ОК Трилобајт, погрешно сум те прочитала, моја грешка, се извинувам.
И добро е што се дообјасни, бидејќи очигледно имаме сличен став на темава. Единствено се разидуваме кај дисциплината, што можеби не е ништо повеќе од разлика во изразување. Кај тебе дисциплина, кај мене воспитување. Не верувам во казни, не верувам во грубост, не верувам во истерување сила. Верувам само во збор и тоа убав, нежен збор, кажан смирено и со добро, па ако треба и триста пати да се повтори. Никако ни тон повишување, оти така ќе ги уплашиш, тоа е мојата инспирација.
И точно е тоа дека секој има право да си ги воспитува децата на начин на кој смета дека е најправилно, тука ниту можам, ниту пак сакам да се мешам. Затоа и и' реков на Наташа дека нема потреба да се оправдува, нека си тера како што си мисли дека е најпаметно.
Исто како што се согласуваме и во тоа дека децата се само копија од мустрата, уште во првиот пост тоа го напишав. Што ќе видат, тоа и ќе направат, што ќе чујат, тоа и ќе прозборат. Затоа велам дека агресијата и насилството потекнува од родителите, а не од децата. Малите се само палави и заинтересирани за светот, за се' она што се вртка околу нив. Не се учени од раѓање, не знаат ништо однапред, не знаат за добро и лошо, за корисно или опасно. И не ми паѓа на памет јас да ги учам или да им' покажувам преку сила, удар, тресење прашина, заушки, ластици или што било, што ќе предизвика кај нив збунетост, револт, агресија, страв, уплашеност, срам, повлекување или било која друга негативна емоција или негативен став кон животот.
Нејсе, секој со своето.