Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Бев на Концертот во 2005та. Речиси 80-90% беше исто само што немаше 3Д. На тој во 2005та повеќе уживав зошто незнаев што ќе добијам. Не сум огромен фан на Крафтверк. Но и на овој бев бидејќи на предходниот бев ептен позитивно изнеднаден. Овој беше истотака супер ама немаше фактор изненадување дури и на моменти ми беше досаден па си пиев КокаКола одев во ВЦ итн. Но сепак вредеше за парите. А тоа со мобилните е отров...Само раце горе а се погодија некои високи дечки и се изнагледав на екран. Како и да е задовлен сум. Следно нешто на програма позанчајно ми е Лајбах...пак германски да слушам.Вчера имав еден тон работа, па малце и заглавив, имав време да дојдам дома да се пресоблечам да јадам и одма да излезам, за да стигнам кнап, негде во 20:20. Причина плус зашто не најдов време да се договорам со Тончи и отидов на концертот соло, како и што бев на почетокот.
Генерално си пројдов многу добро и задоволен сум што ги фатив, пред да отидат во пензија. Едина маана ми беше што на поедноставните нумери се осеќаше дека звукот не е доволно силен, додека на оние малце побесните (со повеќе бас) и покомплицирани мене звукот ми беше таман. Друго што ми пречеше на моменти е постојаното снимање и сликање со телефоните, имаше луѓе што не ја симнаа раката од телефонот снимајки и постирајќи, го пропуштија јебениот концерт, али ова е веќе стандардна работа на денешните концерти така да, тоа е.
Германциве точни и систематски, навреме почнување и два часа концерт, без многу паузирање и обесување муда. Првата појака енергија се осети на Man Machine и стварно добро звучеше. После еден од подобрите моменти беше Spacelab и тука 3Д-то беше многу добро, особено на сателитот што го спомна Тончи, она кога се движеше накај публиката мислиш ќе удри во тебе. 3Д-то на некои нумери и го немаше многу и не се осеќаше ама и самите тие визуелни проекции не беа со потенцијал за 3Д, а на некои нумери 3Д-то беше коска, пример нотите што се разлетуваа имаа супер 3Д. Крафтверк немаат некои многу комплицирани визуелизации, претежно минималистички беа проекциите али аранжманот, комбинациите и прелазите знаат да дадат истрипани моменти. На Spacelab исто интересен момент беше летечката чинија низ Скопје и слетувањето нејзино пред Борис Трајковски салата. После нејзе идеше Das Model, така да овие 10-12 минути беа топ. Radioactivity ми беше еден од подобрите моменти на концертот а мислам дека врвот беше после затворање на завесите првиот пат. После саат и кусур свирење се затворија завесите и после некоја минута кога се отворија завестите наместо членовите на бендот беа поставени роботизираните кукли направени според нивниот лик и нормално, почна да иде The Robots, многу јак момент! После ова се вратија германците на бина и отсвирија уште неколку нумери и тоа беше тоа. Се на се супер искуство.
Убаво би било некој што бил на двата концерти, на овој и на тој од пред 13 години да пише искуства и разлика во настапот и сл.