Технологијата некогаш, денес и во иднина.

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.448
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Уредите и гаџетите кои што ги користиме денес биле радикално различни кога првпат биле измислени, претставени на јавноста и популаризирани години или декади наназад. Еве како дел од технологијата се трансформирала:

1) Флопи диск vs USB

vest_2_tehnologija_1.jpg


Порано, за да се сместат 256GB податоци, би биле потребни 213 000 индивидуални флопи дискови со големина од 5’25 инчи, секој од нив со капацитет од 1.2 MB. Денес за истата количина податоци е потребен еден USB драјв од 5cm.

2) Книги vs Kindle

vest_2_tehnologija_2.jpg


За 1400 книги со тежина од околу 0.5kg би бил потребен простор колку половина автомобил. Во споредба со тоа, најефтиниот Kindle читач за електронски книги може да ги содржи истите во дигитална форма.

3) Автомобили

vest_2_tehnologija_31.jpg


Првиот автомобил Ford Model T бил претставен во 1908 год., имал 20 коњски сили и максимална брзина од 72км/ч. Супер автомобилот Ford GT кој треба да се појави на пазарот во 2017 ќе има 600 коњски сили и максимална брзина од 320км/ч

4) Пејсмејкер

vest_2_tehnologija_4.jpg


Традиционалната процедура на вградување на пејсмејкер вклучувала отворање на градниот кош и вградување на уред со големина на доларска монета и 60cm жица. Денес, пејсмејкерите се со големина на капсула која може да биде вметната во срцето преку вена и целата електроника е во неа, батериски напојувана.

5) Телевизори

vest_2_tehnologija_5.jpg


Моделот на телевизор Admiral во 1948 имал 7 инчен црно бел екран со резолуција од 653x499 пиксели. Денешните 4K телевизори со ултра висока дефиниција имаат минимум резолуција од 3840x2160 пиксели, а големината може да им е и до 2-3 метри.

6) Протетика

vest_2_tehnologija_6.jpg


Раните протетички додатоци биле направени од дрво, железо и кожа и биле толку гломазни и тешки да практично биле неупотребливи. Денешната моторизирана протетика нуди огромна слобода на движењата, и може да биде контролирана преку апликации, преку нервите од телото, па дури и преку мисли.

7) Видео камери

vest_2_tehnologija_7.jpg


Камерите на Kodak од 1965 содржеле 8mm филм, на кој што можеле да се снимат до 2.5 минути со брзина од 24 фрејма во секунда. Денешната GoPro HD Hero камера има SD картичка од 32GB која може да сними видео во резолуција од 1080p во времетраење од 4 часа и 21 минута, со брзина од 30 фрејма во секунда.

8) Преносни компјутери

vest_2_tehnologija_8.jpg


Првиот портабл компјутер бил наречен Osborne 1, создаден од Adam Osborne во 1981. Тежел 10kg, имал екран од 5 инчи и чинел $1795. Денешните лаптопи се тенки, тежат и по 1kg, имаат екрани осетливи на допир и исклучително моќни процесори, а повеќето од нив чинат и помалку од $1000

9) Мобилни телефони

vest_2_tehnologija_9.jpg


Првиот мобилен телефон бил направен во април 1973 од Martin Cooper, истражувач од Motorola. Tежел 1.1kg, бил долг 23cm, а на него можело да се зборува до 30минути по што му биле потребни 10 часа за да се наполни батеријата. Денес има над 150 произведувачи на мобилни телефони, кои се со разни големини (обично до нешто над 6 инчи) и имаат перформанси како просечен компјутер.

10) Калкулатори

vest_2_tehnologija_10.jpg


Направен во 1946, првиот компјутер наменет за математички калкулации ENIAC тежел 30 тони, бил сместен во просторија од 9 x 15 метри, а се состоел од 17 000 вакумски цевки, 70 000 отпорници и 10 000 кондензатори. Модерните калкулатори почнале да се произведуваат во 1970-тите откога бил развиен првиот микропроцесор на Intel, за јапонската компанија Busicom. Денес, џебните калкулатори на Texas Instruments поседуваат огромна пресметувачка моќ, а се со големина на смартфон.

Текст од Idividi за кој ме потикна да ја отворам оваа тема

Знаеме дека денес техологијата е доста развиена но дали понапредно ќе се развиве во иднина ? Oчекувам ваши мислења на оваа тема.
 
lada.jpg
Lada- Perfect from the beginning :D
 
Eве до каде оди технологијата денес а во иднина ќе се развива уште повеќе.

Доаѓа ера на дигитализација на супермаркетите.

Во супермакретите ќе нема потреба од губење време разговор со касиерки или било кој на каса додека ви ги помине на читач сите баркодови од производите кој сакате да ги купите. Исто така ќе нема потреба од рачно отварање кеси па губење време додека се отвори кесата и пикнат сите производи. Сето ова ќе се врши со само една корпа за пазарење во супермаркетот и една машина на касата.



Секако ова сеуште не е секојдневица но како одат времињата мислам дека ќе дојде и ова кај нас па нашите деца или пак нашите внуки и внуци најверојано ќе имаат можност ова да го испробаат.
 
Последно уредено:
Технологијата не мора да значи дека ќе напредува, може да оди наназад.
Најдобар пример за тоа е Американската вселенска програма за летови со човечки екипаж. Пред скоро 50 години праќаа луѓе на Месечината со Сатурн 5 ракетата. Од кога заврши таа програма, дојде Спејс шатлот кој праќаше луѓе единствено до ниска орбита. Денес Американците не можат да пратат луѓе во вселената на сопствена ракета бидејќи немаат.
Така да, напредокот не значи дека секогаш ќе биде во нагорна линија.
 
многу ефикасна техника, ама може и да се заглави во затвор ако автоматски се уплоадира на ЈуТјуб...како што тој директорот на училиште, што во ВЦ го носел мобилниот, па од несмасност ( или така се вадел) ги праќал сликите од половиот орган на некој други лица, сега со наочариве може лесно да има заглавување за педофилска порнографија или за објава на клипови од други лица без дозвола...
 
Она што го пишував со супер маркетите што нема да имаа касиерки кој ќе ги куцаат и плаќаат производите се реализира
Првиот паметен супермаркет во кој не постојат каси

Јас уште одамна за вакво нешто читав дека некаде Јапан ли беше или Кина сакале да направат маркети каде ќе нема на полиците производи храна туку само слика и си бираш со кликање а на каса доаѓа информација што си одбрал и се пакува во кеса. Сето ова за да се избегне долгото престојување во маркетот.

Одамна го прочитав ова и затоа сега не можам да ја најдам таа информација, но ете се реализира нешто слично такво со новата технологија.
 
Технологијата напредува, но не секогаш е тоа позитивно. На пример веќе јавно се нуди опрема за прислушкување, снимање и следење. И не е така скапа што е најлошо

https://www.spytech.rs/
https://www.spijunskaoprema.org/
https://www.prisluskivaci.rs/spijunska-oprema/
https://www.spijunska-oprema.rs/spijunska-oprema-cene/

Сајтовите се српски, не ѕнам дали и кај нас има ваква понуда, но не е тешко да се скокне до Белград и да се набави, а потоа што со неа, останува на моралноста на тој што ја поседува
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom