Почина Џорџ Мајкл

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
На 53 годишна возраст во својот дом, денес попладне почина Џорџ Мајкл, поранешен член на групата Wham, пренесува BBC.

http://www.bbc.co.uk/news/uk-38432862

Фамилијата замолува за приватност така што засега нема многу детали за смртта.
 
Нека почива во мир.

Али сега пак ќе замараат сите со "OMG WORST YEAR EVER SO MANY CELEBS DED WTF"

Мислам добро, ок е, сфаќам дека некои што ти носеле радост и убави моменти со нивната уметност да ги жалиш, али досаден е цирклџеркот за годината...

Ок е, умреле 60+ годишњаци. Очекувано е дека ќе умрат како поминуваат со постари години. Годинава беа Боуви, Рикман, Џорџ Мајкл, и останати... за неколку години ќе бидат Иги Поп, Патрик Стујарт, Кери Фишер и што ти знам. (и да, жално ќе биде кога ќе дојде тоа..)

It's the circle of life, тоа што умреле многу селебритис во одредена година, значи дека имало многу селебритис што пред многу години биле на врвот на кариерата.

Шансите се дека и во 2017та ќе умрат многу селебритис што биле популарни во 70тите и 80тите. Жално ќе биде да беа многу селебритис што славата ја почнале во доцните 90ти...

П.С. Да сфаќам дека млад умре Џорџ Мајкл, и стварно е лошо кога некој ќе си замине од светов на тие години, ама стварно се надевам социјалниве мрежи ќе се сконцентрираат на Џорџ Мајкл и неговата кариера а не на тоа како MИСТИЧНАТА ЛОША 2016 ГИ ЈАДЕ ПОЗНАТИТЕ
 
Лесна му земја.

Млад си заминал, 53 само. По малку иронично, можеби најголем хит му беше Last Christmas со Wham! и на Божиќ починал.

Но морам да спомнам за „проклетата 2016“, фала Богу што завршува и ќе престанат кукањата како била најлоша година секогаш кога ќе почине некоја славна личност. Можеби догодина луѓето ќе сфатат дека за колку повеќе личности чул човек, толку почесто ќе слуша и како умираат.
 
Нека почива во мир :( многу ми е жал за човеков :( Според мене пејач со извонреден глас, можеби еден од најдобрите гласови во изминатите декади со незаборавни настапи во живо, со извонрден unplugged концерт и со еден куп безвременски хитови.
 
Вечна слава!
За мене еден од најдобрите вокали заедно со принц и мајкл џексон.За жал ниеден од нив веќе не е со нас [emoji20]

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
R.I.P

Не сум го слушал многу, оти не е во стилот што го сакам но сепак сум го сметал како голем музички уметник.

Не е проблемот што умираат, тоа секако се очекува. Проблемот е што нема веќе вакви музички уметници и ако има тие не се почитуваат како што се почитува задникот на Ники Минаж и нозете на Сандра Африка. Жалосно е веќе тоа што младите го слушаат.

Sent from mTalk
 

Ваков, онаков, али каков соул е ова, поклон до земја

оваа музика има душа...
 
Бог да го прости !!!

Јоргос Киријакос Панајоту - Џорџ Мајкл
25 јуни 1963 - 25 декември 2016

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Чув денес муабети од постари како во ’90 и некоја нешто изел гомна за нас во екот на прогласувањето независност и грчките блокади. Знае некој нешто повеќе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom