- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 2.702
- Поени од реакции
- 27
- Возраст
- 39
Идејава секогаш наоѓа на отпор од некого, потсмев, но мислам дека е најголемата загуба што Македонија на дневна база си ја дозволува изминативе години.
Имаше очајни обиди за производство на некои автомобили (два поточно) во Македонија. Првиот обид беше некаде средината на 50-тите , тогашниот модел Вардар и пред 5 години ако се сеќавам добро со Макстерот кој како што знам заврши во визбите на машински факултет во Скопје. Се испокарале студентите меѓу себе...
Како што изгледаат работите, производство на автомобили како нов модел овде не успева, што останува за склопување на автомобили овде во МКД?
Лично имам две идеи. Прво, да се креира тим од ентузијасти и да почнеме производство (рачно) на поевтини автомобили веќе познати кај народот. Од тоа што размислив на ум ми паѓаат два модели.
Zastava 750/850 (Фичо) или VW Буба од старите.
VW нема сигурно да прифати повторно производство на старата Буба (кога толку добро им одеше во Мексико), па со голема веројатност би можеле браќата од Застава да ни ги „предадат“ машините и под логото на Zastava да се произведуваат нови Фичовци за цена од 2500-3000 евра парче, со мотори од Yugo Tempo 1.0 или Југо 45 (истото). Ќе имаат подобри решенија во однос на греењето. Застава веќе произведува делови за нив, зошто не целото производство да биде тука?!
Плус тоа секој млад неискусен возач би се определил за НОВО количе од 3000 евра, место да купува некој Golf II скапан или Ford Fiesta...
Има и други модели како Шкода Фелиција, Daewoo Tico, но мислам дека со нив оваа спогодба потешко ќе оди...
Ваши размислувања?
П.С Ве молам не реплицирајте со „абе кој ќе ти прави овде коли, кај ќе ги правиш, за тоа требаат пари“. Има доста невработени машински инженери, ентузијасти... 100 парчиња месечно ќе бидат повеќе од доволно за сам почеток. Место, ...имате колку сакате, пропаднати фабрики (во БТ во една таква направија терен за тенис)...
Деловите ќе се носат од Србија, овде само ќе се склопуваат (ако ги донесат и пресите за произдовство тоа би било супер).