Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
XRP падна зашто паднаа и другите валути, но сега почнува пак да паѓа. Во врска со пуштањето во оптек повеќе или помалку коини, мислам дека шпекулирањето со цените е единствениот начин да се заработи (или изгуби) без разлика дали се однесува на обична берза, криптовалути или "квази криптовалути" како што Ставрогин го нарече рипл-от.
Јас уште сум во ќар од него и не планирам да го продавам, а од друга страна БНБ стигна до 21$ и НЕО-то стандардно си се движи од 100 до 130 и кој знае прави убава пара на него.
Што се однесува до XRP, не дека не може да ја замине последната all-time high цена, но $3.40 беше одлична цена за продавање на XRP-от. Таман вчера кога беа "попустите" можевте повторно да фатите позиција.
Инаку, причината за вчерашните турбуленции беше FUD информација дека Јужна Кореја ќе забрани тргување со криптовалути. Потоа следуваше panic sell, со што речиси сите валути заминаа во црвена зона, но за релативно кратко време се стабилизира пазарот. Вчера имаше одлична можност за надополнување на портфолиото.
Инаку, што се однесува до free tips, наредниов период обратете внимание на Wanchain, проект кој ќе го заокружи триото ICON-Aion-Wanchain. ICO-то заврши пред некој месец, за неколку минути се продадоа сите токени, по цена од $0.35. Ќе има 210,000,000 Total Supply, a некаде крајот на Јануари би требало да се појави на берзите. Binance и KuCoin мислам дека ќе бидат првите берзи на кои што ќе се појави.
Според мене овој токен за многу кратко време ќе влезе во Топ 100 на Coinmarcetcap.com, и ќе биде дефинитивно еден од проектите кој вреди да се чува на подолг рок. Очекувам во првите неколку месеци да надмине $10.
Купив кога беше околу 1$, пола продадов, пола сочував, па сега гледам да искористам од тоа што цените одат горе доле, на binance има опција да ставиш автоматски да се продаде или купи кога ќе постигне одредена цена, обично ставам 10% разлика, па некогаш во еден ден успевам 2-3 пати да го истргувам, но деновиве ми е на холд. И нека е, нека чека, што му е работа.Како си сеуште во ќар и ќе го чуваш и понатаму? Па зарем не го продаде кога се крена на 3.4 долари?
XRP е една од најсигурните.Ќе плачете со XRP.
![]()
Скоро се регистрирав на etoro.com ама незнам како е најпаметно да се повлечат парите од таму? Имате искуство со ова ... сега скоро ми излезе и една статија за законска регулатива за тргување со криптовалути...
централните банки можат да ја печатат по своја волја.
Wanchain е проект кој ќе овозможува поврзување, комуникација и размена на добра помеѓу различни blockchains, без разлика дали станува збор за приватни или јавни, со можност за извршување приватни и анонимни трансакции овозможени благодарение на ring signature механизам и one-time адреси (oдносно, за секоја трансакција ќе се креира уникатна адреса за една употреба).Се супер ова со цените, ама да ни кажиш што ќе прави тој Wanchain и зошто како проект би нашол примена во иднина?
Јас кај пола од проектите што се во ТОП40, не гледам некоја примена, освен убаво скоцкани white paper- и подржани од лудиот пазар во Кореја.