Жолтка,Мацко,Мацка те викавме секако.
Кога те видов на сликите,само кога имаше една недела,веднаш се заљубив во тебе,а не во твојот брат.Ти беше лудо маче кое не знаеше за да застане со игра,со лудување,застануваше само за јадење,и за спиење.Кога дојде во мојот дом,кога плачеше по мама и по бато,и јас со тебе заедно плачев,но тоа траеше кратко,бидејќи ти веднаш го покажа своето право лице,почна да дивееш,а потоа кога се измори ,ми дозволи да те држам,и кога прв пат заспа кај некој во раце.
Неколку вечери по ред легнував кога и ти заспиваше,за да можеш и ти,и јас да спиеме.Се разболе,фати глисти,ама тоа беше мала работа,живееше надвор некој месец,но беше пре паметна да не се оддалечуваш предмногу од дворот.Последен пат те видов два дена одкако се вратив од болница,а потоа некој те украде.
Верувај,само да ми падне во раце ѕој што те зема,има крвнички да го претепам.
Поздрав мило мое,се надевам сега каде што си ти е подобро
