
Џабе ви се сите статистики и математики.. И да се надмине Федерер во некоја статистика, не значи дека некој тенисер е подобар од него и покомплетен..
Џабе споредувате времиња и глупости, секој тенисер сонува да игра како Федерер и сонува да има таков перфектен стил..Човекот има таков стил на игра што му дозволува на залезот од кариерата да решава мечеви во 5 сета во полу-финале, па и кога беше јуниор се справуваше со најдобрите во тоа време.
Сите останати кои ги споменавте погоре даваат се од себе да ја убијат таа игра..
Новак не измисли топла вода во тенисот, но успеа физички да се изгради и адаптира на таа игра, и вежбаше да игра максимално константен и прецизен тенис.
Рафаел Надал ја користи секоја капка сила да ја уништи таа елеганција и му успева, дали ќе игра со две раце бекхенд дали ќе трча како луд, сепак успеваше да ја урне таа игра.
Во врска со статистиките, има многу голема пристрансност помеѓу статистиката меѓу Надал и Федерер..
Доколку Федерер играше многу утакмици кога Надал не беше во форма, статистиката ќе беше поинаква...
Статистиката меѓу нив двајца е
Константен Федерер помеѓу
Надал во многу добра форма
Тоа што Федерер има полош скор од Ноле, да се пензионираше кога го освои последниот гренд слем, немаше да се случи нели?

По мене, најдобар е оној тенисер кој игра секогаш разноврсно и никој не знае кој ќе му биде наредниот потег, да плени со лесна игра и елеганција..
Така да еден добар совет за вие што си ги мерите куровите и се расправате, искулирајте и уживајте во мечевите.. Утре ќе излезе некое дете кое ќе има 0 конкуренција и ќе освои 25 гренд слемови за 8 години... Но тоа не значи дека тој бил најдобриот..