Fidel Castro замина во легендите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
Фидел Кастро, поранешениот долгогодишен претседател на Куба и лидер на комунистичката револуција, почина на возраст од 90 години, објави државната телевизија, пренесува Би-Би-Си.


mkd-167622.jpg

Фидел Кастро беше претседател на Куба речиси половина век пред предавањето на власта на својот брат Раул во 2008 година.

Неговите поддржувачи го гледаат како човек кој ја вратил Куба на народот. Но, неговите противници го обвинуваат за брутална репресија врз опозицијата.

Поранешниот револиционер беше генерален секретар на Комунистичката партија, претседател и премиер на Куба.

Фидел Кастро докторирал на право на универзитетот во Хавана во 1950 година, а по студиите го организирал револуционерното движење против диктаторот Батиста.

mkd-278426.jpg


Кастро и Че Гевара го основаат движењето „26 јули“.

Во јануари 1959 година, со влегувањето на воените трупи во Хавана, револуционерите ја прогласуваат победата. Од тогаш почнува неговиот непријателски однос со САД и пријателските врски со Советскиот сојуз.

САД во 1961 година се обидоа да го симнат од власт Кастро, инвазијата во Заливот на свињите, но неуспешно.
 
Уште еден диктатор помалку. Good riddance.
 
имаше еден документарен филм за револуцијата во Куба... Кастро и Че ликвидираа многу револуционери популарни во народот а кој им беа кокнкуренција ... всушност ги искористија да се зајакнат, а потоа ги ликвидираа поради некој разлики. Но за разлика од ликвидацијата на Троцки со платен убиец, тука на Куба се вршеа егзекуции... не се сеќавам точно, филмот беше пред 5-6 години прикажан, мислам дека Че беше главниот во ликвидациите на неистомислениците...
 
Слава му. Човек кој е еден од малкумината кои им покажаа вистински отпор на америте. Вистинска борец, вистински Претседател. Права легенда :cuc::cuc::cuc:
 
Незнам дали знаете, но тој важеше за опасен швалер. Им ги пое.а жените на пола владетели и политичари, кажуваат дека на канадскиот премиер му ја збрборил жената на некоја конференција каде излегол за во ВЦ и по ходниците му ја таквуел невестата:ROFLMAO:
 
Изведе револуција, беше на власт 50 г, покажа среден прст на УСА од пред нивниот нос, се пензионира и почина на 90г. Секоја чест.
Мислам дека Америте проценија дека Фидел е доволно луд да им ги бапне нуклеарките со кој го снабдија СССР и затоа го оставија пред нивниот нос да си владее мирно.
 
Беше еден од најголемите и највлијателни луѓе во историјата.Остави голем впечаток во светот.
Искрено,имам мешан коментар за него...И добри и лоши импресии чуствувам.Лошото е тоа што не ми се допадна,што својот народ го изолира од добрите работи во светот,како технологија,автомобили итн.Премногу забега во своите идеи.Неговиот брат е тотално спротивна слика,сфати на време дека Куба има големи проблеми со остатокот од светот.Градовите им се застарени(најголем проблем со кој Куба се соочува,мора да уриваат,раселувања итн.),технологија допрва имаат,како интернет ДОМА,а не преку едно место сите.Странски капитал.Кубанците од дијаспората,сега на големо инвестираат,поготово на пазарот за недвижности.Куба сеуште нема агенциите за недвижности,ЖИМИ СЕ !!! :D:ROFLMAO: Продажба иде на пазарен ден,се собираат,да речеме,на улица пред кафана и со картони,понуди и цени:LOL:На Ал Џезеира имаше документарец за Куба.
 
Незнам дали знаете, но тој важеше за опасен швалер. Им ги пое.а жените на пола владетели и политичари, кажуваат дека на канадскиот премиер му ја збрборил жената на некоја конференција каде излегол за во ВЦ и по ходниците му ја таквуел невестата:ROFLMAO:
буквално татко на нацијата...му носеа 30 години секој ден по 2 жени, една наутро, друга навечер...официално имал 20-на вонбрачни деца а неофициално 20.000

c4dc84be0b57eeba2113f818ed12ee1d.jpg

Интересна личност беше
Нека му е лесна земја
http://zase.mk/video-za-ova-se-molc...o-eve-shto-fidel-kastro-mu-zameruval-na-broz/
 
Ел Команданте :uzi:
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom