Butoh - театар без звук/современ јапонски танц

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.298
Локација
Universe
Butoh е име на современиот јапонски танц кој се појавува негде кон крајот на 50-тите години од 20 век, по втората светска војна.
Појавата на овој нов гестикулативен јазик е закотвен во комплексното културно искуство на земјата во тоа време. Односно е одговор на социјалното пустошење и мизеријата која се случувала за време на и по втората светска војна. Според други исто така претставува реакција на тогашниот современ танц кој ги имитирал западните танци, а според други пак се работи за имитирање на Noh- јапонска музичка драма.

Меѓу јапонците е уште познат како „танц на темнината“. А можеби една од најдобрите дефиниции ваквите перформанси е: танц што во потрагата на индивидуална или колективна меморија и какоглавни теми и компоненти ги има: стравот, смртта, еротиката, сексот и мобилизирањето на архаичното пулсирање..

На почетокот ваквите изведби биле строго критикувани во Јапонија, за подоцна, во 70тите години да се вратат на голема врата по одобрувањето од публиката низ светот, особено Европа.

Како изгледа едna Butoh изведба??
Актерите/танчерите се претежно со слаби испиени тела- често се работи за постари лица ( барем така било на почетокот). Скоро голите телата им се измачкани со бела боја како и облеката која ја носат (најчесто). Танцот се одвива со музика но актерите немаат текст туку раскажуваат со помош на гримаси и и бавни и добро контролирани движења кои можат да бидат игриви но и гротескни. Очите им се скоро секогаш превртени- безживотни.

Изведбите се случуваат без разлика дали има или нема публика.

Танцот е се попопуларен. Јапонски butoh групи настапуваат секаде во светот, а како танц се повеќе се имплементира во школите за модерни танци и драмски уметности.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Незнам колку сте запознаени, но кај нас имаше еден обид за ваква изведба на Зафирчев- Дневникот на хулиганот- инспириран токму од ваквите изведби.
Јас за жал немав шанса да гледам :(

Па ме интресира дали тука има некои љубители на ваквиот театар, некој со повеќе информации???
Што мислите за танцот? И дали некогаш би гледале нешт вакво на сцена ?? :)
 
Not my cup of tea. Јок. Во исчекување на префрлања дека немам абер од театарска уметност, ќе ризикувам :) Премногу бизарно и морничаво, непријатно. Хорор пантомима. Не е чудо што баш Зафирчев се нафатил да изведува вакви нешта. Ја сакам јапонската култура и историја, ама ми се чини дека во 1945 година на Јапонците им изгреаа две сонца повеќе, што понекогаш може да резултира со појави слични на оние погоре. Се арно тоа со стравот, смртта, теминината, сексот, но сепак постојат (за мене барем) поприфатливи форми за нивно изразување.
Понекогаш и на нашите улици можат да се забележат ликови чии движења необично потсетуваат на Butoh, ама ним веројатно најмалку им е до уметност, но ете можност за привлекување јапонски туристи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom