Дуферко ќе вложи 45 милиони евра во Макстил

  • Креатор на темата Креатор на темата balkan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 март 2007
Мислења
102
Поени од реакции
1
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=6335&mid=303&tabId=1&tabin dex=1


Швајцарската компанија Дуферко еден од косопствениците на металуршкиот комбинат Макстил, ќе вложи околу 45 милиони евра во зголемување на производниот капацитет на македонската компанија за производство на челик и дебели лимови.
Во тек се завршните преговори за финансиската поддршка на Макстил која ќе ја сервисира една македонска банка, а договорот ќе биде потпишан кон средината на идниот месец. Со финансиската инјекција која ќе биде исплатена во две транши – првата од 20 милиони, а втората од 25 милиони евра, производството на Макстил ќе се зголеми за 30%.
Целта на максимализирање на производството на челик и челични производи е претстојниот настап на Макстил, преку отворениот кластер Макстил инжињеринг, кој е формиран пред седум години, на Блискиот и Далечниот исток. Имено, Макстил, кумановски компании Факом и ФЗЦ 11 Октомври и ИГМ Кавадарци ги завршуваат преговорите околу настапот на блискоисточните пазари, арапските земји, како и Ирак, Авганистан и сите нови пазари кои се отвораат на изградба на инфраструктурни и други објекти во обновата на овие земји. Освен тоа, како металуршка групација тие претендираат и за настап на пазарот во НР Кина каде што има огромна побарувачка за нивните производи.
На преговори во Макстил инжињеринг се повикани и други македонски компании од металопреработувачката дејност како ЕМО од Охрид и Димче Бањарот, за кои вратите во металуршкиот кластер остануваат отворени за заеднички настап на најатрактивните пазари и светски градилишта на кои во моментов конкурираат нашите металуршки компании.
(Тотал)

Браво!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom