along the Via Egnatia, which connected the Adriatic port Dyrrhachium (present-day Durres) with Byzantium, it was a town in the empire of King Philip II of Macedon. Lychnidus was one of the economical centers that produced its own coins, in the period from 187 to 171 BC. Only 30 coins exist worldwide.
 
eve sliki od lihnidchinja
 
Attachments

  • Lychnids  averse (WinCE).JPG
    Lychnids averse (WinCE).JPG
    20,6 KB · Прегледи: 131
  • Lychnids  reverse (WinCE).JPG
    Lychnids reverse (WinCE).JPG
    28,8 KB · Прегледи: 131

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom