Софиските вмровци на избори во Македонија!
ВМРО ќе учествува на локалните избори во Македонија во 2008 година. Оваа изјава на лидерот на партијата Красимир Каракачанов, ја објави софиски "Монитор", цитирајќи го познатиот церемонијал мајстор за антимакедонско дејствување, дека подготовките за тоа ќе започнеле откако ќе завршат месните избори во Бугарија. Идејата на Каракачанов била да се развијат структурите во Македонија од каде на последниот конгрес на неговата партија допатувале десет македонски делегати.
Лидерот на бугарското ВМРО изнел мислење дека помошта на Бугарија за евроатланските интеграции на Македонија не треба да биде безусловна, додека југозападната сосетка продолжува со политиката да ја краде и фалсификува бугарската историја. Каракачанов во оваа прилика истакнува дека со задоволство ја прифаќаат кандидатурата на Радослав Тончев за европратеник, бидејќи тој бил член уште од порано на младинската организација на ВМРО и долги години живеел и работел во Париз каде основна задача му била да ја претставува и шири бугарската теза за Македонија, што како искуство добро ќе му дојде и натаму да ги убедува Европејците во тоа.