При секој пораз :"ова му е најлошото издание до сега."
Ова му е убедливо најлошото издание на еден слем, ги имал неколку али ова е дефинитивно најкатастрофален пораз кога се во прашање слемовите во пакет со поразот на УС опен од Нишикори, каде имаше сервирано титула и ја испушти, Нишикори ... кој беше рашљакан од Чилич во финалето ко мало дете. ( истото важи и за федерер кога е во прашање тој турнир, зашто федерер полуфиналето со чилич го играше откако новак изгуби ).
Прво, како што рече Ставро, ова му е еден од последните возови за рекордот на федерер ( далеку од тоа дека е отиден тој воз .. за сега ), годишно треба да освојува минимум 2 слема а АО му беше најсигурната опција, слем кој убедливо најмногу му одговара и му е најомилен, не дека беше страшно да загуби ама во некоја подоцнежна фаза и од разигран противник од топ 10 што немаше да е прв пат, он и во најдобри години знаел да загуби, али он губи од Истомин, во второ коло, на најомилениот слем ... со сета почит кон узбекистанецот ама ИСТОМИН бе алооо, ко лик од цртан филм е у фацата со јуфки на глава.
Над 70 неизнудени, ако не се лажам 9 дупли, катастрофален бекхен, ужасен, хорор му беше тој удар, дури и кога имаше пенали за пасинг со бекхенд, за паралела, рутина удар за него кога противникот излага на мрежа макар бил и Федере, он прави лобови .... ваков избор на удари немал ни кога беше тинејџер, апсолутно никогаш не сум го видел во вакво издание.
Моментот со Нишикори од погоре го спомнав чисто ради приликата за освојување на слем која ја имаше тогаш и пропуштената шанса, инаку и тогаш изигра далеку подобро од ова сега, а и еве скоро сите релевантни спортски медиуми ова го оквалификуваа ко едно од најголемите изненадувања во модерната ера на тенисов. Чим на АО ова му се случува, за Лондон муабет да не правиме, па и за РГ, ваков каков што е до душа ни на челенџер не би освоил титула.
Причината зашто се случува ова во принцип е доста едноставна, Бекер јавно говореше за проблемот кој го има Новак после РГ, и дур беше негов тренер и откако беше сменет, а тоа е дека го сменил целосно тренинг режимот, односно, со други зборови, не тренирал. Случајно или не после првичното интервју на Бекер за тој проблем веќе почнаа да излегуваат шпекулациите за негова смена што подоцна и се случи, па пак он излезе со слично интервју али стандард го ублажуваше тој проблем со фамилија, заситување од титули, повреди бла бла кур се тресе во ладна вода. Инаку не е дека одлуката е на новак за да бекер си иде, обострана е, бекер не гледал поента да продолжи со таков однос и таков тренинг систем на новак бар така читав низ медиумиве у пакет со муабетот, или гуруто да си иде или ја.

За овој секташов последен што го спомнав муабет не ми се праи, зашто срам ме фаќа најискрено, ова му доаѓа ко некој наш тенисер, или еве лина у ложа да го има иван исцелител, значи не се заебавам, исто е.
За евентуалниот победник годинава, тешко е да се типува, али еве ке се дрзнам да кажам дека сакам да победи некој што не се одзива на следниве презимиња а тоа се вавринка, мареј, надал и федерер, срамно е последен таков да е марин штакорот реални да бидеме, али тешко изводливо ке е тоа. Најголеми шанси има Мареј, а по него искрено поим неам, ваљда вавринка.