- Член од
- 13 февруари 2016
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 0
- Возраст
- 34
До пред неколку години Фармацевтските факултети произведуваа кадри со звање дипломиран фармацевт со 4 годишни студии, а од неодамна студиите се 5 годишни (интегрирани студии од 1 и 2 циклус) и звањето им е магистер по фармација. На фармацевтски во Скопје има постдипломски студии со различни наслови кои се дел од фармацијата (магистер по: фармакоекономија/козметологија/индустриска фармација/фитотерапија ...) и на некои од нив може да се запишат и кандидати кои дипломирале на сроден факултет. Е сега на Државниот универзитет во Тетово неколку години има конкурс за 2 годишни студии со чие што завршување се стекнуваат кандидатите со звање Магистер по фармација (предметна програма: http://unite.edu.mk/index.php?news=4134 ), исто така има и 2 годишна програма за Магистер на фармацевтски науки. Ги разгледав сите можни Фармацевтски факултети во соседниве и блиски држави и никаде не најдов таква постдипломска програма со која се стекнуваш со звањето Магистер по фармација. Би сакала некој со соодветно образование или познавање да ми објасни која е целта на овие магистерски студии, зошто на никој друг фармацевтски факултет не се организира ваква магистерска студиска програма и кои се' кадри можат да конкурираат на ним, и најважното дали со такво стекнато звање кандидатот се стекнува со право да запише здравствена специјализација во една од неколкуте фармацевтски специјализации (медицинска биохемија, санитарна хемија, фармацевтска технологија...)
Во прилог се конкурсите на двата факултети.
Благодарам од напред.

Во прилог се конкурсите на двата факултети.
Благодарам од напред.

