Принцезата Калина роди син
Малиот принц се роди во софиската болница „Лозенец“ и е прв наследник на бугарската кралска лоза роден во Бугарија по 70 години
Бугарската принцеза Калина во средата го роди своето прво дете во болницата „Лозенец“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Сопругот на бугарската принцеза, славниот шпански истражувач Китин Муњоз, се' уште не го објавил името на младиот принц, кој по раѓањето тежел 2,6 килограми.
Поголемиот дел од членовите на бугарското кралско семејство денес живеат во Шпанија и со воодушевување чекаат да го видат новиот наследник. Нивниот ентузијазам го делат и многубројните папараци од Шпанија, Франција, Германија, Австрија, Белгија и од Холандија, кои ја преплавиле Софија во потрага по добра фотографија.
Малиот принц е прв наследник на бугарската кралска лоза роден во Бугарија по 70 години. Претходно, тоа бил неговиот дедо Симеон Втори Саксобурготски, кој планира големо изненадување и прослави во чест на новородениот внук. И принцезата Калина исто така подготвува изненадувања. Таа најверојатно ќе им испрати честитки на сите Бугарки што станале мајки дента кога и таа се породила.
На денот на нејзината свадба со Китин, Симеон Втори Саксобурготски испратил 333 честитки до сите двојки што се венчале тој ден. Принцезата Калина, најмалото дете на Симеон Втори, се омажи за шпанскиот морнар и авантурист Китин Муњоз во резиденцијата „Царска Бистрица“ на 26 октомври 2002 година. Се венчале според католички обред, на бугарски јазик и Калина носела бел венчален фустан дизајниран според бугарската народна традиција, но заветите ги кажале на шпански. По католичката венчавка, двојката добила благослов и од православните свештеници во православната црква „Свето Преображение“ во Боровец.