Акустична изолација

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr. Sekach
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 септември 2017
Мислења
13
Поени од реакции
4
Возраст
29
Локација
Skopje
Здраво на сите,

Пред се сакам да се заблагодарам на сите кој ќе споделат мислења и идеи на оваа тема!
Имам прашање во врска со акустична изолација, правам свое студио и имам проблем со ехо. Па сакам да прашам дали некој од вас се има соочено со овој проблем и како можам да се решам од него? Пробав со свои направени панели (рамки од дрво исполнети со стаклена волна и прекриени со памучно платно). Имам направено околу 15 но сеуште го имам тоа ехо, доколку некој има решение ве молам споделете.
 
Колеше јагне кога го изнајми/купи студиото?
 
Картони од јајца или нешто со сличен облик? Обично се користат панели со таков облик за да не го одбиваат звукот и да добиеш ехо.
 
Слични се правеа во Силекс (продавницата им беше во зградата кај Млечен ресторан).
https://djcity.com.au/category/studio-gear/acoustic-foam/acoustic-panels/

Можеш да користиш и дрвени решетки, кои сам ќе ги направиш, или картони од јајца.
https://www.solidrop.net/product/ne...-sound-acoustic-system-3d-sound-diffuser.html
Важно е да немаш мазни површини
 
Можеш да пробаш со сунгер чија видлива страна е обликувана во форма на пирамиди, со табли од јајца, со камена волна или евентуално купи си и опреми си го студиото со акустична изолација. Види тука:)
 
Играј си со позицијата на панелите, стави и на плафон и доле на под строго некој подебел тепих.... не ставај сунѓер, ни табли за јајца, таблите скоро и да немаат ефект а и гадно изгледаат, а сунѓери ептен минимално ако ставаш, ако претераш, ќе ги впијат високите фрекфенции и собата ќе ти стане осетлива на ниски фрекфенции и нема да звучи природно. ѕирни го и сајтов. www.decibel.mk
 
Ви благодарам на сите за вашите одговори! Ми требаше вакви луѓе за помош, фала ви многу! Мојот буџет и не е баш доста голем за да можам тотално да се опремам од децибел и сл. но ќе експериментирам. Уште еднаш ви благодарам многу на вашите идеи и предлози!
 
Па тешко дека само со нив ќе го реши проблемот. Сепак за студио станува збор:)
 
Па тешко дека само со нив ќе го реши проблемот. Сепак за студио станува збор:)
Праша само за ЕХО ако сака за друго има и други решенија.А секоја работа има своја цена.Со табли за јајца не се прави студио.
 
Јас земав од "Decibel" сунгери, доста ми помогнаа и ехото се намали многу! Кога ќе го сликам за да го постирам за оглас, сликите исто така ќе ги ставам и тука да видите што имам направено. А линкот што ми го испрати korka тоа може да го ставам на плафон, али понатека. Фала многу уште еднаш!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom