ЌЕ ЈА СПАСУВА ЕСТРАДАТА: Познат режисер од Охрид ќе снима бесплатни спотови и песни

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.459
Поени од реакции
8.658
Возраст
34
Даниел Јовески, кој важи за еден од нашите најпознати режисери, реши да направи несекојдневен гест
D1.jpg

Познатиот режисер на видеоспотови Даниел Јовески од Охрид, кој досега соработувал со многу наши ѕвезди, но и познати пејачи од соседството, реши да направи несекојдневен гест за да ѝ помогне на нашата естрада.

Даниел во 2017 година на пет наши естрадни уметници бесплатно ќе им сними видеоспотови и песни.

Ваквата акција Јовески ја објави на својот профил на Фејсбук, а сè што е потребно е да гласате за вашиот омилен пејач, пејачка или бенд.

- По повод 5 години од мојата успешна работа наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада на тој начин што заедно ќе одбереме 5 од овие 50 македонски пејачи/групи, кои ќе добијат подарок - по еден видеоспот и песна/аудиозапис.
Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници и да ја негуваме македонската музика - напишал Јовески на својот профил.

Гласањето ќе трае до петти јануари 2017 година, на овој ЛИНК.

Текст преземен од Телеграф.мк
 
Само Бекдор Рокенрол!
Све друго е лајна варени.
 
Пoзнaт режисер oд Oхрид... пиши име бе, не е oвa пoртaл.
Ништo не дoбивaш oд кликoви тукa :D
 
За нешто да спасиш, треба истото да постои, па тек потоа да биде спасено.......

Пример за да спасиш човек кој не знае да плива, ти треба да постои човек во вода, кој не знае да плива.

Така да не знам што би спасувал типов.....али во секој случај ок е.
 
Кога дивион вепар Тамара стигна прва певачица да ни биде,и Ориѓански дементниот што 500 ремикса на "Градел Илија манастир" ги нарекува "нови" песни и му ги дава на шошонон од гнездо да ги пее тури и кур на таа естрада.
 
За нешто да спасиш, треба истото да постои, па тек потоа да биде спасено.......

Пример за да спасиш човек кој не знае да плива, ти треба да постои човек во вода, кој не знае да плива.

Така да не знам што би спасувал типов.....али во секој случај ок е.

Досаден е малку муабетов дека неаме музика, немаме квалитет. Да, има повеќе квантитет него квалитет како и секаде ама дека сме толку утепани, не се слагам. Знам дека си малку повќе музички оразован и поради тоа би требал да гледаш малку подалеку од Ноне и Андријана Кеш Кеш.
 
Пола и повеќе од овие што се на листата за гласање не ни можат да се наречат естрада, но до некаде ние и целосно ја изгубивме естрадата уште пред неколку години. Иначе во секој случај ова е добро и убаво од негова страна, но лично мислам дека и да им сними и најдобра песна и најдобар спот сепак ќе се појави нашиот народ кој е секогаш тука за да ги исплука и да ги осуди песната и спотот на пропаст уште во самиот почеток.
 
Досаден е малку муабетов дека неаме музика, немаме квалитет. Да, има повеќе квантитет него квалитет како и секаде ама дека сме толку утепани, не се слагам. Знам дека си малку повќе музички оразован и поради тоа би требал да гледаш малку подалеку од Ноне и Андријана Кеш Кеш.
Jaс во последно не ја ни пратам сценава. Од тоа што сум фатил на тв, гледам дека е крајно отепано. Поотепано чинам никогаш не било. Таков е мојот впечаток. Ако нешто сум пропуштил би ти бил благодарен да ме почестиш со некој линк и со задоволство ќе преслушам, чесен збор :)

А андерграунд сценава повеќе ја пратам, и тука има некоја мала криза, ама се крепи чат пат со по некој бенд и нови луѓе.
 
Зборев за андерграунд сцената. Дечково не мора да им праи спот на Врчак, Каролина или Елена Ристевска, пошто тие можат сами да си платат. Треба да го (колку и да звучи контрадикторно) искомерцијализира андерграундот. Колку и да има криза, како што велиш, верувам дека е доста квалитетна, со оглед на тоа што има мал број на публика, не се откажуваат него вака или онака опстојуваат на сцена, со свирки низ Скопјево (зборам за оваа тука). Не зборам за тезга бендови, Бени Шакири.
 
Пoзнaт режисер oд Oхрид... пиши име бе, не е oвa пoртaл.
Ништo не дoбивaш oд кликoви тукa :D
Го копирав од Телеграф порталот и не ми текна да го пишам името. Насловите на порталите се безвезе.
 
Зборев за андерграунд сцената. Дечково не мора да им праи спот на Врчак, Каролина или Елена Ристевска, пошто тие можат сами да си платат. Треба да го (колку и да звучи контрадикторно) искомерцијализира андерграундот. Колку и да има криза, како што велиш, верувам дека е доста квалитетна, со оглед на тоа што има мал број на публика, не се откажуваат него вака или онака опстојуваат на сцена, со свирки низ Скопјево (зборам за оваа тука). Не зборам за тезга бендови, Бени Шакири.

Не сме се разбрале, јас за комерцијалната пишував. Пошто момаков ќе снимал бесплатни спотови и песни на изведувачи (ако кликниме на линкот за гласање) кои спаѓаат во комерцијалната сцена.
 
Само не знам зошто има во листата има и изведувачи кој веќе снимиле песна и спот од него.
Туку не знам дали знаете дека Дниел Јовески ја има правено музиката и аранжманот за онаа песната од Скопски фестивал 2009 Генгста оро на оние раперине Сленг
https://www.youtube.com/watch?v=JEHzh9oOAOo
 
Да, да. Немање спотови беше проблемот у естрадава. Не тоа шо истите двајца-без тројца мрзливи профитери повраќаат звуковен канцер години уназад.
Ја праел музиката за генгста оро, последниот мрсул врз македонската култура и музичка традиција.
Ваквите ме тераат да си го запалам државјанството.
 
Еве нешто последно од Даниел Јовески.

Во листата за гласање беа и Нокаут ама они се откажаа за да остапат место на други млади луѓе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom