Осигурувањето во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Осигурувањето овозможува економска заштита на осигурениците(правни и физички лица) од штетните дејства и економските пореметувања до кои доаѓа кога ќе настане осигурениот случај,односно кога ќе се оствари ризикот во сите фази на општествената репродукција или во секојдневниот живот на луѓето.Осигурувањето,во суштина претставува здружување на сите кои се изложени на иста опасност со цел заеднички да ја поднесат штетата која ќе им се случи само на некои од нив.Се темели на начелата на взаемност и солидарност.Се дели на животно и имотно осигурување.
Во нашата земја,овие дефиниции за осигурувањето би можеле да ги дефинираме на следниов начин:" Здружување на средства (без доброволна основа,некаде),за во случај на остварување на осигурениот случај,економската заштита да ја добие оној,кој немал или имал минимални штети (се разбира со врски кај проценителот на штета со кој подоцна се дели 50/50),а оној што ја претрпел штетата да оди по судови(за свои пари),за на крајот да добие оштета помала од судските трошоци."
Зошто кај нас осигурувањето не функционира како во европските земји и некои балкански земји?!Затоа што довербата на луѓето во осигурителните компании е изгубена(поради погоре спомнатите причини),затоа што работат по застарени принципи без соодветен маркетинг,менаџментот не е променет од времето на Југославија и работат по принципот продавање магла.
Развојот на осигурувањето носи огромни приходи на државата,сигурност на граѓаните и слободни средства за инвестирање,кои им остануваат на осигурителните компании.
Зошто никој не се погрижи околу осигурувањето во оваа земја?
 
Не е тоа моја струка, но би сакал да искоментирам.
Осигурувањето кај нас сеуште не е тоа што би требало да значи во вистинската смисла зборот осигурување (барем во некои сегменти,како на пр.патнички возила од Македонија во Р.Бугарија).
Треба да им се подготви почва за влез на осигуривачки куќи како AIG,Allianz...и други такви од светски размери.
 
НЕ ни до квалитетот ниту до реномираноста на осигурителните компании туку едноставно поради сиромаштијата на народот. Кога повеќе од 50% од населението би припаѓале на онаа средна класа (по критериум на примања) на граѓани, тогаш и повеќе од луѓето би имале и што да осигураат, сега што ќе осигуруваат, стари коли, што купени пред 15 години што на старо, колку само да се има превоз? Ај кажи ми што прво би правела, со 12000 денари месечно, би купувала храна или би осигурувала имот?
 
За одење во странство е задолжително осигурување. Но џабе е ако ви се случи да загубите багаж (или дел од багаж) при превоз со авион. А тоа значи - џабе ви е осигурањето.

Имав таква случка брзо, ми загубија дел од багажот од авиопревозникот. Прибор за хигиена, и една патика (од патики кои коштаат 5000 денари). И нормално, од авиокомпанија ми рекоа ако ти е осигуран багажот, побарај од осигурителната, ми дадоа и секакви потврди дека е загубен, а од осигурителна ми рекоа (иако си платив од поскапото осигурување) дека авиокомпанијата е одговорна, таа треба да ти покрие.

Најповеќе жал за патиката ми беше, ептен скапо ги платив, малце ги носев, и само една ми изгубија, другата за спомен ми остана. Им однесов триста потврди и документи и пак не ми го одобрија барањето, наводно не одговарале за превоз од други лица (демек авиокомпанијата е крива, па ние не ти даваме пари). Епа зошто се вика тогаш осигурување?

За друг тип осигурување не можам да кажам, ама да пазите на малечките делчиња во кои пишува што не е покриено. „Осигурување од пожар - големи букви, и со мали има (ако случајно се запали печката од комплетно нова електрична инсталација, и некоја сила ја турни наопаку, и се докаже дека осигурачот на печката не функционирал во тој момент...)“. Се друго не се прифаќа. Давам пример на што да пазите, од вакви работи осигурањето може и да не вреди ич.

И пазете, скијање им е во екстремен спорт :)
 
Бацилиус,се сложувам со тебе дека на развој на осигурувањето влијае и стандардот на граѓаните.Но тоа е за делот на имотното осигурување,нема секој 3000 денари годишно да одвои за станот да си го осирура од пожар(само од пожар,секоја дополнителна опасност се доплаќа).Но има повеќе граѓани кои можат да одвојат 50 до 100 денари месечно,за да се осигураат од повреда.Но проблемот е што нема доверба во компаниите,зошто и да се повредиш,да скршиш,нога ,рака,треба да фаќаш врски кај специјалистот да ти пише точно како е.Има правила и принципи во работењето на осигурителните компании,кои се со закон определени,но кај нас не се споведуваат.Оние што се проценители се набогатите луѓе,немора да објаснувам зошто.За возилата е најмал проблем,ти требаат две-три години да добиеш оштета,но за стан,потешка повреда или смрт во најтежок случај,ќе преседиш на улица неколку години,додека во европа они се должни да ти најдат сместување ако останеш без дом,и во најбрз временски период добиеш оштета,тоа е и целта на осигурувањето нели?
А за изгубениот багаж е должна осигурителната компанија да ти ја исплати оштетата,но прецизно е определено до колку максимално се исплаќа.Но зошто да ти го исплатат и тој дел,кога можат да ти речат дека не се должни,нали?!За секоја потпишана полиса за било кој вид на осигурување,има можност за тужба,но кај нас и судовите се брзи и праведни,така да,џабе ти е се,ако немаш пријател кој работи во осигурителна компанија да реагира.
 
cYb3rc0re напиша:
За одење во странство е задолжително осигурување. Но џабе е ако ви се случи да загубите багаж (или дел од багаж) при превоз со авион. А тоа значи - џабе ви е осигурањето.
За багажот исто така треба да се пазат малите делчиња во полисата, како што имаш спомнато подоле во постот. Конкретно, во ЕУРОЛИНК багажите се осигурани од кражба (провална и од моторно возило) и доцнење, а не губење! Ако авиокомпанијата го загуби багажот, без разлика дали имаш осигурување, самата авиокомпанија е должна на тебе да ти исплати компензација. Првиот чекор е, штом по слетување ја нема твојата торба, веднаш се прави baggage claim, а што понатаму се случува зависи од авиокомпанијата. Со која леташе ти?

Кога сум кај ЕУРОЛИНК, а верувам дека е исто или слично и во другите осигурителни компании, задолжителното осигурување за итни случаи,кога се оди во ЕУ и кое покрива трошоци до 30.000 евра, не вреди т.е. самата полиса има цака за случаи кога стварно ти треба итна помош. Пример, те удира автомобил и ти со скршеници и други повреди, во бесознание, со помош на хитните служби, го преживуваш случајот. Од болницата ти даваат фактура, заедно со отпусна листа, и ти одиш во ЕУРОЛИНК да ги доставиш документите за да овие ги платат трошоците. Е нема да може, оти од моментот на настанот, во рок од 24 часа, ти или луѓето од болницата не се имате јавено за да побарате одобрување од ЕУРОЛИНК за укажување на хитна помош. Ти следуваат само 150 евра отштета! Фино лепо напишано на страна 11 и 12, одел 2, здравствена помош и осигурување.

Решение е привремена тетоважа на различни делови од телото, на англиски да се напишат инструкции околу осигурувањето :tapp:
 
Мислам дека е соодветна темава,па ќе напишам во неа.
Пред 2 недели учествував во тепачка,т.е. ме претепаа.Извадив уште вечерта лекарско и пријавив во полиција.Е арно ама случајов осеќам дека се забошотува и не гледам решение во приватна тужба,поради добро познатите причини со "правната" држава кај нас!
Апсолвент сум и еден колега ми рече дека имам право да побарам оштета од осигурувањето на факултет кое го плаќаме при упис во 1-ва година!
Дали некој знае нешто повеќе од искуство со ваква работа,па би можел да ме поучи?!
 
Мислам дека тоа важи само за просториите во факултет да не ти се случи нешто.Сепак прашај во компанијата која ја кешира факултетот.На крај краева лажи дека таму се случило во дворот :)
 
Мислам дека тоа важи само за просториите во факултет да не ти се случи нешто.Сепак прашај во компанијата која ја кешира факултетот.На крај краева лажи дека таму се случило во дворот :)

Една друга колешка падна од мотор,и тоа во друг град,и доби оштета од факултет.Не стојам најдобро со неа иначе би ја прашал:)!Ок,сепак фала!
 
Nemav zabelezano deka ima tema za osiguruvanje.
Mnogu ima sto da se napise no jas bi posocil samo na eden poprilicno golem i sega za sega neresliv problem :(
Del nesto se cepna so bigorski pozarot no sepak..
Znaci vo RM e nevozmozno da osiguras bilo kakvo umetnicko delo, od prosta pricina sto nema institucija, kuka ili bilosto ovlasteno da izvrsi kataloziranje na umetnickite dela.. sto e strasna rabota. No i da ima nacin da se proceni nekako vrednosta osiguritelnite kuki ednostavno begaat od ovie aranzmani.
Da ne spomenuvam sto materijalnata evidencija i vrednostite prikazani vo nasite institucii pa i golemi kompaniii se ednostavno nerealni.. i konecno ponudata na osiguritelnite kuki vo koisto dominira albanskiot kapital ednostavno ne se trudat da ja promoviraat ili zbogatat i sl. .. da go zememe samo primerot so zemjodelskoto osiguruvanje i se ke ni e jasno neli? :)
Tolku za sega ama ako ima nekoj informacija so kataloskive vrednosti ili ako ima nekoj akt vo posledno vreme da ne znam bi mu bil mnogu blagodaren.
 
Мислам дека е соодветна темава,па ќе напишам во неа.
Пред 2 недели учествував во тепачка,т.е. ме претепаа.Извадив уште вечерта лекарско и пријавив во полиција.Е арно ама случајов осеќам дека се забошотува и не гледам решение во приватна тужба,поради добро познатите причини со "правната" држава кај нас!
Апсолвент сум и еден колега ми рече дека имам право да побарам оштета од осигурувањето на факултет кое го плаќаме при упис во 1-ва година!
Дали некој знае нешто повеќе од искуство со ваква работа,па би можел да ме поучи?!

Мислам кога ќе се донесе судско решение односно кога ќе бидат и официјално виновни тепачите имаш право да бараш некоја оштета.

За посигурно појди во правна помош ќе ти одговори некој таму подетано
 
Мислам кога ќе се донесе судско решение односно кога ќе бидат и официјално виновни тепачите имаш право да бараш некоја оштета.

За посигурно појди во правна помош ќе ти одговори некој таму подетано


Да,знам дека имам право на оштета ако добијам судски спор,меѓутоа мислев на осигурување.Фала сепак.
 
Да,знам дека имам право на оштета ако добијам судски спор,меѓутоа мислев на осигурување.Фала сепак.

Јас во основно школо си ја скршив ногата пред зграда во летен распуст.Со снимки,потврда од доктор и многу врски добив оштета од осигурителна куќа.
Било и ќе остане паразитско нашето осигурување.Осигурување на културно наследство постои само во книгите :)
 
Јас во основно школо си ја скршив ногата пред зграда во летен распуст.Со снимки,потврда од доктор и многу врски добив оштета од осигурителна куќа.
Било и ќе остане паразитско нашето осигурување.Осигурување на културно наследство постои само во книгите :)

Можеби имам право,можеби не!Кај нас ретко кога си ги знајме правата,ама то е!
Се надевам ќе најдам некој да ме советува : )
 
Можеби имам право,можеби не!Кај нас ретко кога си ги знајме правата,ама то е!
Се надевам ќе најдам некој да ме советува : )

Правилото е јасно и гласно.Оние пари кој ги даваш за осигурување на факс важат само за несреќа во склоп на факултетот (да ти падне таван,да паднеш по скали,да наиде поплава:) )Затоа и сумата е мала и симболична.
Е бидејќи ова е Македонија,ти ги кажувам начините како да им земеш пари (лажење,врски и слично) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom