Кабала и нејзината симболика

  • Креатор на темата Креатор на темата 3DS
  • Време на започнување Време на започнување
Какви се овие женски и машки енергии што се подразбира под тоа?
Телемитите мешаат кабала со источњачки дисциплини и каша попара им е учењето.
Ја у кабала немам сретнато никакви машки/женски енергии. IMO, тоа им е од источњачките влијанија.
 
Телемитите мешаат кабала со источњачки дисциплини и каша попара им е учењето.
Ја у кабала немам сретнато никакви машки/женски енергии. IMO, тоа им е од источњачките влијанија.
Кои книги за кабала? Кај кои автори не си сретнал? Златна Зора и Теозофите е твојата кабала?
Лесно е „овие Телемитите се погрешно прават“ и враќање назад во дувлото без да кажеш кои автори не спомнуваат дуалност во кабалистичките учења...
Ќе може да дообјасниш без да обвинуваш вака недолично :)

Ако не знаеш дека во кабала има male-female спреги - враќај старите и набави нови книги за да „сретнеш“ конечно вакви енергии :)
 
Последно уредено:
Кои книги за кабала? Кај кои автори не си сретнал? Златна Зора и Теозофите е твојата кабала?
Лесно е „овие Телемитите се погрешно прават“ и враќање назад во дувлото без да кажеш кои автори не спомнуваат дуалност во кабалистичките учења...
Ќе може да дообјасниш без да обвинуваш вака недолично :)
Можам.

Не мора Златна Зора и Теозофи.

Класична кабала (Лајтман, Берг... ) воопшто нема такви машки/женски енергетски асоцијации за Gevurah и Netzach. Но секако, ние збориме за кабалата од магијскиот препород, херметичката кабала.

Еве Форчн, на пример. Централно дело (за кабалата) и е Мистична кабала, каде детално го опишува сефиротот. Ни во обемниот текст за едната, ни во текстот за другата сефира, нигде нема никакви јинг-јанг машко-женски аналогии. Ваљда ја имаш книгата и можеш да видиш.
Напротив, ако го видиш магијскиот приказ/претстава на Netzach (кој Ипсисимус, односно вие телемитите, го поврзувате со некакви источњачки јинг машки енергии), ќе видиш дека е - млада убава гола жена. (што нема врска со ова со енергиите, ама го спомнувам како интересен факт)
 
Не можеш. Сега јас треба да вадам од книгите да ти покажам дека има машки и женски принципи во кабала... и тоа уште во Зохар и дамнешните кабалисти од Шпанија на пример...
Гершом Шолем не се заморува со магиЈски ствари, го презира Кроули, Форчн и останата за него се багра... и зборува за дуалности...

Сигурен си дека кај Лајтман нема? Кое учење го проповеда Лајтман, со него расчистив одамна уште во првите видеа ми беше одбивен и премногу... површен, како да ги лаже намерно луѓето. Таков впечаток имам.

Сега зборуваме дека нема воопшто дуалност во кабала машко женско или за овие сефироти само? Ако има за другите, има и за овие... не може да има исклучоци, светлината не прави скокови ;)
Некако го модифицираш претходното навредливо дрдорење кон Телемитите и сега дуалност нема само кај овие сефироти...
Ти спомна дека машки женски принципи не си сретнал во кабала, не за одредени сефироти!!!


Има дуалност, има машки/женски принципи... тоа што не си сретнал, можеби не си прочитал добро...
 
Почнавме општо а сега конкретно веќе зборуваме за цитатот од Ипсисимус и јин-јанг аналогиите со двете сефири.
И да спомнува некој машки/женски енергии, ја не сум налетал нигде никој така да ги поврзува со тие две сефири. Ни Форчн, ни Бардон... Е сега, кога има некој кој меша источњачки со западни дисциплини и филозофии, може свашта да има. Има разни автори кои свашта зборат.

Ја тврдам дека вашето учење е галијаматас (не може да се мешаат западни со источни дисциплини) и затоа немате успех практичен. На пример, ниту еден телемит што го знам нема ама баш никаков успех на полето на егото. Не само ти тука, туку буквално сите што ги знам.
 
Почнавме општо а сега конкретно веќе зборуваме за цитатот од Ипсисимус и јин-јанг аналогиите со двете сефири.
Ти почна само за да ни кажеш како ние, страшните Телемити, мешаме сешто и ништо не е како што зборуваме и дека кабала нема ништо со истокот. Ти не знаеш за кабала каква историја има, не те интересирало никогаш тоа, освен романтизмот и дрвото на животот.

Дуалност како машки/женски принцип постои во кабалата.
Целата ствар во философијата во кабала е дуалност, две спротивни нешта соединети во едно. Нормално и философиите како од Ништо како настанале 10000 светови...

Ако треба да ти вадам цитати и да ти објаснувам - ќе бидам како уште еден Лајтман. :D

Врати се на книгите и ќе видиш дека има аналогии, иако мене не ми се допаѓа неговото (@Ipsissimus) на пример објаснување за јинг и јанг како машко/женско, со позитивни и негативни енергии... тоа лошо го примаат луѓето во нивниот свет на разбирање на нештата... :)
И што има лошо аналогијата со источните учења и кабалата? Погрешна е или не ви се допаѓа што вам не ви текнало да поврзете разни учења за да си објасните нешто подлабоко? :)

П.С. Кој ти довери тебе должност да определуваш кој кај е со егото, животот и патот што го оди? :) Големиот Дондарион, изгубениот христијанин во кабалата, поставен за чувар на Телемитите немој некој да се победи самиот себе!
Телемит не се заморува со работата на другиот...


Да ти удрам еден цитат од нашите книги, бидејќи христијанството сеуште ти е силна алка која те влечка по патеките на судење на другиот!
Вака:
„Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?“
-
Liber Librae svb figura XXX
 
Последно уредено:
@Хептаграм XI ќе одговориш на моето прашање?
Какви се тие енергии на кои им се даваат полови карактеристики? Или е само метафора и синоними за јин и јанг?
 
Симболи, да се објасни нештото што е непознато со познати работи за оној кој за прв пат се среќава со сето тоа.
Потоа секако со подобро запознавање со симболизмот и философијата (а и практичната работа) се добива нормално и почиста слика за тоа „машко/женско“, „позитивно/негативно“, зошто потреба од сето тоа...
Им се даваат спротивни карактеристики... како дел од Едното. Дали полови, дали црно бело дали живо мртво дали љубов омраза... ме разбираш?

Но да се каже дека нема таква работа во кабала - е намерно зборување погрешно, за да се каже нешто друго, а да си на темата... човек измислува глупости за да задоволи свој хир да навреди некој бесцелно. :)
 
Но да се каже дека нема таква работа во кабала - е намерно зборување погрешно, за да се каже нешто друго, а да си на темата... човек измислува глупости за да задоволи свој хир да навреди некој бесцелно. :)
Никакви машки/женски енергии, посебно не кај тие сефири не сум сретнал ни кај Форчн, ни кај Бардон.

Вие може да си имате свашта измешано у вашето учење. У кабала нема такви енергии асоцирани ни кај едната, ни кај другата сефира.

На крајот од краиштата ова е тема за кабала, а не тема за кабала и источњачки учења.
 
Реков стави си книгите пак на маса и учи. Ако за тебе нема, нека ти биде... што сега ме заморуваш и се обидуваш да ти го олеснам патот и да ти кажам каде да читаш за да видиш дека грешиш во ова? :)
Бардон и Форчн тој ми ги спомнува... големите кабалисти. Тие се магичари, западна философија :)
Иницијанти од друга страна, не смеат сешто да напишат заради завети - што се потпираш на нив? Подобро би биле тие во грешка отколку тебе да ти разјаснат одредени работи, кои можеби веќе се напишани само некој треба да ги состави коцките.

Мисли малку... аман значи со вакви твои муабети.
Всушност, ајде нека биде како што ти велиш... така е, ајде....

П.С. Ова е тема за Кабала и нејзината симболика ;)
 
Последно уредено:
Какви се овие женски и машки енергии што се подразбира под тоа?
Немора буквално да се сфаќа, се мисли на дуалност, баланс.
Ако од целиот пост го изоставиш она што ги опишува карактеристиките и се фокусираш само на тие зборови, нормално дека нема да го разбереш постот.
 
Немора буквално да се сфаќа, се мисли на дуалност, баланс.
Ако од целиот пост го изоставиш она што ги опишува карактеристиките и се фокусираш само на тие зборови, нормално дека нема да го разбереш постот.
Тоа само ме интересираше дали е буквално или метафора.
 
Тоа само ме интересираше дали е буквално или метафора.
Неможе да биде буквално....треба прво и основно да се сфати разликата помеѓу езотерија и егзотерија, помеѓу метафизика и физичка реалност. Ако тоа не го разбереш, џабе ќе губиш време. Тоа е и причината што кабалата неможе да се асоцира со христијанство, бидејќи мејнстрим христијанството (православие, католицизам и протестантите) ја интерпретираат библијата буквално. За нив ,,дрвото на животот" на пример или дрвото за спознавање на доброто и злото се буквални дрва.... Тоа е нешто кое @Beric Dondarrion тврдоглаво го игнорира со години.
 
Kабалата може да се асоцира и се асоцира со христијанство, а православието и некои други христијани не ја толкуваат библијата буквално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom