Дали сте срамежливи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мар мар
  • Време на започнување Време на започнување

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Јас на пример многу сум срамжелива, посебно со некој шо прв пат го гледам абе се топам од срам. Порано ко мала уште појќе бев, сега не толку многу, се поопуштив малце од ко почнав на работа ама пак, со тие шо не ги знам сум многу.
bk.gif

Значи прашањето ми беше дали и колку сте срамежливи? М? Ајдее....
П.С. Ако имат ваква тема бришете одма :)
 
Па, што знам, некако срам ми е да одговорам.. :)
По малку, да, ама после една-две пијачки одеднаш приметувам дека веќе не сум :)
 
Мноооогу:kesa: Понекогаш знаат да ми речат дека е симпатично,ама јас сум таков тип.Се срамам само од спротивниот пол хехе ама по добар муабет се опуштам и се е во ред.
 
Зависи од ситуација..обично не.Може понекогаш да ми падне малку незгодно,али не да црвенеам и сл.Од спротивниот пол ама воопшто не се срамам.:toe:
 
Нажалост ... многу:kesa:
 
Мислам дека нема човек кој ке речи - јас не сум воопшто страмежлив/а!
Јас сум малку во одредени ситуации - при прво запознавање најчесто!
 
Зависи кога како.Некад стварно знам да бидам срамежлива и антипатична обично кога некој гледам прв пат, а некад знам и да се опуштам и да се понашам ко 100 години да се знам со луѓето и све најтоп онака.
 
Скоро воопшто.
Немам проблем со нови познанства, комуникативна сум, опуштена дури и пред луѓе кои не ги познавам, иако нормално, не можам да се однесувам со нив како што се однесувам со некои познати, секако.:)
Пред спротивниот пол сум секако поприбрана, ама пак далеку од срамежлива. Се трудам да се опуштам со тоа што се поставувам пријателски, се зезам, зборам, раскажувам...
Единствена ситуација кога доаѓа срамежливоста до израз, е на пример, на јавни настапи, и поретко на испрашувања. Ама дури и тогаш, тоа е повеќе трема, отколку срамежливост, што не е исто. :wink:
 
Срамежлива сум.Многу.Сега во последно време,малце почнувам да се мењам,ама..сепак уште ми е срам од мнооогу ствари...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom