Предлог средни училишта во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Simpatichna
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 мај 2017
Мислења
14
Поени од реакции
5
Здраво на сите.Оваа година братучетка ми завршува основно училиште во Тетово но бидејќи родителите работат во Скопје таа ќе учи средно тамо.Е сега ја во нејзино име ве прашувам бидејќи таа не е членка на форумов некој предлог,искуства за професори и подобри средни во Скопје.Благодарам од напред. :)
 
Се е до тоа што она сака да учи, дали гимназија или нешто стручно, и ако веќе се ослучи за нешто стручно што е тоа што сака да биде.

Еве тука имаш листа на сите средни училишта во Скопје, како и линкови до нивните страни каде е поопширно опишано што и како се учи:)
 
Здраво на сите.Оваа година братучетка ми завршува основно училиште во Тетово но бидејќи родителите работат во Скопје таа ќе учи средно тамо.Е сега ја во нејзино име ве прашувам бидејќи таа не е членка на форумов некој предлог,искуства за професори и подобри средни во Скопје.Благодарам од напред. :)
Асуц, ќе си стане ко човек автомеханичарка.
 
Исто срање се сите гимназии ако прашуваш за нив, сем Корчагин изгледа што држи уште каков таков критериум, јас би препорачала да се запише каде што и е најблиску до дома.
 
што поблиску до дома тоа подобро, орце и корчагин се исто срање мање више, металното здравје е многу поважно од оцените.
 
Во Орце ќе извади 5.00 многу полесно него Корчагин (тука еквивалент е 4.00 за ист труд), ама потенцијално знање секако повеќе има во Корчагин. Е сега дали и колку ќе и треба знаењето конкретно е друга работа. Со work ethic во Корчагин дефинитвно ќе се стекне, за Орце незнам. Импресијата ми е дека е така шалабајзерско школо Орце, имаше муабети дека недела дена би ослободени за први април на пример, ама немам искуства од прва рака.

Битна работа, сега за 2017-18 во Корчагин 70 посто од професорите што ќе земат прва година се најдобрите од секој предмет- Нора, Роска, Ничота и Атанас, иако не сум најсигурен за него, меѓу другите, кога би бирал пак со овој памет и информации, пак Корчагин ќе го изберам.

Екстра- на директорувањето на Јоцо му се ближи крајот. :)
 
Атанас е супер професор, што би рекле -- жива енциклопедија, плус многу го почитувам.
 
Добро си е и орце,моја генерација најквалитетни деца извадија. Тие две,ѓорѓи,карев и јбт. Не би препорачал друга гимназија,а ни стручно ако планира на факс да иде.
 
Зависи дали учи,некаде бараат многу учење
 
Атанас е супер професор, што би рекле -- жива енциклопедија, плус многу го почитувам.
Не сум сигурен-како не сум сигурен дали ќе земе прва. Нема сомнеж дека си е профи типот.
 
што поблиску до дома тоа подобро, орце и корчагин се исто срање мање више, металното здравје е многу поважно од оцените.
Колку што иам приметено, ништо не ми фали мене, а и тие луѓе со кои што сум уште во контакт од средно. :D

Во врска со темата, зависи какви аспирации има. Прво нека си реши дали сака гимназија или некое од стручните. Второ, и кај едните и кај другите реално има поквалитетни и помалку квалитетни средни школи. Фактор игра и локацијата, но нека не гледа само тоа. Мојот предлог ќе биде Корчагин, од едноставна причина што имам завршено таму релативно скоро, многу океј школо е. Ништо нема да изгубиш ако запише и Орце/Димитров/Карев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom