Велија Рамковски се враќа во бизнисот

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.463
Поени од реакции
8.660
Возраст
34
Летово во јавноста се појавија информации дека е пуштен Велија од затвор поради здравствени проблеми. Имаше дадено интервју во весникот Слободен пеачт дека план му е да ја врати А1.

Пред неоја недела се појав во јавност информација дека е отворен и затворен стечај за Хедис ДОО
http://emagazin.mk/vesti/vest/40914...hedis-doo-edna-od-фirmite-na-velija-ramkovski

Вчера пак се појави информациј дека се враќа и Хедис маркети
http://emagazin.mk/vesti/vest/40975?title=ekskluzivno-se-vranjaat-hedis-marketite

Дури и на фејсбук имаше страна за Хедис.


Ме интересираа ваши мислења околу сето ова . Дали мислите дека ќе му успее да се врати Рамковски или не ?
 
Штета.:(
Велија беше еден од малкуте (ако не и единствен) добар проект на Груевски, кој проект во морето на криминалии, предавства за личен ќар и диктаторства, не можеше да се види.
 
Ме интересираа ваши мислења околу сето ова . Дали мислите дека ќе му успее да се врати Рамковски или не ?
Ако му дадат да "рекетира" како што му даваа дур беше со Грујо, ќе му врви работата.
 
Одбивно човече сите телевизии имаат газди па никој од нив не се истрчува секој ден да збори на тв ко овој што праеше. Чисто се сомневам и доколку му ја пуштат телевизијата дали би ја гледал некогаш.
 
На Фејсбук пишале Хедис маркетите се враќаат со бла бла бла....и производите со својот препознатлив квалитет:pos::pos::pos:. Велија сам не си верува во квалитетот на канцерите што ги продаваше, а не пак некој друг :pos:
 
Јас верувам дека ќе ги врати Хедис маркетите, а и А1. Хедис маркетите продаваа многу неквалитетни производи, но А1 беше најдобрата телевизија. Ако се врати А1 онаква каква што беше, има и те каков страв да настане меѓу останатите телевизии. Но тоа е добро за нашиве телевизии, затоа што можеби ќе им текне да вложуваат во наши телевизиски производи.
 
Хедис маркетите уствари беа маалски продавнички со Хедис знакче и обврска да набавуваат производи од Велија. Не дека се негови маркетите, па да ги врати.
 
Ако му дадат да "рекетира" како што му даваа дур беше со Грујо, ќе му врви работата.
ако ти должи до 500 евра, ќе ти врати така што на наградна игра ќе добиеш некоја машина за перење ... пари нема...
 
Хедис живееше од дигимон,драгонбол и покемон смоки и корасани , сеа ако сака профит треба сликичиња и жетони од политичариве да става пошто децава не се лажат више ....
 
Како сега да го упикаат зинго у Идризово (или син му) и после 10 години да се врати и да ветува дека „ќе тера бизнис“. За вакви треба перманентна забрана за „бизнис“, повеќе ќар би била државата од тоа него од гниење у затвор (а и од таму не вадат никаква поука).
 
Читав ќе го рушел тинекс и стокомак , па најверојатно и ќе го апселе сопственикот на тинекс и на стокомак заради криминал:facepalm:
 
За ТВ на национално ниво нема слободни лиценци мислам дека сме ограничени на 7 како држава. Мислам дека таков е законот барем кај нас на работа така се збораше од раководството. Треба да купи ТВ сосе лиценца плус сега има далеку поголема конкуренција од тогаш ма да ТВ бизнисот е во загуба. На МРТВ наводно му се заканува одземање на европската лиценца/регионалната исто и дека освен во МК ќе нема право да зрачи надвор од нашите граници
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom