Не ми текнува точно на која телевизија, гледав Шкотиве како лобираат за успех на референдумот, за подигнување на свеста на народот за своја држава и искрено ме зачуди што младите многу повеќе беа против и беа многу неинформирани, отколку повозрасните Шкоти. Колку разочарувачки!
Доколку успее овој референдум ќе има сериозни проблеми во Обединетото Кралство за одржување на границите, и така веќе вештачки едвај се одржува. Поголема мотивација ќе има и во Австралија и Ирска. Во Австралија, пак, нашиве, Македонците

, прават проблеми, го поддржуваат осамостојувањето на Австралија, за разлика од Канада/Квебек, каде ја поддржуваат идејата за една држава, односно Македонците се против отцепување на Квебек (затоа Франција ќе си ги поддржува јужниве

).
Но, успехот на овој референдум ќе повлече и низа акции за промена на границите во Европа. Ќе пукне балонот за една европска мултиетничка и мултиконфесионална држава со единствена валута. Да не ги спомувам Баскијците и останатите покраини кои се поделени и се борат за обединување и создавање на држава.
П. С. Многу го сакам Шон Конери, еден од поголемите финансиери на идејата за отцепување на Шкотска. Бонд, Јамес Бонд.
