2. Даниил го толкува сонот на Навуходоносора.
27. Даниил му одговори на царот и рече: „Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни маѓапесниците, ни јасновидците ни гледачите.
28. Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Он ќе му отркие на царот Навуходоносор сè што ќе се збидне во последните денови. Твојот сон И она што го видела главата твоја на твоето легло, е ова:
29. Ти царе, на леглото свое си мислеше што ќе се случи после, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ќе се случи.
30. А мене таа тајна ми се откри, не за да бидам помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги узнаеш мислите на срцето свое.
31. Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен.
32. Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.
33. Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени.
34. Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши.
35. Тогаш заедно сè се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја.
36. Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.
45. Бидејќи ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!”
Уште еден цитат во кој се опишува човек со сите негови промени од бебе- златна глава, дете - сребро, период кога е пред пубертет - бронзено или медовно време, пубертет и созревање - железно време и последното период на взаемен живот помеѓу маж и жена кој ќе се помешаат со човечко семе ,но нема да се слеат едно во друго, царство кое ќе бие делумно јако , делумно слабо .
Во деновите на тоа царство ќе се подигне друго царство кое ќе го сруши сите други...тоа е периодот кога човек се наоѓа во утробата на мајката, царство кое не е спомнато како дел од другите.
Многу слично опишувал и Исус кога велел дека има храна која вие не ја знаете, дека не е од овој свет, компаративен опис на тоа царство кое ги руши другите.