Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Што никад не би им го читал. Такво сакаш?
Се знае книга си е книга, и како треба да изгледа, а списание си е списание.

Сите сакаат да биде повеќе од 5-6 страници во весник и самите уредници јасно кажаа дека сакаат да го издаваат списанието на хартија. Одеше неколку броја, се трошеше? Не. Зошто? Зашто немаме никаква култура, а камоли да имаме филмско списание.

И да не претеруваме и преку леб да бараме погача. Сите сакаме повеќе, ама кога се нема можност и овака нека тераат.
Да нема култура за било какво списание народот да чита. Денешново време е брз начин на живот и сите гледаат да си го средат животот ретко имаат време за читање списанија, дури и весници се поретко се читаат. Интернетот си го направи своето, сите информациите ги добиваме од социјалните мрежи и портали. Списанија ретко некој да чита во државава, а ако се чита имам чувство дека најчесто се оние за здравје и убавина и оние женските за мода. Затоа успеваат овие Здравје и убавина, Unique, Портрет (иако ова е релативно поново) Теа ако и воопшто сеуште постои после згаснувањето на МПМ.
 
Еве го и септемврискиот број 6 https://issuu.com/filmplusmk/docs/film_plus_v00-01 јас би сакал само да ги охрабрам и да им ја дадам целосната подршка да продолжат бидејќи ова е пионерски чекор напред кој треба да продолжи, знам дека е поубаво да биде посебно и подолго списание но што да се прави, пак сме во судир со нашиот народ и малата софистицирана публика во земјава. Вакво нешто нам ни треба јас еве едвај ја чекам последната среда во месецот. Искрено би сакал многу повеќе да има содржини за македонски филмови и копродукции ама не се тие виновни што немаат македонски материјал. Сунчица и Галевски:bravobe:
 
Криви се пошто има македонски материјал за да пополнат и повеќе од 8 странички месечно. Ама овие или се неинформирани или нејќат да се замараат со тоа.
 
Дали некој го купи бројот од октомври? јас заборавив и сега го барам на Issuu таму ги постираа сите ама го нема
 
И јас го изумив октомврискиот број. :( Пиши им на Сунчица или Галевски на фб да го стават.
 
Дали во некој број имаат пишано за бранов на македонски тв серии кој се појавија на нашиве телевизии ?

Баш би сакал да прочитам нивни текстови за Преспав, Марковски, Инсајдер, На Терапија, исто би сакал и за екс ју серијата Сенки над Балканот да прочитам нешто.
 
А зошто во списание/додаток за филм би пишувале за серии? Ај малце подразмисли.
 
Зашто е за филмска продукција, фала курцу. Прави разлики меѓу филм и серија, please!
 
Не знам дали е истиот ама некни во саботата во Нова Македонија покрај албумот од Панини имаше и филмски додаток. Мислам дека баш се викаше Филм+.
 
Не знам дали уште ова е дел од весник бидејќи не го пратам ама сега приметувам имаат веб сајт и изданијата ги објавуваат на веб сајтот .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom