„PISA“ меѓународни тестови: Македонија подолу од Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата L'Etranger
  • Време на започнување Време на започнување
но ПИСА тестот нема врска со наставната програна туку со животот...
Мислам јеби га, не сме сите аристократи, па да живееме од оставнинанта од прадедото. Некои учат за да се здобијат со знаење и вештнини кои би ни помогнале да напредуваме во животот.

Изгледа комплициран концепт е ова учењево. :toe:
 
А бе штом Зоран Заев е глуп човек немам видено и ни зарази на сите нас тогаш џабе е тестови ,,Pisa" Mensa"
 
Миленко Неделковски
22 hrs ·
Ни роза ќе цвета, ни орел ќе лета,
во Македонија сал ЛАВ ќе шета.
(и владее)

15356682_1557093904307627_4102318861598797438_n.jpg

Глуп не се станува, глуп се раѓаш.
 
старата клапа професори што се образовале во Југославија. Тек за 5-10 години ќе го допираме дното, ќе цитирам еден професор од факс, вели колеги замислете дека веќе имаме генерација која целосно се образовала во Груевизмот, па замислете се што да очекувате.
да не мислиш дека тие биле кој знае што ??Од моја генерација 2-ца станаа професори, едниот бубалица а едниот ноторен препишувач, сам си кажа немало испит на кој не препишал. Од таа стара клапа се и хохштаплерот фрчко кој прави научни трудови за промена на името а ги критикува Инпакт факторите..а има од млада генерација кадри со десетини импакт трудови и тоа од конкретни струки, не општествено хохштаплерски.. а жално е што тие ќе си отидат во странство и нема да се вратат. А и порано имавме случки млади кадри да одат во странство, да станат доценти на престижни факултети, ама кога ќе посакаа да се вратат назад НЕМАШЕ никакво место за нив на катедрата... сега ова не е карактеристино бидејќи ретко кој сака да се врати...
 
Секој со своето искуство. Јас сум ја имал "среќата" да ми предават Калкулус и Физика 1 професори од "старата клапа" и поминување кај нив дур не научиш немаше. Џабе беше препишување кај тие луѓе. После писмениот испит во предавална/амфи пред табла те тера да го објасниш теоретскиот дел и чат-пат некоја од задачите. Дур не научиш како треба нема поминување.

Денес на боиш квадратчиња. Играш Лото, наместо да се врши проверка на знаењето. Ни ебаа матер реформите во образованието.
 
Денес е многу полесно, се ослободуваат од испит со колоквиум , всушност тоа испадна уште од 80-тите ... а дека и порано имаше фуш кадар, имаше... ни доваѓаа асистенти по математика од пмф... ја решава задачата на табла и по 20 минути не му испаѓа ... јас и кажав каде е грешката па ми се налути зошто веднаш не сум кажал ... арно ама тој кадар после си станаа и доценти и понатака... а колеги од електро кажуваа дека професорите од Белград и Ниш, кој им држеа одредени предмети, им ги предаваа и партиите од математика што беа потребни за таа област... патем и во Белград имав пријател на електро што кажа дека таму на електро не се признаваше математика ако положиш на нивниот пмф
 
Први во Европа по бројот на образовани, први по економски раст. Да ти е мило да живееш во ваква држава :)))

дај да не се заебаваме, сите знајме до каде сме стигнати.. Ова се должи на кој фати заврши дури и докторат... Познавам тиквари кои во средно не можеа да ја поминат ни прва година, а сега ете.. Земаа испит за испит..
Факултети во секој град... партиски работници... Плаќај му на рака, и диплома во рака.
Сите спосовни студенти кој беа, сите киднаа надвор..За едно 10 година ништо нема да остани овде за жал
Мое мислење е дека средното образование пред 15 години беше многу поквалитетно пошто не беше обврзан да одиш на училиште.. ако не ти се оди, не оди брат.Сега казна ќе ти рокнат, и така секоја будала е приморана да оди средно...
А за математика.. Не го бидува секој.. исто како компјутери. Дој решавај C++ загатки :)
 
Последно уредено:
читав и во хрватски медиуми, слична работа.. но ПИСА тестот нема врска со наставната програна туку со животот...
Добро би било да има резултати по национални малцинства, иако сега веќе гледам и забулените носат андроиди
( прашање е дали знаат да ракуваат)..
Ако имало некоја друга врста тест, во оштетување автобус, во фрлање пикавци и слично, тука би биле во самиот врв :cool:
а не ги гледам на табелава Сербиа и БиХ ??
Имам некое чувство дека твои наследници биле дел од тестирањево, затоа се вакви брилијантни податоциве.

Ова е само огледало - што сме во моментов, колку вредиме и каде ќе бидеме во наредниве 20 години. Не е ни чудо кого гласаме како народ, како живееме и какво значење имаме во светски рамки.
 
Денес е многу полесно, се ослободуваат од испит со колоквиум , всушност тоа испадна уште од 80-тите ... а дека и порано имаше фуш кадар, имаше... ни доваѓаа асистенти по математика од пмф... ја решава задачата на табла и по 20 минути не му испаѓа ... јас и кажав каде е грешката па ми се налути зошто веднаш не сум кажал ... арно ама тој кадар после си станаа и доценти и понатака... а колеги од електро кажуваа дека професорите од Белград и Ниш, кој им држеа одредени предмети, им ги предаваа и партиите од математика што беа потребни за таа област... патем и во Белград имав пријател на електро што кажа дека таму на електро не се признаваше математика ако положиш на нивниот пмф

И сеа старите не биле арни. Новиве се бетер. Види го резултатот од тестот. На толку реформи , требаше малку да одиме напред. Наместо тоа се натпреваруваме со Косово.

За едно 15 години, со ова темпо и тебе би те сметале за паметен.
 
И сеа старите не биле арни. Новиве се бетер. Види го резултатот од тестот. На толку реформи , требаше малку да одиме напред. Наместо тоа се натпреваруваме со Косово.
денес има поединечно многу поквалитетен кадар, ама просекот на наставниот кадар во установите е полош; нормално дека синот ќе биде подобар од таткото кога зборува англиски од 10 години, кога има компјутер и интернет на дланка од основно . А просекот е полош од други причини, паднат е критериумот за наставен кадар , приватни и дисперзирани факултети, одлив во странство, па и одлив во стопански субјекти со поголеми плати !! А последното го имаше и порано, лично ми нудеа 80-тите место на факултет ама не ми се исплатеше, како млад раководител имав плата на доцент а ваму требаше 3 степен со 15 испити па после докторат ( б.т.в., колегата што стана асистент а препишуваше на сите испити праксата ја продолжи и на 3 степен)..
 
Знаењето е сила, знаењето е моќ!
Знаењето е сила, врските се моќ!

Затоа и голем број од денешниве деца, па и некои од постарите генерации, ,,знаат" толку. Затоа завршуваат доктори поради кои подоцна ќе умираат луѓе. А што се однесува до статистикиве и не е се така точно. Неможе да се спореди образованието на Косово со нашето.
 
Па секаде умираат луѓе поради доктори, не само кај нас.
Оти да не може да се спореди?
 
денес има поединечно многу поквалитетен кадар, ама просекот на наставниот кадар во установите е полош; нормално дека синот ќе биде подобар од таткото кога зборува англиски од 10 години, кога има компјутер и интернет на дланка од основно . А просекот е полош од други причини, паднат е критериумот за наставен кадар , приватни и дисперзирани факултети, одлив во странство, па и одлив во стопански субјекти со поголеми плати !..
Тоа ти е ефектот од несоодветни реформи без мерки за евалуација.Пад на критериумот за анставен кадар, пад на прагот за успех кај учениците/студентите. Програма несоодветна во установите.

Арно им текна на Пленумците да излезат на протест, гарант ќе го дореформираа образованието.
 
да не мислиш дека тие биле кој знае што ??Од моја генерација 2-ца станаа професори, едниот бубалица а едниот ноторен препишувач, сам си кажа немало испит на кој не препишал. Од таа стара клапа се и хохштаплерот фрчко кој прави научни трудови за промена на името а ги критикува Инпакт факторите..а има од млада генерација кадри со десетини импакт трудови и тоа од конкретни струки, не општествено хохштаплерски.. а жално е што тие ќе си отидат во странство и нема да се вратат. А и порано имавме случки млади кадри да одат во странство, да станат доценти на престижни факултети, ама кога ќе посакаа да се вратат назад НЕМАШЕ никакво место за нив на катедрата... сега ова не е карактеристино бидејќи ретко кој сака да се врати...
Во секој случај никој жив не може да ме убеди дека тогашните не се едно 20тина пати подобри од овие денешните. А тоа е што имав можност да ги видам и двете страни, фатив малку и од старите и од овие сегашните греови вмровски што не знаат а да кажат.
 
На странскиве квалитетни факултети одговорот ти се признава како точен ако го кажеш со свои зборови/ако ја решиш задачата на твој начин. На македонските факултети/средни, задачата и одговорот ти се точни само ако ти се одговорени или решени како во книгата или како што решил професорот на час. Од таму потоа доаѓа простотијата на народот и општо неможноста да се прифати туѓо мислење или да се има дискусија на ниво.

Да не зборам и дека е сосема погрешно она „мене не ми оди математика“. Има разлика од не ми оди некој предмет и не се замарам со некој предмет. А со математика не се замараат 90% од денешниве средношколци и студенти, затоа што наместо да вложеле малку труд, одбрале да се водат по максимата не ми оди математика. Од ова потоа ќе доаѓа „ама не знам јас тоа, види ти“ кога личноста ќе се вработи и нема да сака да преземе одговорност и да сработи нешто, туку ќе остави на попаметниот колега кој останува по 10 саата на работа, најчесто во државна администрација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom