Што дознавте за вашиот партнер ОТКАКО стапивте во брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Голема е разликата....Јас на пример,другиот ден после свадбата,го осетив нај големото разочарување!
Не сакам да ги разочарам младите,ама се пеглаат работите.
Зависи од човек до човек,некој со поголемо трпение(толеранција) некој со помало,а некој со нулта толеранција:)
Се пеглаат работите... :D
Кажи де, кое е тоа најголемо разочарување?
Да не случајно сфати дека е грамар наци и ти кења што не знаеш дека најголемо се пишува слеано и дека се става празно место по интерпункциски знак?
Километражата да не ја вратил? :S
 
Не,свекрва ми се обиде да ми потурне адети од 15 век.
 
Не,свекрва ми се обиде да ми потурне адети од 15 век.
Поради ова не се живее ни со родители, ни па откако ќе стапиме во брак со свекор и свекрва ама кај нас што од немање услови, што од глупи и закрепостени сфаќања за жал не се остваруваат иселувањето.
 
Не,свекрва ми се обиде да ми потурне адети од 15 век.

Нема ти што да си ја чукаш главата за каква е свекрва ти, нека ја среди маж ти. Секако, доколку он е на твоја страна (иначе тек тогаш имаш проблем).
 
Нема лоши снаи ни лоши свекрви, има лоши синови. Ако тој е на страната на мајка му е тогаш е јако. :icon_lol:
Понекогаш си ја читам темата и со какви глупости се замараат жените, а мажите глупи си ќутат како тие да се единствено женско во фамилијата.
Повеќето жени се со лесен памет и одма аууу проблеми и кавги за ситници. Не трпат, не слушаат никакви совети, не бројат до десет кога ќе кажат нешто и веднаш избувнуваат кога ќе дојдат до судир со личност од друга генерација.
Таквите и 200км да се одалечени една од друга пак ќе успеат да се скараат.

Протнувала адети, е ако де нека си кажува таа како треба, а јас од почит кон повозрасна личност ќе ја послушам во тој момент, а од друга страна ќе си терам како ми одговара. Од едно уво ќе влезе од друго ќе излезе. :свиркам:

Колку помалку се замарате толку поубаво. Кога знаете дека заедно ќе живеете со неговите родители треба да бидете спремни, а не се разочарала. Што очекувала не знам.
 
Најмногу кавги меѓу снаи и свекрви има ради тоа што од кај снаите нема ни малце флексибилност и желба за дијалог и разбирање, одма само што ќе дојдат влагаат у некој филм како они да се главни у куќата а дошле од некој кокошарник и мислат дека они ќе управуваат како ќе им текне.
 
Нема ти што да си ја чукаш главата за каква е свекрва ти, нека ја среди маж ти. Секако, доколку он е на твоја страна (иначе тек тогаш имаш проблем).
@annaja01 не ја слушај оваа, каква си е свекрвата таква си е. Ти ќе се обидеш да бараш компромиси со неа. Можеш да бараш да биде објективен. Нема што маж ти да го тераш да се расправа или да ја средува жената што го родила. Ако сте финансиски слаби двајцата, ште си трпите.
Нема лоши снаи ни лоши свекрви, има лоши синови.
Не можеш вакви заклучоци да носиш.
Напротив, кога мажот е растргнат од две страни, он е најранлив уствари. На која страна и да одлучи, ќе го срка.
„Лош бил синот, немало лоши снаи и свекрви“, лол.
Лошотилакот секогаш доаѓа од снаата и сопругата пошо они се жени.
 
Последно уредено:
Дека остава влакна у када, траги од паста за заби во лавабо, трошки на земја после јадење, прљав веш сред спална ...
 
Нема ти што да си ја чукаш главата за каква е свекрва ти, нека ја среди маж ти. Секако, доколку он е на твоја страна (иначе тек тогаш имаш проблем).
А дали ти би ја средила мајка ти,пошто бараш од мажот да си ја среди својата мајка???
 
Па затоа ќе живееш прво со партнерот па после ќе се земете и ќе си знаеш каков е..
 
Па затоа ќе живееш прво со партнерот па после ќе се земете и ќе си знаеш каков е..
Ама мажите веќе го знаат тоа и пред брак глумат средени.
После се покажува нивното вистинско лице.
 
А дали ти би ја средила мајка ти,пошто бараш од мажот да си ја среди својата мајка???

На мајка ми никогаш не сум и ќутела кога сум сметала дека не е во право. Затоа она сега не ми се меша во живот за се и свашта. Очекувам од другата страна исто. Јас не сум мамина маза, па затоа не планирам во животов да се расправам со мамини синчиња на кои им е тешко да се спротивстават на нивните домашни за било кои работи што не се нивни за замарање и мудрување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom