Мистичен
Човек
Бесплатен фиксен телефон и неограничен пристап на Интернет со протечност од 1 мегабит во секунда (три пати побрзо од сегашната „АДСЛ“ понуда на телекомот) за 1.500 денари месечно.
Овој пакет услуги ќе го добијат сите граѓани ако Владата одлучи на најавениот тендер да ја даде на концесија мрежата на Електростопанство на Македонија (ЕСМ) на странска компанија, која во соработка со „Самсунг корпорејшн“ ќе ја инсталира и ќе ја користи мрежата. Тоа ќе ја преполови цената на овие услуги, тврди Васко Бошевски, менаџер на „ВеВе груп Македонија“, застапник на „Самсунг корпорејшн“.
Сега во монополската состојба на пазарот во која ужива телекомот просечно македонско семејство плаќа барем 3.000 денари од кои минимално 1.000 денари месечно за телефон, а за интернет-услугата „Макс АДСЛ“ уште 2.000 денари, без данок на додадена вредност.
- Претставници на „Самсунг“ на 28 јуни беа во земјава и на менаџментот на ЕСМ му ги презентираа сите можности што ги нуди овој проект. Негова примарна цел е да го направи дигитален системот за наплата на струјата на ЕСМ. Тоа значи дека вклучувањето и исклучувањето на корисниците ќе биде од диспечерски центар и операцијата ќе се сведе на притискање копче. За тоа се потребни и нови дигитални броила кои треба да ги инсталираат сите потрошувачи. Отворени беа две варијанти. Првата е ЕСМ да го купи пакетот и да го користи или да ја даде под концесија својата мрежа на друга компанија која ќе ги понуди овие услуги. На Владата и беше понудено пакетот кој чини околу 200 милиони евра да го купи на кредит од 10 години.Со тоа што кредитот го гарантира „Самсунг“ и не треба државна гаранција, туку само гаранција од ЕСМ - објаснува Бошевски.
Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста на премиерот Владо Бучковски, соопшти дека Владата есенва планира да распише меѓународен тендер на кој ќе ја понуди на концесија мрежата на ЕСМ. Со ова Владата, како сопственик на компанијата, ја исклучува можноста да го купи пакетот софтвер и хардвер, што го нуди „Самсунг“, а кој чини околу 200 милиони евра.
СО НОВИОТ СИСТЕМ ЕСМ БИ ВРЕДЕЛО ДВОЈНО ПОВЕЌЕ
Со новиот проект за дигитализација, ЕСМ ќе го сведе на минимум дивото приклучување струја со што ќе ги намали загубите, кои сега одземаат околу 30 отсто од профитот на компанијата. Бошевски смета дека, на овој начин ќе се зголеми наплатата и ќе ја направи максимално ефикасна. Доколку ЕСМ сега го има овој систем нема да користи ниту работници да исклучуваат струја на бандери, со што значително ќе заштеди и на бројот на вработените.
- Да го има инсталирано системот компанијата пред продажба ќе вреди барем двојно повеќе од сега - изјави Бошевски.