Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.347
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Се мислев каде темава да ја отворам... Историја ми се чини како најприкладно место за тоа. Маливе да се едуцираат за некои работи, постариве да се потсетат.
Едно време, живеевме во т.н. социјализам. Е, тогаш, меѓу СФРЈ и НРБ имаше средби на граѓаните од пограничните места, кои популарно се нарекуваа „Свиждане“ (Видување?!)
Тоа беше цела свеченост. Обично беше сабота или недела, цела недела пред тоа на локалното радио одеа соопштенија од типот „не сушете алишта на терасите од куќите и зградите на ул...ќе се одржи традиционалното „Свиждане“.
Најпрвин се среќававме на самата граница со соседите, како некоја форма, говори се држеа. Потоа, границата се минуваше само со лична карта, и или одевме, или ни доаѓаа гостите од Петрич.
Продавниците беа отворени, иако недела на пр. Најчесто кога идеа во Струмица гостите купуваа гуми Тигар или Трајал, кои за нас беа не баш квалитетен избор, но за тогашни Бугарски услови квалитет, квалитетен текстил и облека, Вегета, мастики Софти, свилени (најлонски) хулахопки...
Ние кога одевме, баравме евтино крзно, трикотажа која навистина беше квалитетна, сирење од оние кантичките бели, со зелено и нацртана крава или овца и неизбежната ТАХАН ХАЛВА во лименки со нацртан сончоглед. Исто така и се друго бидејќи беше многу поевтино во споредба со цените кај нас, како на пр. Чинии, тенџериња, прибор за јадење...и се тоа со изгравирани цени во левови на самиот производ, една од придобивките на класичниот советски модел на договорна економија.
И, во центарот на градовите домаќини, имаше бина, обавезно закачени сликите на Тито и Бај Тошо, и имаше говори на високи лица од двете страни, играорци, групи...забава за народот.
Ова, само како потсетување за едни минати времиња, како што напомнав, оние кои го доживеале тоа да се потсетат, оние кои не, да научат.
Последното „Свиждане“ мислам дека беше 1989 год. пролетта.