Преспав

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
14591762_871510906318724_873386217182205568_n.png


Наскоро на Телма.

https://www.facebook.com/PansionPrespav/

ТВ серијата „Преспав“ е „ сит-ком“, со информативен и едукативен карактер, која од октомври 2016 година ги забавува гледачите на малите екрани. Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови.

Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

 
Изгледа супер визуелно и солидни актери зеле така да дефинитивно нема да биде како Цимери.

Е сега се надевам нема да се рекламираат како сит-ком во прв план, бидејќи ова повеќе ми личи на некоја драмедија. Не очекувам да се смеам премногу серијава ама дефинитивно изгледа како да има потенцијал (y)
 
Ау ау ау, ова треба да биде сит-ком. Трејлерот изгледа супер, убава костимографија, сценографија, одбор дружина одлични глумци.... Едино Тијана не ми изгледа како некој лик што ветува али едвај чекам.

П.С. Прв „сит-ком“ беше пропаднатиот проект Цимери на Алфа, што имаше се само комедија, глума и сценарио не. Ова ветува и според трејлерот делува професионално, се надевам ќе биде добра серија и ќе има гледаност.
П.П.С. Сеега од сабота (15.10.2016) од 19ч. на Алфа ќе почне втор сит-ком „Комшиски приказни“, според мене уште еден пропали проект али да видиме.
П.П.П.С. Супер што конечно на некој му текна да снима македонски серии. Периодов три ТВ ќе пуштат или веќе пуштиле своја серија. Канал5 пушти некоја доку-фикшн серија „Болка на душата“, Алфа ќе ја пушта „Комшиски приказни“, Телма „Преспаф/в“.
 
Мене серијава според видеово што го видов ми личи снимена/направена баш како од една продукција каква што и треба да имаме во земјава. Видеото е квалитетно и добро за око, а за содржината останува да видиме. Некои од актерите веќе ми се изживеани и неинтересни со глумењето, ама има и добри. Посебно ми се свиѓа што ја ставиле Тијана во серијава. Се надевам дека ќе има и доволно гледаност со што ќе се развие филмскава и музичкава продукција кај нас.
:)
 
Ау ау ау, ова треба да биде сит-ком. Трејлерот изгледа супер, убава костимографија, сценографија, одбор дружина одлични глумци.... Едино Тијана не ми изгледа како некој лик што ветува али едвај чекам.

П.С. Прв „сит-ком“ беше пропаднатиот проект Цимери на Алфа, што имаше се само комедија, глума и сценарио не. Ова ветува и според трејлерот делува професионално, се надевам ќе биде добра серија и ќе има гледаност.
П.П.С. Сеега од сабота (15.10.2016) од 19ч. на Алфа ќе почне втор сит-ком „Комшиски приказни“, според мене уште еден пропали проект али да видиме.
П.П.П.С. Супер што конечно на некој му текна да снима македонски серии. Периодов три ТВ ќе пуштат или веќе пуштиле своја серија. Канал5 пушти некоја доку-фикшн серија „Болка на душата“, Алфа ќе ја пушта „Комшиски приказни“, Телма „Преспаф/в“.

Да те надополнам, пред едно 5-6 години имаше уште еден обид на А1/А2, пред да ја затворат, со истото име - Цимери, со Дац и не памтам кој друг глумец во главните улоги. Ама да, и тој несмешен и неуспешен.

Словенија ќе се буни за логоно :icon_lol:

Мене од прва Триглав ми се прочита.
 
Вака од трејлерот делува дека е поквалитетно од глупостиве што ни ги пуштаат последниве 10-15 год ама да не се лажеме, нема да биде сит-ком. Македонија уште 100год нема да направи некој сит-ком оти како прво нема таков тип на глумци кај нас и како второ нашава публика е научена на тешки драми.
 
Ух премногу ме асоцира на Бумеранг хрватската серија, ама таа сум ја гледал 2005/6та.....мме хрвативе колку биле напредни.
 
Ух премногу ме асоцира на Бумеранг хрватската серија, ама таа сум ја гледал 2005/6та.....мме хрвативе колку биле напредни.
Спикинг оф "ме потсеќа на.." шокиран сум што до сега нкој не пиша дека ова изгледа на "Fawlty towers" за сиромашни :D

Ајде, барем тргна продукцијава кај нас, барем една серија да стане ку лтна не ќе е лошо...можеби е оваа..можеби не е, тајм уил тел
 
нашава публика е научена на тешки драми.

Да поготово на драми во кои татко пропалица ја ебе женската од син му на хауба од Москивч паркирани на Водно. И додека он пенетрира унутра она да вика Чико Кумплунг неееее!!! Чичко Кумплунг неееееее!!!....
 
Ќе биде јако ако некоја фаца се нафати да ги снима од теве и да рокаме торенти со епизодите :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom