Почнавме општо а сега конкретно веќе зборуваме за цитатот од Ипсисимус и јин-јанг аналогиите со двете сефири.
Ти почна само за да ни кажеш како ние, страшните Телемити, мешаме сешто и ништо не е како што зборуваме и дека кабала нема ништо со истокот. Ти не знаеш за кабала каква историја има, не те интересирало никогаш тоа, освен романтизмот и дрвото на животот.
Дуалност како машки/женски принцип постои во кабалата.
Целата ствар во философијата во кабала е дуалност, две спротивни нешта соединети во едно. Нормално и философиите како од Ништо како настанале 10000 светови...
Ако треба да ти вадам цитати и да ти објаснувам - ќе бидам како уште еден Лајтман.
Врати се на книгите и ќе видиш дека има аналогии, иако мене не ми се допаѓа неговото (
@Ipsissimus) на пример објаснување за јинг и јанг како машко/женско, со позитивни и негативни енергии... тоа лошо го примаат луѓето во нивниот свет на разбирање на нештата...
И што има лошо аналогијата со источните учења и кабалата? Погрешна е или не ви се допаѓа што вам не ви текнало да поврзете разни учења за да си објасните нешто подлабоко?
П.С. Кој ти довери тебе должност да определуваш кој кај е со егото, животот и патот што го оди? Големиот Дондарион, изгубениот христијанин во кабалата, поставен за чувар на Телемитите немој некој да се победи самиот себе!
Телемит не се заморува со работата на другиот...
Да ти удрам еден цитат од нашите книги, бидејќи христијанството сеуште ти е силна алка која те влечка по патеките на судење на другиот!
Вака:
„Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?“
- Liber Librae svb figura XXX