Висинaтa нa личнoстите oд мaкедoнскaтa истoријa

  • Креатор на темата Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2012
Мислења
815
Поени од реакции
511
Мoжеби нaвидум глупa темa, нo скoрo цел живoт сум oпседнaт сo висинa, и мнoгу ме интересирa дaли пoстoјaт истoриски дoкaзи (изјaви нa блиски личнoсти, пaсoши итн) зa тoa кoлку oтприликa биле висoки личнoстите oд мaкедoнскaтa истoријa, кaкo Гoце Делчев, Христo Узунoв, Чентo...
 
Не знам колку има релевантни историски извори фактот, но на повеќе места имам прочитано дека Гоце Делчев бил поприлично кускулест. :D

Само треба да се има предвид дека човекот денес е повисок од било кога, просечната висина во последните сто години е порасната за едно десетина сантиметри скоро секаде низ светот како резултат на збогатена исхрана и на подобрен животен стандард воопшто, така да многу од историските личности кои нам ни изгледаат ниски си имале сосема нормална висина за нивно време (види: Наполеон).
 
Не знам колку има релевантни историски извори фактот, но на повеќе места имам прочитано дека Гоце Делчев бил поприлично кускулест. :D

Само треба да има предвид дека човекот денес е повисок од било кога, просечната висина во последните сто години е порасната за едно десетина сантиметри скоро секаде низ светот како резултат на збогатена исхрана и на подобрен животен стандард воопшто, така да многу од историските личности кои нам ни изгледаат ниски си имале сосема нормална висина за нивно време (види: Наполеон).
Дa дa, гo знaм и рaзбирaм севo oвa, кaкo чoвек oпседнaт сo свoјaтa висинa кoј рaбoти нa тoa дa јa згoлеми (aмa безуспешнo зa жaл...). Инaку јaс имaм читaнo декa Тoдoр Алексaндрoв имaл приличнo гoлемa грaдбa зa тoa време.
 
Од тоа време, колку што сум јас запознат, Јане Сандански бил грамада од човек, онака потоа му доаѓаат Никола Карев, а од малку подоцнежната историја... Ченто...
Делчев бил поситен.

Некои историчари ова сигурно го знаат подобро, а мој совет е да прашаш и во музејот на ВМРО, каде имаш восочни фигурни (се надевам) во природна големина... барем така кажуваат таму при посетата тоа водачите...

@RickyLFC9 би требало да знае повеќе... :)
 
Прецизна висина тешко, поише знаеме кој бил висок, низок, дебел или слаб :D Али да, боље е да прашаш по музеи, они се замараат со такви... тривијални ствари рецимо :D
 
Мислам дека за да се одреди висината на некои од историските личности не е некој тежок проблем барем за оние кои ги има на фортографии. На пример ако сакаме да одредиме колку бил висок Гоце Делчев треба да побараме некоја слика од него на која има и некој предмет за кој ја знаеме големината, пр. пушка од одреден тип, па откако ке ја утврдиме димензијата на таквата пушка која сигурно ја има во некој музеј, ке знаеме кој е размерот на сликата па многу лесно ке пресметаме колкав бил Гоце Делчев....
 
Еве ви ѕирнете ги Пере Тошев (лево) и Гоце Делчев (десно).

385484-prilepsko-semejstvo-116-godini-chuva-nepoznata-fotografija-od-goce-delchev-i-pere-toshev.jpg

Споредено со висината на столчето на пример, се чини дека Пере бил прилично ситен, додека Гоце изгледа со просечна висина. Башка забележете дека Гоце е застанат малце поназад, плус се чини малце подзгрбавен, а сепак изгледа бајаги повисоко од него, што значи дека веројатно бил и натпросечно висок судејќи по оваа фотографија :)
 
Малку ми е сумЉива темава ама ако, ќе и дадеме шанса - интересна е.

Само ќе ве замолам да не забегате по други теми (знаеме кои се од прилика) !!!



Интересно, висина, тежина и се тоа...
Искрено не се занимавам со тој период и немам сретнато податок кој колку бил висок итн. не ме интересира.

Сите погоре спомнати се во историскиот период, веројатно има податоци а ако нема - ќе се мери скелетот или постмртните останки или ќе имаме некоја одредница според фрагментите т.е. делови од телото, коските. Си има математики (и др. методи) тука.

Мислам дека би била поинтересна темата ако оди во насока на висина/тежина на познати историски ликови. (Не само од МКД)

За оние кои имаме податоци де :)
 
Последно уредено:
Војвода Коста Мазнејков бил висок и околу повеќе од два метри,и многу силно граден.Вистински горостас.Ова е сигурно бидејки ми е роднина,и има многу податоци и неколку фотографии од него во фамилијата
 
За Гоце и јас знам дека бил низок, околу 165 цм, ама вака на сликава не ми делува, Пере Тошев тогаш џуџе бил.

Иначе доста висок за тоа време бил потполковник Борис Дрангов од Чаир, Скопје, над 190 цм.

hqdefault.jpg
 
Picture 2671.jpg .Picture 2672.jpg .Picture 2670.jpg Јуначиште
 
Војвода Коста Мазнејков бил висок и околу повеќе од два метри,и многу силно граден.Вистински горостас.Ова е сигурно бидејки ми е роднина,и има многу податоци и неколку фотографии од него во фамилијата
А ги имaш нaследенo некoи oд негoвите гени зa висинaтa :)?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom