А сите знаеме дека прашањето е еднозначно поставено, со еден одговор даваш одговор на 3 прашања. Нема повреда на законот за референдум. Нели?
Го читав уставот во врска одржување на референдум и законот за референдум. Секако, законот мора да е во согласност со уставните одредби.
Во уставот пишува:
Член 73
Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
Во законот за референдум пишува:
Член 8
(1) Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните.
(2) Одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна.
(3) Одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна.
Не ли е третиот став од Член 8 во законот во спротивност со уставот?