Совети за фарбање велосипед

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Веќе видов дека има тема за точак, но оваа ја отварам стрикно за совети за делови,фарбање...
Ако мислите дека треба да се спои спојте ја :(.

Еве да прашам од искусните кои фарбале точак... Пред едно 2 недели бев на водно со точак до крст и на враќање пред средно водно паднав :pos: го изгребав премногу е сега сакам да го фарбам металик боја мислам ваква е сега барам совет од вас дали со спреј или пак некаде да го носам ... ама би сакал да биде поефтино :D. И друга работа треба да купувам нов ланец ... па ако има некој кој добро се разбира да ме упати. добар квалитетен ланец да купам и до колку пати истиот.
 
Спреј ако сакаш сам да го правиш, што не е некоја тешка ствар. И земи стави си нешто заштита на лице, ќе се изнадишеш отрови. И очи истотака.
 
Веќе видов дека има тема за точак, но оваа ја отварам стрикно за совети за делови,фарбање...
Ако мислите дека треба да се спои спојте ја :(.

Еве да прашам од искусните кои фарбале точак... Пред едно 2 недели бев на водно со точак до крст и на враќање пред средно водно паднав :pos: го изгребав премногу е сега сакам да го фарбам металик боја мислам ваква е сега барам совет од вас дали со спреј или пак некаде да го носам ... ама би сакал да биде поефтино :D. И друга работа треба да купувам нов ланец ... па ако има некој кој добро се разбира да ме упати. добар квалитетен ланец да купам и до колку пати истиот.
Најубаво е да ти го офарба некој професионалец, но ако сакаш да поминеш поефтино како што викаш тогаш купи си средство за отстранување на старата боја (демол - пази опасен е на гола кожа - стави ракавици и заштитни наочари). Откога ке ја извадиш убаво испери го рамот и со ситна шмиргла изшмирглај го. Следен чекор е прскање со прајмер т.е. основна подлога и откога ке се исуши удри му 3 слоја боја ама внимавај како ја аплицираш да не ставиш премногу па да се растече (после секој слој почекај едно 20 минути). Кога ке се исуши добро (едно 24 часа) земи најситна водена шмиргла и нежно шмирглај кај што има нерамнини на бојата и испери го. И за крај испрскај го со сјаен проѕирен лак едно два слоја за да ја заштитиш бојата и остај го да се суши. Не е лесно, но ако направиш се како што треба ке добиеш боја како од фабрика. :)
 
Фала ти премногу и секоја чест (y) :vozbud: инаку ова ќе го направам се надевам дека добро ќе поминам само колку пари кошта тоа демол?
 
Околу 250-350 денари за кантичка од 300-500 ml, го имаш во секоја продавница за бои и лакови. Се нанесува со обична четка врз старата боја и после 10-15 минути набабрува целата. Пази немој да го нанесуваш на пластични/гумени делови, веднаш ги разјадува и топи. :)
 
И ајс сакам да го префарбам мојот точак, и се надевав дека ќе налетам на поедноставна постапка, ама комлицирано е.. Сепак е тоа работа за професионалец.
 
Фала ти премногу и секоја чест (y) :vozbud: инаку ова ќе го направам се надевам дека добро ќе поминам само колку пари кошта тоа демол?
Не се надевај дека ке го офарбаш како што треба не е така лесно:)
 
Треба пракса, не викам дека не. Од почеток правев лом ама сега се испраксирав (не на велосипеди туку нешто друго ама постапката е сосема иста) и не е толку тешко како што изгледа на прв поглед. :)
 
Познавам човек кој се бави со фарбање коли ама исто така и точаци и мотори. Феноменално работи, барем тоа што го имам видено. Фарба и во нијанси, црта апликации, текст...
Ако си заинтересиран, може да ти дадам контакт.
 
Денеска возев на водно и се врќав од задната страна кон Соње. Се убаво беше додека не го промашивме патот и кога дојде да се вози по стрмни козји патеки со остри камења. Сум возел off-road скоро секаде ама вакво патешествие не сум имал. Два саата се симнувавме надоле, кога ги пипнав дисковите доле во Кисела вода исто како рингла од шпорет да допрев, сигурно ке светеа во темница :LOL: , а може и нови плочки да ми требаат. Битно се помина Ок освен што го утнавме патот и добро се помачивме да се симнеме. Да не спомнувам дека од сонцето ми изгореа рацете и лицето па сега сум црвен како рак. :facepalm:

Другар ако си за на Водно другата недела пиши или на темата што е собиранки за возење велосипед на различни локации :D
 
Сега видов дека сум ја утнал темата т.е. сум постирал на погрешно место. Инаку ако одам на Водно следниот викенд ке пишам во Возење велосипед. Кој сака да дојде "бујрум". :)
 
Јас сум за пиши ми кога мислиш да одиш :D. радо би дошол.
 
Немој да брзаш, ќе ја извадиш бојата ептен убао, примарна, па шмиргла онаква водена па со спреј и од далеку да не ти се растече. Не е нешто претешко, само стрплив треба да си. :)
Еве мојот како го офарбав јас. :)
Picture 048.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom